Ознака: населбата

Нова дива депонија во населбата Расадник

Post Views: 7 Жители на населбата Расадник реагираат на новата дива депонија која што е лоцирана позади трафостаницата кај Бејбунар. Овој проблем тие го споделија во рубриката „Ти си твојот град“. Сликата ја испрати Соња Силјаноска. Дивата депонија се наоѓа во населба Расадник, лоцирана позади трафостаницата во областа Бејбинар. Комплексот е составен од скоро 12-тина згради кои се соочуваат со многу урбанистички и инфраструктурни проблеми. Имено, целиот тој комплекс згради нема зелен парк каде жителите на оваа населба, независно на возраста, ќе уживаат во зеленилото, дрвјата и цветните...

Continue reading

свр

Пронајдено безживотно тело во кампот „Партизан“ во населбата „Воска“ во Охрид

Post Views: 1 Нема видливи повреди и траги на насилство врз безживотното тело пронајдено во кампот „Партизан“ во населбата „Воска“ во Охрид. Ова беше констатирано од стана на докторите на охридската Брза помош, откако беше извршен увид и медицинскиот преглед врз телото кое денес беше пронајдено во кампот. – Од извршениот увид, предводен од Јавен обвинител во содејство со полициски службеници на СВР Охрид, констатирано е дека се работи за 49-годишниот Есад М. од Охрид кој во СВР Охрид беше пријавен за исчезнат на седми овој месец. Според наводите во пријавата поднесени од неговиот...

Continue reading

megdani

Атрактивните куќи на Мегдани во населбата Рача лежат на септички јами

Post Views: 2 Атрактивните новоизградени куќи во локалитетот  Мегдани во населбата Рача немаат фекална и атмосферска канализација. Локалитетот се наоѓа во рамките на НП Галичица на патот кој води кон Велестово и станува се поатрактивна  населба за изградба на куќи за живеење но и за викенд објекти. Населбата се наоѓа веднаш над Билјанини извори кои пак подолго време се загадуваат со патогени бактерии. „ Може да кажам дека некои делови од Мегдани  во Рача не е во рамките на каналзиационата мрежа. Правиме напори во 2016 година да се обезбеди нова канализациона мрежа и за ова месноста ...

Continue reading

Пештанци бараат инспектори да ги исконтролираат одгледувачите на свињи во населбата

Post Views: 1 Во Пештани на неколку локации има кочини за одгледување свињи, од кои се шири неподнослива реа. На овој проблем се пожалија пештанци. Велат дека тоа претставува грда слика за нивното место кое е познато и признато како туристичка населба. Додаваат дека и туристите кои шетаат по  пешачките патеки кои мештаните ги викаат долови се жалеле на непријатната миризба, како што појаснува нашиот соговорник Зимоски Димче. „Во летни месеци посебно јули, август, септември кога „вечерникот“ т.н ветер кој дува навечер од планината према езерото посебно куќите кои се на ивицата од...

Continue reading

dame gruev

Запуштена ограда опасна за сообраќајот на влезот во населбата Христо Узунов

Post Views: 1 Влезот во населбата Христо Узунов нема прегледност и сообраќајот станува ризичен. Причина е запуштена ограда која ја попречува прегледноста на улицата Даме Груев и нејзиниот крак кој води во населбата. Во многу случаи во последен момент се избегнуваат сообраќајни несреќи, се жалат жителите кои имале непријатности и стресни ситуации на овој  пресек. Ванчо Бочвароски, претседател на урбаната заедница  Даме Груев за ТВМ потврди дека овој потег за жителите од УЗ  е сериозен сообраќаен проблем. Бочвароски напоменува дека уште во септември минатата година од фондот за комунални...

Continue reading

Голем одрон кај населбата Елен Камен во струшко

Post Views: 4 Огромен одрон падна пред влезот на туристичката населба Елен Камен во струшко. Големите карпи го затрупаа патот кон селото Радожда, за среќа нема повредени, оштетена е банкината на делницата. Надлежните од Македонија пат набрзо го расчистија патот, но карпите ги фрлија покрај брегот на населбата и ги оштетија водоводните цефки. Најголемиот проблем е што дел од распуканата карпа сеуште надвиснува на влезот од Елен Камен и се заканува нов голем одрон, кој може тешко да ги повреди минувачи. Во август ги известивме локалните и државните власти писмено да се санира карпата...

Continue reading

ulici

Од ОО на СДСМ укажуваат на лошата инфраструктура во населбата Видобишта

Post Views: 0 Населбата Видобишта , на само неколку километри од центарот на Охрид, се уште нема асфалтирана улица. Над 1.000 жители од ова место, над 250 семејства немаат достоен пристап до своите домови, посочуваат охридските социјал демократи. „Улиците „Момчилo Јорданоски “ и „ Сирма Војвода“ во лето се полни со прашина, а во есен и зима со кал. Погледнете, во 21 век, во Охрид нема асфалтирани улици, па жителите од оваа населба особено во врнежливи денови едвај стасуваат до своите домови, вели портпаролот на ОО СДСМ Александар Кузески. Додава дека за граѓаните кои живеат тука...

Continue reading

ormarce

ЕВН: Откорнатото орманче во населбата „Бараки“ безбедно

Post Views: 2 Нема непосредна опасност од откорнатото орманче во населбата „Гоце Делчев“-тврдат од ЕВН Македонија. ТВМ во повеќе наврати информираше за состојбата во која се наоѓа ова орманче кое повеќе пати досега беше цел на вандалски напади. Денес екипи на ЕВН Македонија излегле на терен со цел да утврдат дали истото претставува непосредна опасност по минувачите. Портпаролот на ЕВН, Атанас Ковачевски информираше дека екипите констатирале дека орманчето е безбедно, односно дека жиците имаат соодветна изолација и дека нема присуство на влага во него. Иако ова прашање во повеќе наврати...

Continue reading

Населбата „Охридати“ наместо со елитни еко катчиња оставена со несредени површини и отпад

Post Views: 0 Населбата „ Охридати“ која се наоѓа во близина на Охридското Езеро оставена со несредени патни површини. Жител на населбата до нашата редакција испрати фотографии и реагираше дека наместо елитни еко катчиња сликата на населбата е отпад и нечистотија. -По три децении сеуште ги нема елитните еко катчиња. Наместо нив гледаме несредени дворни површини и делови кои се гушат во отпад и нечистотија и напукнати улички по кои секој ден минуваат автомобили и се движат жителите на урбаната населба „Охридати“.-реагираше Васко Рубаноски, жител на населбата. Во објавата...

Continue reading

potporen zid

Тлото на црквата „Св. Недела“ се стабилизира

Post Views: 1 Црквата „Св. Недела“ Коњско се штити од лизгање на земјиштето. Ова свето место се наоѓа на патниот правец Охрид – Св Наум. Екипите на ЈП „Македонија Пат“, од пред два дена сериозно се зафатија за работа со цел да го реализираат проектот на Владата на Р Македонија со кој е предвидено на ова место да се изгради потпорен зид. Оваа инвевестиција чини 3 милиони денари. Раководителот на овој проект Васко Трајковски, рече дека досега работите се одвиваат според однапред зацртаниот план и ги кажа техничките карактеристики за овој потпорен зид. „Се гради потпорен ѕид во...

Continue reading

воска

Населбата Даљан ќе добие урбани содржини

Post Views: 2 Населбата Даљан градена некаде во 70 години од минатиот век, на северозападното крајбрежје од Охридското езеро,  има потреба од повеќе урбани содржини. Градоначалникот Никола Бакрачески информира дека калсичен плоштад  не е планиран да се гради , но најавува зафати за урбано средување на населбата.   „Мини плошатд не е предвиден. Но, е предвидено комбинирано спортско игралиште за баскет со детски реквизити, да се уреди и осветли , фонатна и дел за рекерација  за  мешатните кои живеат тука. Класичен плоштад не е планиран. Но не значи дека во иднина ако стручниет службиод...

Continue reading

РН

Потребно реновирање на домот на култура во населбата Радојца Новичиќ

Post Views: 5 Мирисот на мувла и влага во просториите, полското веце зад  Домот на култура во населбата Радојца Новичиќ покажува дека на овој објектот му  е потребно реновирање. Во моментов просториите ги користат  фолкорното друштво Охриѓанка,  Теквондо клубот и амбулантата издадена под  концесија. Претседателот на Урбаната заедница, Игор Николески вели дека благодарение на нив го одржуваат во функција  објектот. „ Треба голема реконструкција на домот. Самата местоположба е крај река, ѕидовите се ронат, кровот е од азбест и е штетен, треба да се смени“, наведува Николески. Домот...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top