Од ОО на СДСМ укажуваат на лошата инфраструктура во населбата Видобишта

Од ОО на СДСМ укажуваат на лошата инфраструктура во населбата Видобишта.

 |  Валентина Неловска  | 
ulici

uliciНаселбата Видобишта , на само неколку километри од центарот на Охрид, се уште нема асфалтирана улица. Над 1.000 жители од ова место, над 250 семејства немаат достоен пристап до своите домови, посочуваат охридските социјал демократи.

„Улиците „Момчилo Јорданоски “ и „ Сирма Војвода“ во лето се полни со прашина, а во есен и зима со кал. Погледнете, во 21 век, во Охрид нема асфалтирани улици, па жителите од оваа населба особено во врнежливи денови едвај стасуваат до своите домови, вели портпаролот на ОО СДСМ Александар Кузески. Додава дека за граѓаните кои живеат тука проблем е секое излегување од дома. Кога врне дожд или кога има снег проблемот дополнително се усложнува. Поради тешко проодниот пат сериозно е отежнат пристапот на возилата на брзата помош или на противпожарната бригада “, посочуваа Кузески.

uliciОд охридскиот огранок на СДСМ бараат локалната власт и градоначалникот Никола Бакрачески конечно да се зафатат со решавање на вистинските проблеми на граѓаните и да го решат овој проблем. Укажуваат да не се трошат парите од граѓаните за реконструкција на кејот или  купување на возила за потребите на општината туку да се насочат онаму каде што граѓаните имаат реални  потреби, вели Кузески.

„Во овој дел градбите се легални и граѓаните не добиваат соодветен третман за она што го платиле.Интересно е што општината наоѓа пари за две возила, а нема пари да инвестира во улици каде што живеат повеќе од 1000 луѓе. Купуваат две нови возила и се споменува сума од 50.000 евра, “ подвлекува Кузески.

Кон критиките и барањата на полтичарите за асфалтирање на улиците во Видобишта се приклучуваат и жители  од населбата.  Миле Пулески е жител во зградите кај болничкиот комплекс од 2004 година.

„Улицава е жива кал. Началникот на комуналниот развој дојде вети ќе почнат со асфалтирање од есента 2014 но ништо ни есенска ни пролетоска. Канализацијата се затнува, се поплавува подрумите, доаѓаат од нискоградба некогаш ја пропуштаат успешно некогаш не. Шахтите се повисоки 20 цм над патот горе,“ се жали Пулески.

Кон барањето за подобра инфатструктуа за нормално живеење во населбата се приклучува и Ратко Ѓорѓевиќ Рац.

„ Група граѓани сме се обраќале до минатата власт но ништо.Сегшнат авласт ито така вети ќе се асфачтира од 1 агуст и с енадеваме дека ветувањето ќе с еисполни за рзалика од мината власт. И ние сме граѓани и заслужуваме достојно да живееме“, напоменува Рац.

Од СДСМ напомнуваат дека ова не е единствен дел од градот со неасфалтирани улици. На асфалт чекаат и жителите во приградските делови и охридските села, како што се Илија Смически во Лескоец и улици во Косел и Долно Лакочереј, посочуваат од СДСМ Охрид.

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top