Ознака: населбата

НОВО ДЕТСКО ИГРАЛИШТЕ ВО НАСЕЛБАТА „ВОСКА“

Post Views: 33 Со средства од буџетот на Општина Охрид поставено е ново детско игралиште во населбата „Воска“, во непосредна близина на спортските терени. Игралиштето е опремено со најсовремени детски реквизити со гумирана подлога. Просторот е соодветно ограден и уреден со урбана опрема. Работните активности за поставување на игралиштето ги изведуваа екипите на ЈП „Градски Пазар“. Со цел да се подобрат условите за забава на најмладите, во текот на изминатиот период беше извршена реконструкција и санација на детските игралишта на неколку локации во општината.

Continue reading

Не е откриено кој истоварал земја и градежен шут во езерото на брегот кај населбата Далјан

Post Views: 3 Не е познат сторителот кој направи насип од гардежен шут и земја на брегот на Охридското Езеро во населбата Далјан. Во близина на Домот за стари лица кој е во изградба растоварена е земја на брегот и во езерските води. Градоначалникот Константин Георгиеск, и вели се работи на случајот за откривање на строителот. Направен бил увид од општинскиот градежен инспекторат и државниот инспектор за животна средина, а се чекало на истражните органи да утврдат кој стои зад овие активностi. „Направивме записници и чекаме информација од полиција за идентификација на сторител за да...

Continue reading

Дупки и кал во населбата „Езерски лозја“

Post Views: 4 Читатели на tvm.mk испратија слика на социјалните мрежи во склоп на рубриката „Ти си твојот град“ на која се гледаат дупки и кал на една од уличките во населбата „Езерски лозја“ во Струга. Езерски лозја-Струга 06.12.2021. Мизерија ! – стои во описот на фотографијата.  

Continue reading

Камења и песок помешани со влажни марамчиња и најлонски кеси зечепиле канализациона цевка во населбата Билјанини извори

Post Views: 9  Санирано уште едно излевање на шахта во населбата Билјанини извори. Жителите кои се во близина на пресекот на улиците Мирче Ацев и Ванчо Питошески реагираа за настанатиот проблем, а вработените од ЈП Нискоградба во меѓувреме го санирале излевањето. Појаснуваaт дека за решавање на комуналиот проблем им требало подолго време за да ја расчистат рачно целата линија. Канализационата мрежа била полна со камења и песок помешани со влажни марамчиња и најлонски кеси. Од ЈП напоменуваат дека во овој период кога градот и тројно има повеќе гости многу често доаѓа до зачепување...

Continue reading

Дефект на водоводна линија ги остави без вода жителите од населбата Гоце Делчев

Post Views: 2 Од утрово без вода за пиење останаа повеќе домаќинства од населбата Гоце Делчев и улицата АРМ. Од ЈП Водовод Охрид информираат дека во раните утрински часови се случил дефект на водоводната линија па со намален притисок во водоснабдувањето останале петнаесетина домаќинства во истата населба. Нивни екипи работеле на водоводната линија каде што настанал дефектот , зачепување на цевководот. Информираат дека работата ја отежнувале изградени објекти, а со работа ќе продолжат и утре заради тоа што екипите мора да го почитуваат полицискиот час. „Стручните екипи на ЈП ВОДОВОД...

Continue reading

Брегот на Охридското Езеро, кај населбата Љубаништа, прекриен со отпад

Post Views: 5 Брегот на Охридското Езеро, кај населбата Љубаништа прекриен со разноразен отпад од пластика. Во должина од неколку километри може да се види цврст отпад, шишиња, кеси и друга пластична амбалажа кои ги донесе реката Черава, која од соседна Албанија се влева во Езерото. Локалните жители апелираат до надлежните служби и Локалната сампуправа да преземат најитна акција и да се исчисти крајбрежјето бидејќи овој отпад повторно ќе заврши во езерото. Екипите на ЈП „Охридски комуналец“ утрово започнаа акција за расчистување на теренот од кампот Љубаништа према Св. Наум од делот...

Continue reading

Станари од зградите во населбата „Бејбунар“ повторно на протест

Post Views: 0 Станари од зградите во населбата „Бејбунар“ денеска повторно излегоа на мирен протест против изградбата на нова станбена зграда. Тие во неколку наврати изминативе години преку мирен протест реагираа дека со новата градба во непосредна близина ќе им се намали квалитетот на живот. „ Овде се води спор по два основи. Дадена му е градежна дозвола меѓутоа од друга страна имотно правните односи сеуште не се разрешени. Ние фактички немаме приод до нашите станови. Треба да летаме , како да висат нашите станови. Дирекно ни ги затвора прозорите, терасите.  Земјиштето долу едно...

Continue reading

Жители на Чекоштина бараат решавање на проблемите за населбата да заживее

Post Views: 16 Наместо елитна населба, охридската Чекоштина  не постои. Нема  уличен систем, адреси, водовод и канализација.Денес има околу стотина викендици и куќи,  но населбата не  е евидентирана како населено место. Иако има легални куќи постојани и викенд жители,  нема ни адреси, нема ни улици. Еден дел од населбата е урбанизиран,  но само на хартија, во реалноста нема никаква инфраструктура.  Пред неколку години жителите поднеле петиција до општина Охрид да определи уличен систем за да добијат легални адреси, но без никаков успех. Жителите се жалат, бараат општината да ја среди...

Continue reading

Искинати електрични кабли во населбата “Елен Камен“ во струшко

Post Views: 16 Оштетени, навалени бандери и искинати електрични кабли, кои искрат со денови. Ваква е сликата во туристичката населба Елен Камен во струшко. Невремето во петокот предизвика поголеми оштетувања на електричната мрежа. Струјата е со прекини, но жителите најмногу ги загрижуваат небезбедните кабли под напон, кои може да предизвикаат и пожар. Случајот го пријавиле неколку пати во ЕВН, но решение сеуште нема. Имаме проблеми со дистрибуцијата на електрична енергија не е постојана, комплетно мрежата е застарена имаме побарано поддршка, но ја немаме добиено. Апелираме како месна...

Continue reading

Жителите на населбата „Радојца Новичиќ“ ќе добијат нов уреден простор за спортување

Post Views: 6 Жителите на населбата „Радојца Новичиќ“ ќе добијат нов уреден простор за спортување. Тие години наназад реагираа дека младите, но и повозрасните кои сакаат да се занимават со некакви спортски активности немаат во близина никаков спортски терен. Потенцираа дека во оваа населба се наоѓа и училиштето „Кочо Рацин“, па навистина повеќе од потребно беше да се реализира еден ваков проект. Јавното претпријатие „Градски гробишта“ деновиве интензивно работи на уредување на две спортски игралишта во склоп на некогашната касарна на АРМ, но и на едно детско игралиште на кое ќе бидат...

Continue reading

Жители од населбата Исток реагираат надлежните дозволуваат да се гради куќа со спорна висина

Post Views: 1 Во населбата Исток која се наоѓа над х.Гранит се гради куќа која го попречува видикот на Охридското Езеро на три семејни куќи, реагираа на прес конференција Алан Роу, англиски државјанин и Данчо Аврамоски од Охрид. Тие упатија обвинување за урбан хаос, со кој надлежните институции дозволиле без правосилно и конечно решение пред нивните домови да се гради објект со висина од 13,5 метри. Во мај минатата година, жителите чии имоти се загрозени од нелегалната градба, вложиле приговори на решението за реконструкција и доградба издадено од секторот за урбанизам. Се жалеле...

Continue reading

НОВО ДЕТСКО ИГРАЛИШТЕ ВО НАСЕЛБАТА „РАДОЈЦА НОВИЧИЌ“

Post Views: 0 Деновиве завршија активностите за изградба на новото детско игралиште во населбата „Радојца Новичиќ“, во непосредна близина на баскет игралиштето. На локацијата се поставени најсовремени реквизити за забава и извршено е соодветно поплочување. Исто така, поставена е специјална гумирана подлога за поголема безбедност. Претходно, нови детски игралишта беа изградени на пешачката патека кон „Горица“ и во дворот на ООУ „Григор Прличев“. Средствата за изградба на трите игралишта се обезбедени од буџетот на Општина Охрид.

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top