Ознака: надлежните

smet ramne

Диви депонии во Рамне

Post Views: 4 Несовесни граѓани охридското село Рамне го претворија во вистинска депонија. Ниската култура на граѓаните кои своето ѓубре го фрлаат насекаде го нагрдува ова прекрасно село кое од повеќе места е видиковец на прекрасниот Охрид и Охридското Езеро. На неколку места нашата камера регистрира купишта градежен шут, кабаст отпад и друга покуќнина. А имало случаи на дивите депонии да завршат и мрши од животни. Мештаните се крајно револтирани и ги повикаа надлежните да излезат на терен за да видат со каков проблем се соочува оваа месност. „Секој ден овде се фрла ѓубре а сакаме...

Continue reading

dupka bogomilska

Голема дупка на ул. „Богомилска“

Post Views: 5 Раскопана ул. Богомилска. Голема дупка од која линее вода десеттина дена не само што ја нагрдува улицата туку околу неа се создава кал, која се разнесува насекаде, а надлежните не интервенираат, реагираат мештаните. Дупката е на фрекфентно место, односно оттука поминуваат голем број граѓани кои ги посетуваат двете приватни здравствени установи а и многу возила бидејќи од тој потег директно се поврзуваат на Туристичка и Даме Груев.  Тие не сакаа да коментираат пред камерата на ТВМ но кажаа дека жалосно е што оваа улица актуелниот градоначалник Никола Бакрачески на почетокот...

Continue reading

Плаошник

ОО СДСМ: Бараме одговорност за бетонските градби на Плаошник

Post Views: 5 Извештаите на Унеско ги  потврдиле стравувањата на СДСМ за несоодветните градби на Плаошник.  Алармот кој го упатуваше ОО на СДСМ  дека бројот на градбите и нивната големина  го загрозуваат културното, природното и историското наследство на Плаошник, не допре до надлежните институции на локално и државно ниво. Поразително е што странци требаше да укажат  на сериозноста на проблемот со бетонските градби се атак на културното и историското наследство,  рече на денешната прес конференција претседателот на општинската СДСМ, Томислав Тунтев. Ние како советничка група  реагиравме...

Continue reading

opstina ohrid

Охрид воведува ред во урбаната опрема со електронски систем

Post Views: 1 Електронски систем за  конечно воведување ред во поставувањето на урбаната опрема. Локалната самоуправа на Охрид наскоро ќе воведе електронски систем за следење на договорите за поставување на урбана опрема. Како што информираат од таму целта е да се избегне пречекорување на договорот и со тоа да се врши узурпација на јавна површина или злоупотреба на приватен имот без да бидат подмирени обврските кон градот. Новиот електронски систем треба да ги алармира надлежните 15 дена пред да истече рокот, а тие го известуваат корисникот на урбана опрема дека има уште 15 дена да...

Continue reading

baner

Кој замижува пред проблемот со кучињата скитници во градов

Post Views: 7 Кој замижува пред проблемот со кучињата скитници во градов. Невладината организација „Анималиа“ организираше трибина под мотото „Заедно за животните, заедно за граѓаните“ на која учество зедоа поголем број граѓани, љубители или сопственици на кучиња. Дел од нив револтирано дискутираа за проблемот кој години наназад се става под тепих од страна на надлежните. –Кај мене во улицата се родија 16 мали кучиња. За тоа ги информирав надлежните, но никој не дојде. После некое време дојдоа од Комунално ги собраа во торба и којзнае каде ги однесоа. Сигурно ги фрлија некаде....

Continue reading

fontana

Фонтаната кај Чинарот заборавена од надлежните

Post Views: 23 Институциите заборавија на одржувањето на хигиената на градската чешма под Чинарот. Таа  во топлите денови е вистински спас од жештината но се „дави“ во нечистотија. Граѓаните и туристите кои тука во голем број ја гасат  жедта мора да замижат пред грдата глетка. Порачуваат надлежните да не дозволат  еден туристички град како Охрид да бидат неодговорни за нејзината  хигиена.     Наталожената нечистотија која се пластела со години е недозволива. Околните дуќанџии коментираат дека фонтаната веќе подолго време не ја чисти никој. Внатрешниот дел на фонтанатат последен пат...

Continue reading

detska bolnica

Документацијата од некогашната детска болница е во Св Еразмо

Post Views: 11 Документацијата од некогашната Специјална детска болница, од пред три месеци се наоѓа во Специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Св Еразмо“. После неколкуте прилози на ТВМ за состојбата во која се наоѓа документацијата и самиот објект на оваа болница надлежните од Државниот Архив на Р. Македонија, Подрачна единица Охрид, презеле мерки за средување на архивската граѓа која цели 6 години лежеше расфрлана по подовите на овој руиниран објект. Раководителот Илинка Јанева кажа дека наишле на големо разбирање од страна на директорот на болницата „Св Еразмо“, Митко...

Continue reading

daljan

Пристапниот пат до хотел Даљан неосветлен и неуреден

Post Views: 47 Пристапниот пат до извидничко и хотел Даљан, заборавен од надлежните. Бројните ветувања на градските власти години наназад, никако да се исполнат, нагласува Славица Стефаноска менаџер на хотел Даљан. Од таму постојано бараат од Локалната самоуправа пристапниот пат до хотелот да се осветли и да се расчисти од високите треви, трња и смет. „Во 21 век ние сеуште се соочуваме со некои проблеми, како што се осветлување пристапен пат што навистина не е фер, немаме еднакви услови за работа. Во Охрид туризмот како да е од Биљанини извори натаму и само некој елитен туризам, меѓута...

Continue reading

До кога надлежните институции, неми пред семејното насилство

Post Views: 5 Министерот за труд и социјална политика вели дека доколку се потврдат овие обвинување, некој ќе биде санкциниран.     Убиството што во понеделникот ја растревожи Охридско – Струшката јавност, е првиот регистриран случај на семејно насилство. Невладините организиции, но и граѓаните кои се добро запознаени со животната приказна на сега покојната Голубинка Шулевска, велат дека доколку институциите на системот добро си ја вршеа својата работа, немаше да се случи ваква трагедија. „Случајот со убиството на покојната Голубинка ни е добро познат. Таа често пати доаѓаше кај нас...

Continue reading

dzubre

Наместо зеленило, смет

Post Views: 11 Наместо уредено зеленило, купишта смет расфрлан насекаде.  Ваква е секојдневната слика на дел од ул. Карпош Војвода, каде што до израз очигледно доаѓа негрижата на станарите од околните станбени комплекси во тој дел. Наместо во садовите предвидени за комунален смет, едни ѓубрето го фрлаат од терасите а други пак следејќи го лошиот пример само го оставаат преку оградата. Покрај комунален отпад на тоа место не ретко се одлага и градежен шут, па оттука совесните граѓани ги повикуваат надлежните инспекциски служби да излезат од канцалариите, бидејќи сметаат дека во делови...

Continue reading

Плаошник

OO СДСМ: На Плаошник се случува атак врз најсветата и најзаштитената локација во Охрид

Post Views: 3   На  Плаошник се случува атак врз најсветата и најзаштитената локација во Охрид. Се издигаат на неколку спрата бетонски чудовишта кои го сквернават и девстираат вековниот духовен простор , обвнинуваат охридскте социјал-демократи за градбите на  овој простор. Комплексот ќе содржи 23 објекти, а треба да се заврши до 2016 година и државата ќе ја чини 24 милиони евра. Надлежните кажуват дека тука ќе функционираат факултети, институти, библитеки, галерии, но без конкретни податоци за овие најави, кажа претседателот на ОО СДСМ Томислав Тунтев.„ Никој ништо не знае  никој...

Continue reading

most na zelbi

Каква ќе биде судбината на Мостот на желбите

Post Views: 0 Жителите на населбата Канео, сопствениците на рестораните кои се наоѓаат на овај дел од крајбрежјето, но и граѓаните кои го користат Мостот на желбите за прошетки, алармираат за неговата состојба. Тој при секое невреме и налет на ветерот југ и високите езерски бранови се оштетува, велат очевидците. За тоа придонесува и високото ниво на водата кое беше застапено во последните неколку зими, додаваат тие. Митко Пендов, сопственик на ресторанот Потпеш вели дека мостот е квалитетно направен , но треба да се одржува. Ние го санираме колку што можиме, но тоа доста чини. Зтоа...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top