OO СДСМ: На Плаошник се случува атак врз најсветата и најзаштитената локација во Охрид

Мегаломанските објекти на Плаошник се атак врз културното и историското наследство на Охрид

 |  Валентина Неловска  | 
Плаошник
Плаошник

  На  Плаошник се случува атак врз најсветата и најзаштитената локација во Охрид. Се издигаат на неколку спрата бетонски чудовишта кои го сквернават и девстираат вековниот духовен простор , обвнинуваат охридскте социјал-демократи за градбите на  овој простор. Комплексот ќе содржи 23 објекти, а треба да се заврши до 2016 година и државата ќе ја чини 24 милиони евра. Надлежните кажуват дека тука ќе функционираат факултети, институти, библитеки, галерии, но без конкретни податоци за овие најави, кажа претседателот на ОО СДСМ Томислав Тунтев.
градби
„ Никој ништо не знае  никој , никој ништо не кажува. А ние слушаме дека овде се градат резиденцијални објекти за живеење, репрезентативни објекти за протоколи, комерцијални туристички и угостителски објекти и слично. Во изминатиот период од надлежните институции бевме убедувани дека сите предвидени објекти внимателно биле проектирани и дека естетски немало да ја загрозат Светиклиментовата црква Св. Пантелејмон. Е па, еве, нека види сега нашата јавност, на што личи ова и дали е така?! “.
Извештајот од експертската посета на  тимот од Унеско од неодамнешната посета на Плаошник се крие од јавноста, обвинуваат од ОО СДСМ. Јавноста треба со полно право да знае за вистинските причини и цели на посетата на експертите од Унеско.

имаретНивната посета не беше ни случајна ни редовна како што сакаат да ја прикажат властите во државата. Таа беше иницирана од мегаломанските градежни зафати и атакот врз старото градско јадро, а државните и локалните институции одбија да дадат било каква изјава за средбите и сеуште се држат во тајност, кажа на прес конференцијата Тунтев.
     
„ Дали ги запознавте експертите од УНЕСКО со фактот дека градењето на масивните бетонски објекти на Плаошник не се одвива во согласност со усвоен Детален урбанистички план од страна на Советот на Општина Охрид, како што претпоставува вообичаената законска процедура, туку со директива од министерството? И зошто токму тој ДУП сега сакате да биде донесен без јавна расправа, иако цели пет години жителите на Стар град не беа во можност да бидат запознаени со извршените измени и дополнувања на планот?“

Од ОО СДСМ прашуваат дали е вообичаена практика кај другите заштитени природни и културни реткости во светот  локалното население да не се прашува за мислење и став по однос на преземање градежни активности од ваков обем, каде што во целост се менуваат изгледот, намената и природата на постоечкиот локалитет. Повикуваат  сите релевнатни фактори на кои им значи Охрид веднаш да ја спречат изградбата, на како што велат,  бетонските чудовишта на Плаошник.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top