Пристапниот пат до хотел Даљан неосветлен и неуреден

Туризмот во Охрид не е само од Биљанини извори па натака. Пристапниот пат до хотел Даљан е обраснат со висока трева капини и не е воопшто осветлен. Оваа патека најчесто ја користат лицата со хендикеп, глуви лица. Ова е проблем кој години наназад се провлекува и никако да се реши, бидејќи како што кажаа Славица Стефаноска менаџер на хотелот градските власти сеуште не ги исполнале своите обврски и ветувања.

 |  Николоска Биљана  | 
daljan
даљан

slavica daljanПристапниот пат до извидничко и хотел Даљан, заборавен од надлежните. Бројните ветувања на градските власти години наназад, никако да се исполнат, нагласува Славица Стефаноска менаџер на хотел Даљан. Од таму постојано бараат од Локалната самоуправа пристапниот пат до хотелот да се осветли и да се расчисти од високите треви, трња и смет.

„Во 21 век ние сеуште се соочуваме со некои проблеми, како што се осветлување пристапен пат што навистина не е фер, немаме еднакви услови за работа. Во Охрид туризмот како да е од Биљанини извори натаму и само некој елитен туризам, меѓута развиеноста на едно општество на еден туризам е ако имаме понуда за секаков вид клиентела. Конкретно хотел Даљан работи со хендикепирани лица со деца и со една поинаква социјална категорија на туризмот. Во коннтакт сме со Локалната самоуправа, со години се бориме за осветлувањето до хотел Даљан меѓутоа работите никако да тргнат од место“– изјави Стефаноска.

daljanДворното место на хотелот е хортикултурно уредено за што се грижат самите вработени. Но Стефаноска укажува дека додека стигнат гостите до тука треба да поминат низ простор кој што остава лош впечаток.

„Жителите на Воска  да ги сменат оние навики, значи контенјерите се за фрлање отпад, со рачна количка во текот на ноќта или во утринските часови, ќе дојдат ќе го фрлат отпадот на пристапниот пат навистина една грда слика. Прво нешто што ќе го види гостинот е куп ѓубре, а потоа доаѓа до хотелот. Колку да се трудиме да бидеме беспрекорни, првиот впечаток на можеме да го смениме“ – вели Стефаноска.

Стефаноска нагласи дека и претходните и сегашните градските власти им ветиле дека ќе го решат проблемот. daljan

Таа вели дека одржувањето на осветлувањето кога хотелот ги плаќа сите давачки треба да се подразбира и бара условите за работа да им бидат рамноправни. Стефаноска ги повика надлежните кои што се задолжени за осветлувањето да си ја вршат својата должност, бидејќи во пресрет на туристичката сезона менаџерскиот тим на хотел Даљан треба да ги дочека најавените гости.

Дали  укажувањата на Стефаноска, ќе допрат до надлежните останува да видиме. Она што го добивме како одговор од Локалната самоуправа, не ветува многу. Од таму велат дека во програмата за 2013 – 2014 не се предвидени никакви зафати за тој потег. Единствено не ја исклучуваат можноста овој дел да биде комунално уреден.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top