Ознака: надлежните

mrsa

Во Чекоштина, фрлена мрша од пцовисано теле, можен извор на зараза

Post Views: 8   Фрлена мрша од пцовисано теле, можен извор на зараза.  Во атарот на  селото Орман, во месноста Чекоштина се шири неподнослива реа и ужасна глетка наместо видик кон езерото. Покрај мршата крајно несовесен сточар се ослободил и од други животински отпадоци.  Александар Станоески, од селото Орман, вчера во попладневните часови во непосредна близина на селската црква Св. Наум, ја забележал фрлената мрша. Станоески напоменува дека ова не е прв пат на ова место несовесни сточари да се ослободуваат од пцовисани домашни животни и ја загадуваат околината. „ Пцовисаната мрша...

Continue reading

eko akcija

Еколошка акција за спас на шумата под Самоилови

Post Views: 5 Еколошка акција за спас на боровата шума под Самоиловите тврдини. Преводена од еколошкото друштво „Грашница“, акцијата е насочена кон отстранување на бршленот од боровите, но и останатите дрва. Ова инвазивно растение според екологистите од „Грашница“ ја има нападнато скоро целата шума на потегот од Самоиловите тврдини до месноста Плаошник. „Ова е само еден дел каде што бршленот е распространет, но има и други делови од градот каде што бршленот има нападнот и други дрва и претстои опасност оваа шума да се деградира бидејќи бршленот се обвива околу стеблата на дрвата,...

Continue reading

brezani

Брежанци немаат линиски превоз

Post Views: 24 Брежани има добра земја, здрава вода и убава природа, но нема линиски превоз до ова село. Сместено е во крајниот југоисточен дел на Дебрца, оддалечено од Охрид 32 км. До Брежани се стигнува од  Ботун, па патот врви низ селата Белчишта, Лешани и Велмеј. Брежанецот Цветко Суколоски се обрати до нашиот медиум и упати апел до надлежните, барем еднаш неделно да им организираат превоз до селото. Вели дека патот до сред село е асфалтиран а комбе оди само до Велмеј, кое е на 6 километри од Брежани. Тој додава дека во селото останале 20 тина мештани кои обработуваат земја и...

Continue reading

lanci oprema

Надлежните се подготвуваат за почетокот на зимската сезона

Post Views: 5 Надлежните служби за одржување на патната мрежа и овозможување на безбедност во сообраќајот, денес го одржаа редовниот состанок за презентирање на предвидените мерки за работа во текот на сезоната 2012/2013. Овој состанок кој го организира Секторот за внатрешни работи од Охрид е во очи зимската сезона која официјално започнува на 15ти Ноември. Една од целите на состанокот е и ажурирање и дефинирање на работните планови и програми за работа и одржување на патиштата во пресрет на зимската сезона кај сите субјекти кои директно или индиректно се повикани за решавање на оваа...

Continue reading

gubre

Наместо во својот двор, некои охриѓани ѓубрето го фрлаат кај комшиите

Post Views: 4 На несовесни граѓани пракса им стана ѓубрето наместо во својот, да го одлагаат пред ќуќата на комшиите.  Ристо Карадимчески раскажува дека за овој проблем се обидува решение да најде веќе две години, но освен ветување од надлежните органи, нама ништо друго. „Алармирав до надлежните инспекции за проблемов, дојдоа два три пати и ми рекоа требало јас да ги сликам луѓето навечер што ќе го фрлат ѓубрето и да му однесам документи. Сликав јас двајца ги однесов таму и до ден денеска ништо. Еве баш овие куќи од сокачето целото ѓубре го фрлаат кај мене“, вели Ристо Карадимчески. Карадимчески...

Continue reading

sahta

МЗ 7ми Ноември заборавена од надлежните

Post Views: 0 Најнаселената МЗ „7ми ноември“, заборавена од надлежните, реагира претседателот Димитрија Митрески. Тој денес отворено проговори за проблемите со кои се соочуваат мештаните на оваа месна заеница. Најсензибилниот проблем според Митрески доаѓа од комуналната сфера. „Речиси сите куќи за време на врнежи од дождови па и снег се полнат со вода и никој не води грижа, посебно не луѓето кои катадневно се фалат дека нешто прават долгорочно и квалитетно“, вели Митрески.   „Меѓутоа канализацијата е поставена посебно за фекална посебно за дождовна.  На крај кога ги правеа шахтите...

Continue reading

bilbord

Искривен билборд

Post Views: 20 На булеварот Туристичка во близина на Пентекс, неколку дена надвиснува искривен билборд кој може да падне секој момент. Жителите од блиските куќи до билбордот, не сакаа да коментираат пред нашата камера, но предупредија дека местото е фрекфентно и од тука поминуваат и деца кои учат во О.У. Братство Единство, кое е во непосредна близина. Според нивните искази блибордот настрадал од патнички автобус, а тие  не забележале дека некој од надлежните излегол на терен да ја согледа фактичката состојба и да направи некаков записник. Одобренијата за поставување билборди ги дава...

Continue reading

magistrala

Се, за туризмот во Охрид

Post Views: 5   Се, за туризмот во Охрид. Од утре екипите на ЈП „Охридски Комуналец“ ќе пристапат кон чистење од градежен шут и друг вид на отпад, покрај магистралниот пат од охридскиот аеродром до влезот на градот. Иако тоа не е во нивна надлежност, директорот на ЈП  Сашо Алче вели, ако се погледне од страните на патот, состојбата е очајна и го нагрдува лицето на влезот на балканскиот бисер, градот под Самоиловите тврдини, Охрид. Тој е категоричен дека веќе е даден налог од страна на Петрески за да се исчисти овој потег, бидејќи на туристите не ги интересираат надлежностите и обврските...

Continue reading

sobi

Борбата за летна заработка не се менува

Post Views: 8   Борбата за заработка од летната туристичката сезона не се менува  и оваа сезона.  Нема крај на добро познатите начини на заработка. Сликата е иста, само  се менуваат актерите.  Туристите кои доаѓаат со сопствен превоз на северниот влез во градот и годинава се дочекувани со натписи на кои луѓето ги рекламираат своите сместувачки капацитети. Реакција има и од  приватните станоиздавачи кои се уредно пријавени и кои плаќаат давачки кон институциите. Засегнатите легални станоиздавачи кои се некаде околу 2000 на број,  повторно им укажале на надлежните институции што ги...

Continue reading

sostanok Svr

Со здружени сили до зголемен степенот на безбедност во езерото

Post Views: 5 Ќе дадеме максимум за да имаме безбедна туристичка сезона и нема да дозволиме годинава да имаме било каква дамка во поглед на безбедноста која ќе го наруши имиџот на градот“, истакна портпаролот на СВР Охрид Стефан Димовски на состанокот инициран од СВР насловен како „Превентивни мерки за поголема безбедност на вода и заштита од кражби“ . Инаку денешниот состанок е уште еден обид да се зголеми степенот на безбедност во езерото, но и во Охрид. Состанок имаше превентивен карактер и на него присуствуваа сите чинители кои имаат директна инволвираност во безбедноста на вода....

Continue reading

karpos vojvoda

Брзо се вози низ ул. „Карпош Војвода“

Post Views: 1 Брзо се вози низ ул. „Карпош Војвода“. Преминувањето по таа улица, на патот кон  детското игралиште,  контењерите за одлагање смет и до најблиските продавници, претставува секојдневно изложување на опасност. Тука се вози со неприлагодена брзина на условите на патот, а посебна опасност се тешките товарни возила.  Оваа состојба ни ја посочија загрижени родители од ова маало кои сметаат дека под итно надлежните треба да преземат превентивни безбедносни мерки како би се изолирала опасноста од прегазување на пешаците, имајќи предвид дека оваа улица најмногу ја поминуваат...

Continue reading

secaci

Машините за сечење дрва ќе заминат во историјата

Post Views: 17 Висока глоба од 500 евра заработија некои од охридските сечачи на дрва. Тие се крајно револтирани од односот на институциите кои брцнаа во нивниот и онака плиток џеб. Од 50 луѓе кои со машина за сечење дрва заработуваат за живот, малкумина се охрабрија јавно да проговорат за нивната незавидна состојба. Ибраим Али вели дека не се престапници и не бегаат од обврските кон државата. Додава дека во денешно време 500 евра се голема сума на пари и тие не можат да ја платат, бидејки и не заработуваат толку. „Тие 500 евра ние сиромасите кај да ги најдеме, како прво не сме вработени,...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top