Во Чекоштина, фрлена мрша од пцовисано теле, можен извор на зараза

 Во Чекоштина, фрлена мрша од пцовисано теле, можен извор на зараза.

 |  Валентина Неловска  | 
mrsa
mrsa

 

Фрлена мрша од пцовисано теле, можен извор на зараза.  Во атарот на  селото Орман, во месноста Чекоштина се шири неподнослива реа и ужасна глетка наместо видик кон езерото. Покрај мршата крајно несовесен сточар се ослободил и од други животински отпадоци.  Александар Станоески, од селото Орман, вчера во попладневните часови во непосредна близина на селската црква Св. Наум, ја забележал фрлената мрша. Станоески напоменува дека ова не е прв пат на ова место несовесни сточари да се ослободуваат од пцовисани домашни животни и ја загадуваат околината.

mrsa„ Пцовисаната мрша не само што е пред влезот на селската  црква  Св. Наум, туку на 100-тина местри од местото се резервоарите и пумпите од каде што градот се снабува со вода. Тука се лозовите насади, градините со земјоделски производи, сливното подрачје. Сточарите од Орман го напасуваат и селскиот добиток“.

Станоески раскажува дека случајот веднаш  го пријавиле до сите надлежни институциии од полиција, комуналниот инспекторат, а го известиле и ветеринарниот инспектор.  

Апелираат до надлежните органи час поскоро да интервенираат да се отстрани пцовисаната мрша. Покрај тоа што стравуваат од еколошко загадување , им се наближува и селската  слава Св Наум, на 3 јули масовно ја посетуваат црквата каде што  во непосредна близина е фрлена мршата.Жителите бараат од надлежните органи да го  откријат сторителот и најстрого да го санкционираат. 

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top