Ознака: музеј

nurkac

Најдобрите нуркачите од Македонија на семинар во Охрид

Post Views: 15 Семинарот на нуркачи во организација на SSI по девети пат во Македонија. четириесетината учесници на средбата дискутираа за новините на светската сцена на нуркање од аспект на безбедноста, за подводната медицина, но и за законските регулативи во Р Македонија. „Законот за обавување на подводни дејности во македонија постои 5 – 6 години, но во моментов има измени. Сега точно се знае на кој начин треба да се обележи местото каде се нурка, но во него и прецизно е нагласено какви дозволи треба да поседуваат странците кои сакаат да нуркаат во нашата земја“ вели Милутин Секуловски...

Continue reading

carsija

Во охридската чаршија безправно се гради во близина на Али Пашината џамија

Post Views: 0 Во охридската чаршија на две локации  се гради. Во близина на Али пашината џамија кај Чинарот отстранети се времени објекти за што граѓаните реагираат дека се подготвува теренот за градење. Во Амамот пак, се преземаат градежни зафати на дуќан поради што граѓаните се прашуваат дали смее да се менува ликот на трговскиот центар граден според идејно решение. Директорката на Завод и Музеј Тања Паскали Бунташеска за ТВМ вели дека  и за двата зафати не се побарани конзерваторски услови со кој заводот дава одобрение што е дозволено, а што не да се прави на објектите.  Додава...

Continue reading

руиниа

Спорни ингеренциите кој носи решение за уривање на руинирани објекти во Охрид

Post Views: 1 Институциите немаат евиденција на куќи кои се во фаза на распаѓање во стариот дел на градот. Објектите  опасни се за минувачите, а штета прават и на соседните куќи кои се во нивна непосредна близина.  Не само што не се знае точниот  број на објекти туку спорни се и наделжностите кој треба да ги сруши ваквиет објекти. Според Законот за прогласување на Старото градско јадро за споменична целина сега се добива впечаток дека ингеренциите не се точнопрециизрани.  Од Завод и музеј велат дека дозвола за рушење  се издава според пропишан режим ако станува  збор за објект  ставен...

Continue reading

sv sava

Морничава и опасна станува зградата Св. Сава

Post Views: 7   Објектот на поранешното училиште     Св. Сава станува морничава руина. Зградата е во стариот дел на градот и во непосредна близина на oсновното училиште Св. Климент Охридски. Објектот не само што застрашува со изгледот туку станува опасен за голем број ученици кои го користат  пократкиот приод  до школото Св Климент,  а и за минувачите  кој поминуваат  покрај овој објект. „ Да редовно минувам и не е безбедно. Паѓаат ќерамиди, стакла. Би требало д а се поправи и за изглед, навистина да се поправи, вели охриѓанка која го користи овој пократок  пат. ТВМ го контактираше...

Continue reading

fasadi

Неколку куќи на познати охридски фамилии ќе го добијат оригиналниот сјај

Post Views: 27 Куќите на неколку познати стари охридски фамилии ќе го враќаат првобитниот сјај. Годинава, Заводот за заштита на спомениците и музеј од Охрид ќе врши конзервациско-реставраторски работи на повеќе објекти во градов. За оваа намена, министерството за култура веќе одобрило средства како дел од годишната програма за финансирање на проекти од национален интерес. „Оваа година ќе ја санираме фасадата на објектот каде што се наоѓа Радио Охрид. Во непосредна близина накај чинарот постои уште еден објект, една камена магаза и на тој објект ќе вршиме санација на фасадата. Исто...

Continue reading

dolni saraj

Ќе се санира потпорниот ѕид зад Робевци

Post Views: 36 Опасната карпа која се наоѓа над музејскиот комплекс Робевци и Лапидариумот во Охрид конечно ќе биде санирана, според најавите на директорката на Завод и Музеј, Тања Паскали Бунташеска. Неколку години наназад сопствениците на куќите кои се поставени на самата карпа стравуваат дека може да дојде до  лизгање на земјиштето и нов одрон, сличен на оној кој се случи пред 5 години. Во секој момент очекуваме да се отпочне со санација на поторниот ѕид вели Бунташеска. „Еден од позначајните проекти кој предвидуваме оваа година да биде реализиран претставува потпорниот ѕид зад...

Continue reading

zaum

Се гради и во Заум

Post Views: 2 Манастирскиот конак кај црквата Света Богородица Заумска во близина на охридското село Трпејца издигнат на ниво на карабина. До редакцијата на телевизија ТВМ пристигна фотографија на која се гледа како напредуваат градежните работи. Граѓаните бараат информации што точно и за какви потреби се гради на просторот веднаш до црквата  која претставува едно од најзначајните заштитени споменички добра во Македонија. Од Заводот за заштита на спомениците и музеј од Охрид велат дека идејниот проект за конакот кој се гради го изработиле на иницијатива на Дебарско-кичевската епархија....

Continue reading

perivlepta

Спасен фрескоживописот во црквата Св. Богородица Перивлепта

Post Views: 9 Спасен фрескоживописот во црквата Св. Богородица Перивлепта. Спречено е понатамошното негово оштетување поради влагата на која беше изложен со години наназад. Од Завод и музеј велат дека зафатите кои ги превзедоа за конзервацијата на архитектурата на црквата со што се изврши санација на покривот, вродија со плод. Сите не критикуваа поради тоа што речиси три години црквата ја оставивме со отворен кров и само со наткров. Но тоа придонесе да се исуши и отстрани целата влага која со години беше наталожена во ѕидовите на црквата од што се оштетуваа фреските. Конзерваторите...

Continue reading

Најавените градби под Плошник будно ќе се следат, велат од Завод и музеј

Post Views: 0 Нема потреба од стрaвување дека станбените објекти за домување ќе го нарушат автентичниот изглед на стариот дел на Охрид, смируваат од Завод и музеј, по најавите дека општината на лицитација ќе продава државно земјиште под Плаошник. Мора  да се почитуваат сите законски одредби, тврди  Директорката на Завод и музеј,  Tања Паскали Бунташеска, и додава дека будно ќе ја следат градбата.„ Максиманло се трудиме проектите да се изработат  според Законот за Охрид и заштита на културното наследство,  Законот за градба и континуирано градбите се следат во целиот период. По завршување...

Continue reading

златна маска

Охриѓани незаинтересирани за посета на Златната соба

Post Views: 5 Слаб интерес за посета на уникатната Златна соба во Музејот на Робевци. Два месеци по нејзиното отварање  ј авидел мал број луѓе велат незадоволно од Завод и мзуеј. Од  таму  негодуваат, дека и покрај сите пристисоци на медиумите псокоро да се отвори  Златаната соба, охриѓани  непокажале интерес помасовно да ја посетат. Во овој период Музејот на Робевци каде што е сместено Златото на Лихнитида го видел едвај 200 луѓе. Златаната соба вопоголем број ја виделе стружани од колку охриѓани. Отпечатен е луксузен каталог, па дури е воведено и ново работно време за посета се...

Continue reading

kuka na kotus

Куќата на Коле Котуш цели шест и пол децении заборавена од надлежните

Post Views: 0 Куќата на Коле Котуш во стариот дел на Орхид иако претставува значаен културно историски објект оставена на забот на времето. Куќата е сосема руинирана и претставува опасност за бројните минувачи и туристите по улицата Цар Самоил. Сопствениците Љупчо и Јасминка Маслови секојдневно стравуваат дека куќата ќе се сруши, и не дај Боже некој ќе го земе на душа. Маслов кажува дека неколку пати преку писма, дописи и лични контакти укажувале до надлежните установи за опасноста од руинираниот објект, но до ден денес останале без одговор. „Не почестија со елаборат и проект за куќата...

Continue reading

cun

Од интимна желба на неколкумина, до изложба-Охрид, слики од минатото

Post Views: 49 Охрид од времето кога Гимназијата беше на крајот од градот. Некои го знаат како изгледал, некои не. Постарите ќе се потсетат на местата каде пиеле кафе и муабетеле некогаш, помладите ќе видат како изгледал нашиот град порано. Ова не е веќе само желба. Фејсбук групата „Охрид-слики од минатото“ која од своето формирање привлече огромно внимание кај граѓаните ќе добие и своја физичка форма. Мала селекција од четириесетина слики постирани во оваа група, испечатени ќе бидат дел од изложбата наречена токму така…„Охрид-слики од минатото.“ Стари рибари, чунови, споменици,...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top