Најавените градби под Плошник будно ќе се следат, велат од Завод и музеј

Најавените градби под Плошник будно  ќе се  следат, велат  од Завод и музеј.

 |  Валентина Неловска  | 

Нема потреба од стрaвување дека станбените објекти за домување ќе го нарушат автентичниот изглед на стариот дел на Охрид, смируваат од Завод и музеј, по најавите дека општината на лицитација ќе продава државно земјиште под Плаошник. Мора  да се почитуваат сите законски одредби, тврди  Директорката на Завод и музеј,  Tања Паскали Бунташеска, и додава дека будно ќе ја следат градбата.
plaosnik
„ Максиманло се трудиме проектите да се изработат  според Законот за Охрид и заштита на културното наследство,  Законот за градба и континуирано градбите се следат во целиот период. По завршување на градбата доставуваме завршен извештај до Управата за заштита на културното наследство која формира Комисија и прави технички прием на изведувачките работи. Така градбите  се следат од почетокот на проектот до завршувањето на градбата“, информира Паскали Бунташеска.   

Покрај реакциите за ниската почетна цена по која се нуди земјиштето во најатрактивниот дел од градот јавноста изрази загриженост за опасноста од нарушување на автетнтичниот изглед на тој дел. Паскали Бунташеска ја уверува јавноста дека со ова градаба  нема да се наруши автентичноста на стар град.

{loadposition content9}

 

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top