Ознака: музеј

plostad

Плоштадот кај некогашната библиотека сеуште не е изграден

Post Views: 1 И после четири години од дадените ветувања дека на просторот на некогашната библиотека ќе се гради плоштад, нема ништо на повидок. Локалната самоуправа и Заводот за заштита на спомениците уште во 2008год. започнаа со изготвување на заеднички проект за овој дел од градот. Во планот е предвидено овој простор да биде оплеменет со зеленило и клупи за седење како охриѓани би добиле едно пријатно катче за одмор. Со одлука на совет на овај плоштад требаше да се постави и споменикот од Христо Узунов. Градоначалникот Александар Петрески смета дека на овој простор не се потребни...

Continue reading

perivlepta

Највредниот живопис во Македонија, набрзо пред очите на јавноста

Post Views: 1   Црквата Света Богородица Перивлепта ќе си го врати својот некогашен сјај. Конечно се гледа крајот на проектот со кој по добивањето на грантот од американската амбасада пред повеќе од три години се оформи тим кој вршеше истражувачки работи на архитектурата и фрескоживописот во Перивлепта. Сите работи се завршени пред месец и половина кога бил одржан и состанок со Комисијата која ќе го верификува проектот. Него го предводеа двајца странски експерти назначени од УНЕСКО. Директорката на Завод и музеј Тања Паскали Бунташеска вели дека од страна на Комисијата имало некои...

Continue reading

Plaoshnik

Завод и музеј се пофали со сработеното, најави нови, интересни проекти

Post Views: 8 Националната установа „Завод за заштита на спомениците на културата и музеј-Охрид“ ги презентираше резултатите од својата работа во изминатите 6 години. Периодот од 2006та до 2012 година, се покажал како доста продуктивен за оваа национална установа. Тие успеале да реализираат вкупно 165 проекти за заштита на недвижното културно наследство и 36 проекти за заштита на движното културно наследство. „Во поглед на недвижното културно наследство, конзервирани и реставрирани се вкупно 9 христијански сакрални објекти, конзевирани и презентирани се над 300 метри квадратни богати...

Continue reading

lokalitet mancevci

Министерството покажа слух за проектите на завод и музеј

Post Views: 1 Министерството за култура ги објави проектите кои ќе ги подржи годинава. Најмногу пари вообичаено од колачот издвоени за завод и музеј Охрид. „Аплициравме со многу повеќе проекти, но со оглед на кризната ситуација, мораме да сме задоволни  со  ова што го добивме. Одобрените пари претежно се однесуваат за продолжување на започнати проекти“, вели директорката Тања Паскали Бунташеска.  Бунташеска открива дека годинава ќе се конзервира ранохристијанската базилика на локалитетот Манчевци, за кој потпорните ѕидови беа изработени минатата година. Годинава според плановите овој...

Continue reading

Planovi Tabana i Kej

Паскали Бунташеска: Советот даде зелено светло за незаконски планови

Post Views: 8 Дел од одлуките за кои денес советот даде зелено светло, на нозе ја кренаа управата за заштита на културно наследство, поточно Завод и музеј Охрид. Директорката Тања Паскали Бунташеска на итен пресс образложи зошто оваа установа не прифаќа нацрт плановите за две многу значајни урбани заедници,  Урбана заедница 1 блок 1, точка 1 опфат  Табана и Урбана заедница 2 блок, брок 2 точка 1 опфат Кеј, советниците дадоа позитивно мислење.Паскали Бунташеска појасни дека за планирање на овие два простори Националната уставова Завод и Музеј Охрид уште во 2008 год.  изработила заштитно...

Continue reading

перивлепта

Охридскиот музеј има недостаток од конзерватори и археолози

Post Views: 5 Охридскиот Завод и музеј има потреба од  конзерватори реставратори и археолози. Во моментов во оваа национална  установа  во постојан работен однос се двајца археолози и еден конзерватор на текстил. Но, нема во постојан работен однос  конзерватор-реставратор на фрескоживописи, икони и мозаици.  Директорот  на Завод и Музеј, Тања Паскали Бунташеска  потврдува дека на  институцијата и се потребни кадри за заштита на културното наследство. „ Сеуште има недосток од конзерватори. Се трудиме да одговорима колку што можеме. Се надевам ќе има вработување на стручни кадри конзерватори...

Continue reading

profesor Pavle

Не стивнуваат реакциите за монографијата „Незлобински“

Post Views: 6 Историчарот проф. д-р Павле Митрески  вели  Струга и стружани треба да се гордеат што по 75 години се објави  монографија за  „Д-р Никола и Софија Незлобински“. Тој е изненаден од реакцијата на директорот на струшкиот музеј, Сашо Цветкоски  за обвинувањата упатени на адреса на авторот на монографијата, д-р Стојан Ковачески. Проф. д-р Павле Митрески го истакнува своето позитивно искуство со архивите од неколку балкански земји кои му биле достапни за неговите научни истражувања. Професорот  40 години работел на научни истражувања од областа на историјата, автор е на 12...

Continue reading

plostad

Четири години празни ветувања

Post Views: 1 И после четири години од дадените ветувања дека на просторот на некогашната библиотека ќе се гради плоштад, нема ништо на повидок. Локалната самоуправа и Заводот за заштита на спомениците уште тогаш започнаа реализација на заеднички проект за овој дел од градот. Во планот е предвидено овој простор да биде оплеменет со зеленило и клупи за седење како охриѓани би добиле едно пријатно катче за одмор. Вие знаете дека Советот изгласа и изградба на споменик на Христо Узунов кој ќе биде поставен токму на ова место.  Постојано сме во комуникација со директорката на Завод и музеј...

Continue reading

plaosnik

Започнуват градежните зафати на комплексот Плаошник

Post Views: 8 За една недела започнуват градежните зафати на комплексот Плаошник. По двегодишно тапкање во место, работотеконечно ќе мрднат од мртва точка. Новиот изведувач охридската фирма Митан Пром ќе треба да го реализира проектот онака како што беше замислен. Проектот „Плаошник“ предвидува околу 23 објекти во кои ќе бидат сместени конзерваторска школа, универзитети, музеј со археолошки наоди, библиотека со околу 100.000 наслови, а се предвидува тука да биде седиштето на галеријата со икони, Македонскиот институт за хуманистички науки, монашки простор наменет за свештени лица,...

Continue reading

ohrid

Изградбата на катната гаража не се коси со Законот за Охрид

Post Views: 5   Нема пречки за изградба на катна гаража на паркинг просторот кај градскиот пазар. Нејзиното подигнување не се коси со Законот за Охрид, вели директорката на Завод и музеј, Тања Паскали Бунташеска. Таа објаснува дека Деталниот урбанистички план за овој опфат е донесен пред стапувањето на сила на овој закон и за тој план Завод и музеј има изработено конзерваторски основи. Паскали Бунташеска  вели дека многу градби кои веќе се направени во заштитената зона во старото градско јадро се косат со Законот за Охрид. Тој не дозволува никакви поткровја и галерии, а со постоечкиот...

Continue reading

tanja paskali

Пукнатината на ѕидот на Долни сарај се повеќе се шири

Post Views: 0 Пукнатината на ѕидот на Долни сарај кој се наоѓа према езерото се повеќе се шири. Со тоа секојдневно се зголемува опасноста од одрони врз куќите на граѓаните од овој дел од градот како и врз случајните минувачи кои шетат по Мостот на желбите. Реакциите на охриѓани стигнаа и до нашата редакција. Апелираат надлежните што поскоро да превземат нешто. Од Завод и музеј велат дека проблемот им е добро познат. Нивни екипи уште пред неколку години направиле увид и констатирале дека има оштетување на ѕидот од камен па затоа вклучиле статичар и изработиле проект кој има добиено...

Continue reading

sporna kuka

Да се заштити базилика

Post Views: 4 Семејството Филеви и дел од нивното соседство се борат за спас на ранохристијанската базилика и видиковецот на ул Климентов Универзитет, во чија што непосредна близина никнува објект. Павел Филев вели дека во име на градот, со цел да се сочува еден вреден културен експонат, цели 5 години тропа по вратите на институциите. Додава дека ги алармирал сите релевантни фактори во државава кои се надлежни за една ваква состојба, вклучувајќи го и директорот на републички инспекциски служби а со допис се обратил и до премиерот на РМ. Филев категоричен дека никогаш не очекувале...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top