Да се заштити базилика

Правниот систем во земјава е нем, реагира Павел Филев, жител на стариот дел на Охрид. Според него, на атрактивен видиковец на ул. Св. Климентов Универзитер никнува објект.

 |  Николоска Биљана  | 
sporna kuka
спорна куќа

Семејството Филеви и дел од нивното соседство се борат за спас на ранохристијанската базилика и видиковецот на ул Климентов Универзитет, во чија што непосредна близина никнува објект. Павел Филев вели дека во име на градот, со цел да се сочува еден вреден културен експонат, цели 5 години тропа по вратите на институциите. Додава дека ги алармирал сите релевантни фактори во државава кои се надлежни за една ваква состојба, вклучувајќи го и директорот на републички инспекциски служби а со допис се обратил и до премиерот на РМ. Филев категоричен дека никогаш не очекувале оти може надлежните да дозволалт градба на еден ваков објект, во заштитена зона.

kuka vidikovec„Кога го видовме тлоцртот на куќата тоа беше една капка во сето тоа и на крај краева нека се изгради куќа. Меѓутоа никој не знаеше каде почнува таа куќа, гледајќи го габаритот сигурни бевме дека никому нема да му смета. Во стариот дел меѓу останатото најважен дел за купување на плац е да се обезбеди видик“.

Филев нагласи дека патот за добивања дозвола за изградба на градежен објект во заштитена зона е трнлив, бидејќи се соочуваш со ригорозни принципи каде, влагуваш во безизлезен лавиринт. Но според Филев аршинот за сите не бил еднаков.

„Во дадениов момент не само да после илјадници ургенции доставени над стотици докумнти, каде некои служби педантно и чесно се изјаснале. Додека беше во ингеренции на општинската градежна инспекција направени уредни се излегувани на терен има точни нацрти со точна евиденција на сите отстапки и на крај имаме тивко никнување на хотел“.

kuka vidikovec„Голема надеж имавме во директорот на републичките инспекциски служби, до кого уредно со сите документи, барања и укажувања лично се обративме, вели Филев. Но одговорот бил повеќе од поразителен. А многу се лути и на Охридскиот Завод и музеј.

„Одговорите кои ги добивме од јавниот правобранител беа апсолутно нативно наивни да едноставно само се обративте, ние направивме ние немаме ингеренции барајте го некој инспектор во републичката градежна инспекција. Милион пати се јавивме информиран е и нспекторот и директорот“.

Филев ја губи довербата во релевантните институции кои треба да се справат со проблемот. Смета дека нивниот индолентен однос е на штета на градот и охриѓани.
Побаравме одговор од Завод и Музеј Охрид. Директорката не одговори на нашите повици.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top