Плоштадот кај некогашната библиотека сеуште не е изграден

Новиот плоштад на местото на некогашната библиотека кој требеше да биде изграден уште пред четири години, не е ни започнат. Како што информираат од Локалната самоуправа сеуште се чека Завод и музеј да даде амин за да почнат активностите околу уредување на просторот кај Долна порта.

 |  Јаковлева Лионела  | 
plostad
плоштад

И после четири години од дадените ветувања дека на просторот на некогашната библиотека ќе се гради плоштад, нема ништо на повидок. Локалната самоуправа и Заводот за заштита на спомениците уште во 2008год. започнаа со изготвување на заеднички проект за овој дел од градот. Во планот е предвидено овој простор да биде оплеменет со зеленило и клупи за седење како охриѓани би добиле едно пријатно катче за одмор.plostad

Со одлука на совет на овај плоштад требаше да се постави и споменикот од Христо Узунов. Градоначалникот Александар Петрески смета дека на овој простор не се потребни големи градежни зафати и би можел за брзо време да се уреди доколку не се опструирани од Завод и музеј.

Од заводот пак велат дека не се работи за никакви опструкции. Директорката Тања Паскали Бунташеска вели дека проектот е готов, но дека во моментов имат поприоритетни работи од неговата реализација.
Инаку за потсетување, зградата на библиотеката беше срушена  пролетта 2008год. по што набрзо требаше да се изгради новиот плоштад.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top