Ознака: музеј

anticki

Охридскиот музеј чека пари за експропријација на објекти

Post Views: 0 Министерството за култура повеќе од 4 години нема одвоено пари за експропријација на објекти на кои се откриени различни археолошки наоди. Нетрпеливи стануваат  и сопствениците на објектите кои чекаат да се решат  имотните односи.. Директорот на Завод и Музеј, Тања Паскали Бунташеска, изјави за ТВМ дека нивната институција конкурирала со проект за 2012 година за   одобрување на финансиски средства за оваа намена. Од Завод и Музеј не откриваат  колку пари побарале од ресорното министерство. Кратко велат дека ќе чекаат на одлуката до март идната година дали ќе добијат...

Continue reading

Svetiklimentovo ucilishte

Започна дотерувањето на некогашното Светиклиментово училиште

Post Views: 8 Некогашната зграда на Свети Климентовото  училиште започна да се дотерува. По враќањето на објектот како црквен имот со процесот на денационализација сега забрзано  се реновира неговата надворешност и внатрешност.    Од Дебарско- кичевската епархија кратко информираат дека во објектот ќе биде сместена нивната  администрација. Реновирањето на зградата се прави според проект одобрен од Завод и  Музеј. Работите треба да завршат до крајот на годината.  Зградата во текот на минатото  имала  неколку  намени почнувајќи од основно училиште, Музеј на Словенската  писменост, простор...

Continue reading

amam

Одобрение, што е тоа?

Post Views: 10 Охридската чаршија спаѓа во строго заштитена споменичка целина на градот. Секоја измена во таа зона, дали се работи за доградба, надградба или санација на фасада на објекти, треба да помине низ повеќе институционални филтри, секако со уредно доставена проектна документација од страна на барателот на услуга. Од страна на Завод и Музеј Охрид, како една од релевантните страни за добивање зелено светло за видоизменување на објектите кои спаѓаат под заштита, директорката Тања Паскали Бунташеска, вели дека се работи по строго дефинирани правила согласно новите измени и дополнувања...

Continue reading

javna rasprava

Јавна расправа за работната верзија на нацрт плановите „Табана“ и „Ривиера“

Post Views: 26 На прашањата наменети за Завод и музеј одговараше претставникот од Завод и музеј Горан Патчев. „Локаланата манипулира со граѓаните, кај што им одговара е запазена постапката, а кај што не им одговара не  се почитува законот“, рече Патчев. Тој додаде дека завод и музеј дале зелено партерно уредување кај летница и изградба на црквата Св Димитрија, која во овој план ја нема.  Тој додаде дека не може да се дозволи првата линија кај кејот да биде со огромни отстапки во висина. Еден од засегнатите со нацрт планот Табана беше и  Андон Бојаџи. Тој потенцираше дека со проширувањето...

Continue reading

plaoshnik

Може да започне изградбата на Светиклиментовиот Универзитет

Post Views: 7 Плаошник вратен на државата. На вонредната седница на Советот на општината, на барање на Н.У. Завод и музеј“ беа регулирани имотно правните односи помеѓу Општина Охрид и Министерството за култура кои се однесуваат на земјиштето на Плаошник. Корисник на ова земјиште досега беше ЈКП Охридски Комуналец, а во сопственик на РМ. Со одлуката едногласно изгласана и донесена на денешната вонредна седница, правото на користење на ова земјиште е вратено на Република Македонија. Причина за донесување на оваа одлука и враќање на земјиштето е изградбата на Унверзитетскиот комплекс....

Continue reading

Muzej na voda

Музејот на вода ќе добие пристаниште, но само за јахти

Post Views: 9 Охридската  бродска флота  нема да може да се укотвува во Заливот на коските. Ова е ставот на директорот на Управата за заштита на културното наследство Паско Кузман по однос на прашањето дали бродовите кои превезуваат туристи ќе имаат пристап од езерската шир кон брегот каде што е сместен Музејот. Овој туристички  локалитет  ќе добие пристаниште, но за пристап само на јахти. Станува збор за значјно  културно наследство ко ене смее да биде нарушено. Пристап од езерскиот сообраќај ќе има само во рамките на она што го дозволува Законот дециден е Кузман.    Инаку, во овој...

Continue reading

nosii

Изложено совршенсвото на македонски вез и колорит

Post Views: 9 Во Куќата на Робевци, синоќа се отворија две привремени изложби на ќилими и делови од народни носии од Брсјачкиот крај. На изложбата се презентирани најубавите автохтони кошули и покривала за глава од Дебрца, Охридско и Струшко поле, Малесија и  Дримкол. Етнолошката поставка на народните носии датира  од периодот  на 19 и почетокот на 20 век. Везот на кошулите и сокаите, покривала за глава, е колоритен со свилени и волнени конци, со геометриски и орнаментални форми кои наликуваат на крстови, лозички, ветки и ѓулој. Ќилимите, ткаени и везени во периодот од 19 и 20 век,...

Continue reading

zlatni predmeti

Охридското археолошко злато далеку од очите на јавоста

Post Views: 7 Требенишката златна маска  и останатите златни украсни премети откриени во нашиот регион сеуште чмаат во музејското депо. Како што милуваат да кажат археолозите, охридското злато е на сигурно, иако имаше најави за негово презентирање пред охриѓани и туристите. Јавноста очекуваше збогатување и обнова на музејската понуда на градот. Златната соба  беше навестувана пред 4 години.  Според  археологот Паско Кузман таму треба да бидат изложени вредните златни експонати, но таа сеуште не е готова, но најавува дека ќе биде готова до крајот на годинава. Пред да стартува во 2011...

Continue reading

Zavod i muzej Ohrid

Паскали задоволна од бројот на одобрени проекти

Post Views: 16 Објавена програмата по која годинава ќе  работи Националната установа Завод и музеј.  Центарално место во неа зазема заштитата на културното наследство, конзервација и реставрација на цркви како и меѓународната соработка. Годинава конечно има пари и за Златнaта соба која ќе биде отворена за јавноста пред почетокот на летото.     Министерството за култура ги објави проектите кои ќе ги финасира годинава. Директорката на Нациналната установа завод и музеј Тања Паскали иако сеуште не знае колку пари ќе добие заводот, сепак е задоволна од бројот на проекти кои им се одбрени...

Continue reading

Tanja Paskali Buntasheska

Сериозна опасност

Post Views: 0 На карпата, надвисната над дворното место на Куќата на Робевци се констатирани нови напукнувања, и  преставува сериозна закана за околните објекти. За елиминирање на опасноста, директорот на Завод  и Музеј, Тања Паскали Бунташеска вели  сериозно му пристапиле на проблемот и поднеле проект до ресорното министерство.   „Тие напукнувања се резултат на септичките јами кои сеуште се присутни во овој дел од градот, но и од градежните активности кои ги изведуваат сопствениците на куќите а при тоа не мислат за последиците, потенцира Паскали Бунташеска“. По стручните консултации...

Continue reading

garaza

Аквариум и музеј на Охридското езеро

Post Views: 1 Спортските риболовци од Охрид планираат  деградираниот простор на поранешната гаража за чамци во сопственост на Хидробиолошки завод. Спортските риболовци од Охрид планираат  деградираниот простор на поранешната гаража за чамци во сопственост на Хидробиолошки завод, која веќе 10 години е запуштена да го претворат во атрактивна локација.   Флората и фауната на Охридското езеро, во аквариум. Охридските спортски риболовци се обратија до надлежните институции, со цел да им го отстапат стариот руиниран објект, кој веќе цели 10 години е запуштен. Од него риболовците сакаат...

Continue reading

Zalivot na koskite

Музејот на вода вистинска атракција

Post Views: 4 Заливот на коските, по осум месеци  од отварањето, станува туристичка атракција, со исклучителниот археолошки комплекс, единствен во овој дел од Европа. Од ден на ден е се попривлечен музејски простор  за голем број туристи, и домашни и странски.Овој Музеј  на вода, само  пред  стартот на туристичката сезона го посетиле 12 илјади посетители,  и е навистина добра бројка вели задоволно директорот на Завод и Музеј, Тања  Паскали Бунташеска. Музејскиот комплекс е нов и атрактивен,  иако, посетеноста не е ништо помала и во другите музејски простори како што е Самоиловата...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top