Може да започне изградбата на Светиклиментовиот Универзитет

Свикана итна седница на Советот на општината. Едногласно отстапено правото на користење на земјиштето на Плаошник, на државата. Со оваа одлука ќе може да започне изградбата на Свети Климентовиот универзитет.

 |  Крсте Голабовски  | 
plaoshnik
плаошник

plaoshnikПлаошник вратен на државата. На вонредната седница на Советот на општината, на барање на Н.У. Завод и музеј“ беа регулирани имотно правните односи помеѓу Општина Охрид и Министерството за култура кои се однесуваат на земјиштето на Плаошник. Корисник на ова земјиште досега беше ЈКП Охридски Комуналец, а во сопственик на РМ. Со одлуката едногласно изгласана и донесена на денешната вонредна седница, правото на користење на ова земјиште е вратено на Република Македонија. Причина за донесување на оваа одлука и враќање на земјиштето е изградбата на Унверзитетскиот комплекс. Директорката на НУ „Завод и Музеј“ информира дека причина за испраќање на дописот со барањето во последен момент е презафатеноста на надлежните од оваа институција. Во рамките на овој комплекс ќе функционира редовна конзерваторска школа, со професори од признати светски универзитети, музеј на почвата на Плаошник во кој ќе бидат презентирани богатите наоди на самиот археолошки локалитет, богата Светиклиментова библиотека со стартни сто илјади наслови, седиштето на Галеријата со икони, Македонскиот институт за хуманистички науки, посебен монашки простор наменет за свештени лица, афилијации на светски универзитети, како и Светиклиментова градина како место за одмор и креативна инспирација.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top