Спорни ингеренциите кој носи решение за уривање на руинирани објекти во Охрид

Спорни  ингеренциите кој носи  решение за уривање на руинирани објекти во Охрид.

 |  Валентина Неловска  | 
руиниа
руина

Институциите немаат евиденција на куќи кои се во фаза на распаѓање во стариот дел на градот. Објектите  опасни се за минувачите, а штета прават и на соседните куќи кои се во нивна непосредна близина.  Не само што не се знае точниот  број на објекти туку спорни се и наделжностите кој треба да ги сруши ваквиет објекти. Според Законот за прогласување на Старото градско јадро за споменична целина сега се добива впечаток дека ингеренциите не се точнопрециизрани.  Од Завод и музеј велат дека дозвола за рушење  се издава според пропишан режим ако станува  збор за објект  ставен под поединечна  заштита. Ние не можеме да ги направиме сите објеки во старото градско јадро вели  директорката Тања Паскали Бунташеска. Дава објаснување кој е надлежен за рушење на куќите кои немаат третман на заштита.
куќа
„Надлежни сме сите. Се прибира мислење и од нас и од Управата за културно наследство, и општината треба да наложи на сопствениците да го дорушат објектот да не е опасен. Општината презема одредени надлежности за опасните објекти за минувачите за да не е некој повреден“, вели Паскали Бунташеска.  

Од Локалната самоуправа не се согласуваат со тврдењето на Завод и музеј. Томе Џамтоски, портпаролот на општината, вели очигледно и по неколку години од донесувањето на Законот за прогласување на старото градско јадро за споменична целина постојат недоразбирања и дилеми во однос на ингеренциите кои ги има Локалната самоуправа, министертвото за култура и Министерството за транспорт и врски.

куќаНа прашањето каде охриѓани да ги пријавуваат опасните градби,  портпаролот Џамтоски со став.

„ Во државиот градежен инспекторат, не во општината Охрид. Нашите инспектори ќе направат пречекорување на овалстувањата доколку нешто преземат во стариот дел на градот“, вели Џамтоски.

Општинскиот портпрол се повикува на Законот за Охрид според кој  ЛС има ингеренции само во донесување на деталниот урбанистички план, и во носење на предлог на Управниот одбор на  Завод и музеј за интегрираниот план. Надзорот го вршат Министерството за култура и Министерството за транспорт и врски преку Државниот градежен инспекторат. Од сево ова прозилегува дека сепак во законот има недоречености во делот на прецизирање кои органи го вршат  инспекцискиот надзор за уредување на просторот.  

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top