Ознака: музеј

vevcani

Старата училишна зграда во Вевчани ќе прерасне во Музеј

Post Views: 19 Старата училишна зграда во Вевчани, изградена во далечната 1949 годна, ќе се реконструира и преадаптира. Многу вевчанци растурени насекаде низ светот биле заинтересирани за таа некогаш велелепна градба изградена од вевчанци со свои средства и доброволна работна рака, која ги потсетувала на незаборавните школски денови, вели градоначалникот Цветомир Угриноски. Тој кажа дека целиот проект за старата училишна зграда бил комплетиран, како инвестиција кошта 650 000 евра и веќе почнале да работат, а се надеваат дека тука и Владата ќи им излезе во пресрет . „Ќе ни помогне...

Continue reading

Милошевски: Велосипедски и пешачки патеки, адреналински паркови и Музеј на Охридско Езеро

Post Views: 6 Охрид и охриѓани мора да имаат пријатни катчиња за одмор и релаксација. Охриѓани и туристите ќе добијат нови велосипедски и пешачки патеки, нови пешачки зони, вети кандидатот  за Градоначалник од ВМРО ДПМНЕ, Митре Милошески.  Граѓаните имаат право на тоа, а обврска на новата Локалната самоуправа ќе биде да им обезбеди слободно и безбедно движење, кажа Милошевски. „За убав град: Изградба на велосипедска патека Охрид – Свети Стефан. Охриѓани и гостите мора да се движат безбедно на потегот од излезот од градот до Свети Стефан. Велосипедистите преку здрави навики за возење...

Continue reading

muzej struga

Предмети од најстарата историја на градот, за прв пат пред стружани

Post Views: 2 Археолошките пронајдоци од Устието на Дрим и куќата на Караџулевци, ќе бидат изложени пред стружани. Станува збор за добро сочувани предмети од праисторискиот период, но и модерни керамички предмети од хеленистичкиот период. Првиот човек на струшкиот музеј Д-р Сашо Цветкоски вели дека тоа ќе биде една од најбогатите музејски поставки досега прикажани во јавноста за што ќе бидат испечатени и каталози, кои пак ќе бидат сведоштво за овој настан. „Пошто се работи за локалитет од праисторија, наколно живеалиште, тоа е прво наколно живеалиште што е истражувано околу брегот...

Continue reading

Адаптација на Музеј на Археолошки вредности на Дебрца се планира во селото Требеништа

Post Views: 2 Во Музеј да се сместат вредните археолошки наоди и реплики на златните маски од Требеништа е планот на ЛС на Дебрца. Општината има намера јавно да ги презентира на едно место сите вредни артефакти пронајдени на археолошките локалитети во Дебрца. За таа цел ќе се адаптира сега руинираниот задружен дом во селото Требеништа, најавува градоначалникот Зоран Ногачески како идна заложба. Додава дека средства за таа намена ќе се користат од пред пристапните фондови на ЕУ. „ Сакаме да го пренамениме во Музеј во дом на археолошките вредности на општина Дебрца. Тука да се изложени...

Continue reading

Enzo Ferari

Отворен музејот на Енцо Ферари

Post Views: 5 Италијанецот кој што е роден на 18-ти февруари, 1898 година, во 20-тите години на минатиот век ја основа својата компанија, сега веќе етаблиран светски бренд – Ferrari. Тоа е единствениот тим во Формула 1, кој што учествувал на сите трки од основањето на овој шампионат во 1950 година. Овој музеј ќе го носи името “Museo Casa Enzo Ferrari” (Куќата Музеј на Енцо Ферари) и во него јавноста ќе може да погледне детали од животот на Енцо низ фотографии, филмови, лични предмети и документи. Во овој комплекс од 6000 метри квадратни исто така се сместени голем број од креациите...

Continue reading

starastruga

Ништо од старата струшка архитектура

Post Views: 22   Градежната експанзија во Струга ги проголта старите вредни историски објекти. Малку остана од автентичните струшки градби, кои говорат за богатото културно наследство на Струга. До пред неколку години имаше 26 објекти кои беа под траен или времен режим на заштита, а денес таа бројка неможе да се потврди бидејќи е многу помала, вели д-р Сашо Цветкоски, директорот на музејот „д-р Никола Незлобински. „Тука се преплетуваат многу интереси и различни ингеренции и тоа што е со Законот за култура многу јасно кажано на локално ниво не се почитува. Вината лежи на друго место,...

Continue reading

Celebi

Џамијата Мустафа Челеби во Струга ќе добие нов сјај

Post Views: 1 Џамијата Мустафа Челеби во Струга ќе добие нов сјај. Националната установа „Завод за заштита на спомениците на културата и музеј“ од Охрид, до крајот на оваа година ќе ја изврши конзервацијата и реставрацијата на овој верски објект кој во текот на минатата година беше делумно срушен. Проектот за нејзината реставрација, Завод и музеј ќе го реализира со помош на турската агенција за соработка и координација-ТИКА. Директорката на Завод и музеј, Тања Паскали-Бунташеска, вели дека до 10 Март, проектите за конзервацијата би требало да бидат завршени. „Интензивно се работи...

Continue reading

Еколошките вредности на Дебрца ќе бидат сместени во музеј

Post Views: 7 Малку е направено за искористување на еколошките вредности во Дебрца. Исто така затајува и нивната промоција, пренесува првиот човек на оваа општина Зоран Ногачески. Но, градоначалникот открива дека оваа слика на почетокот на месец мај ќе се промени, односно, општина Дебрца отпочнува проект за заштита на биолошката разновидност во пограничните подрачја. Проектот ќе се реализира со Р. Грција, а носител е општина Дебрца заедно со Шумарскиот факултет и НП „Јасен“, а од грчка страна општина во близина на Солун, Терми и нивниот национален институт за биологија. „Важно е дека...

Continue reading

Кривична пријава за поранешната директорка на Завод и Музеј, Охрид

Post Views: 2 Поради голема финансиска штета на буџетот на Р.Македонија, Министерството за култура поднесе кривична пријава против поранешната директорка на Завод и музеј Охрид. Министерот за култура Роберт Алаѓозоски кој денес беше во посета на охридските институции за култура, открива дека од остварените разговори со раководителите, најгорливо прашање било блокираната сметка на Завод и музеј Охрид, настанато поради непостапување по судски спор во случајот за потпорните ѕидови до музејскиот комплекс Куќата на Робевци меѓу установата и еден од соседите. „Станува збор за еден обемен...

Continue reading

kuka struga

Дали Струга се менува?

Post Views: 41 Како Струга, нема друга, но се чини како да станува друга, реагираат стружани. Пет општински куќи во старото градско јадро, деновиве на лицитација. Општината веќе три од нив продала. Стружани реагираат, бараат Завод и Музеј на Охрид да поведе малку грижа и за културното наследство на Струга, бидејќи малку куќи останаа да зборуваат за минатото. Првиот човек на Завод и Музеј, Тања Паскали Бунташеска, вели дека не држат коментарите на стружани оти во општината ништо не се прави за заштита на културното наследство. Признава дека неколку стари објекти го изгубиле статусот...

Continue reading

kuka

Куѓата на Калеш Анѓа ќе биде отворена за јавноста

Post Views: 3 „Kуќата на херојката Kалеш Анѓа, синоним на македонскиот непокор против потурчувањето, се спасува од распаѓање и наскоро ќе биде отворена за посетители“, вели Ристе Момоковски, родум од Мариово и поранешен градоначалник на општината Старавина. Во тек е реконструкција на објектот стар неколку века. Со тоа за најопеаната Мариовка Kалеш Анѓа нема да се дознава само од романот на Стале Попов и изворната народна песна „Ајде слушај, слушај, калеш бре Анѓо“. Дека навистина постоела девојката од Сирминo Мaало, која Турците не успеале да ја поткупат, ќе сведочи и нејзината родна...

Continue reading

Охридскиот завод и музеј ги прави завршните подготовки за учество на „Форум на словенските култури“ во Блед

Post Views: 6 Се прават завршните подготовки за учество на НУ “Завод за заштита на спомениците и музеј – Охрид“ на Форумот на словенските култури во Блед. Во видео презентација ќе биде прикажан дел од огромното културно наследство кое го има Охрид, а во кој ќе бидат претставени Куќата на Робевци, на Христо Узунов и Григор Прличев, како и Галеријата на икони, Самоиловата тврдина, ранохристијанските базилики, Музејот на вода, набројува кустосот Милчо Георгиески. „Сега сме во фаза на подготовка на видео материјалот за да ја претставиме институцијата и нашата работа. Тешко е од...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top