• Почетна
  • Archive
  • Вести
  • Охрид
  • Адаптација на Музеј на Археолошки вредности на Дебрца се планира во селото Требеништа

Адаптација на Музеј на Археолошки вредности на Дебрца се планира во селото Требеништа

Намерата на локалната самоуправа на Дебрца е да бидат јавно презентирани вредните археолошки артефакти пронајдени на сите локалитетите во регинот на општина Дебрца. Средства за таа намена ќе се бараат од пред пристапните фондови на ЕУ.

 |  Валентина Неловска  | 

Во Музеј да се сместат вредните археолошки наоди и реплики на златните маски од Требеништа е планот на ЛС на Дебрца. Општината има намера јавно да ги презентира на едно место сите вредни артефакти пронајдени на археолошките локалитети во Дебрца. За таа цел ќе се адаптира сега руинираниот задружен дом во селото Требеништа, најавува градоначалникот Зоран Ногачески како идна заложба. Додава дека средства за таа намена ќе се користат од пред пристапните фондови на ЕУ.

„ Сакаме да го пренамениме во Музеј во дом на археолошките вредности на општина Дебрца. Тука да се изложени археолошки вредности и репликите. Кога не можат оргиналните барем копии на археолошките вредности откриени на Трбенишкото кале и некрополата , но и останатите археолошки вредности откриени на локалитетите во општина Дебрца“, најавува Ногачески.

Професорот од Филзофоскиот факултет д-р Виктор Лилчиќ Адамс , пак потврдува дека повеќе од стотина значајни археолошки локалитети се детектирани на територијата на Дебрца. Општината е посебна оаза на културни и археолошки локалитети кои не се означени и се запоставени, а се од големо цивилизациско значење, посочува д-р Лилчиќ кој со тим на архелози работеше на посебен проект за верифицирање на археолошките локалитети во регионот.

„ Старите градови и тврдини тоа се трезори на културата и археологијата кои се пристапни со остатоци од ѕидините и некој објект кој почнал да се открива, а допрва треба да се доистражи. Да бидат час поскоро внесени во јавна употреба за туристите“ , упатува препорака археологот Лилчиќ Адамс.

Од општина Дебрца засега направиле минимални активности за туристички посети со теренски возила да стигнат до локалитетот Требенишко кале. Направен е пробив на патниот правец од Требенишкото езеро и од селото Горенци. Во иднина се планираат поставување на патокази и на останатите локалитети, изградба на сувенирница како и ангажирање на кустози археолози.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top