Морничава и опасна станува зградата Св. Сава

Морничава и опасна станува зградата  Св. Сава.

 |  Валентина Неловска  | 
sv sava
sv sava

 

Објектот на поранешното училиште     Св. Сава станува морничава руина. Зградата е во стариот дел на градот и во непосредна близина на oсновното училиште Св. Климент Охридски. Објектот не само што застрашува со изгледот туку станува опасен за голем број ученици кои го користат  пократкиот приод  до школото Св Климент,  а и за минувачите  кој поминуваат  покрај овој објект.

sv sava„ Да редовно минувам и не е безбедно. Паѓаат ќерамиди, стакла. Би требало д а се поправи и за изглед, навистина да се поправи, вели охриѓанка која го користи овој пократок  пат.

ТВМ го контактираше Завод и Музеј за информација кој е надлежен да го поправи објектот и  да го спречи загрозувањето на минувачите. Зградата е сопственост на ГП „Гранит“,  велат од Завод и Музеј. Додаваат дека  објектот Св. Сава од 2005 година е под заштита на Управата за културно наследство. Според законот  тие изработиле Елаборат за ревалоризација и му врачиле поединечно решение за заштита на сопственикот ГП „Гранит“. Во решението е зацртано што може, а што не да се прави со објектот, напоменува директорот на Завод и Музеј, Тања Паскали Бунташеска. Објектот може да се пренамени, да се санираат кровот, фасадата, столаријата, цеслосниот ентериер, подвлекува директорката.
sv sava
„ Овде станува збор за сопственик кој може да го санира својот објект. Станува збор за ГП „Гранит“. Сметам дека „ Гранит“  поседува финансиски  средства да може да направи санација на објектот колку да не е опасен по минувачите кои поминуваат тука. Ќе го известиме, но што ќе преземеме ќе видиме потоа“, вели директорката.
Се обидовме да го чуеме и ставот на ГП „Гранит“ што ќе преземат за да го заштитат овој објект од понатомошно пропаѓање. Што ќе направат за да биде безбеден пред се за минувачите и учениците кои живеат и гравитираат кон Месокастро, а исто така и за туристите кои го посетуваат овој дел од Охрид.   
До затварање на дневникот не успеавме да  добиеме одговор од  правната  служба на ГП „Гранит“.
ТВМ и понатака ќе ја следи  разврската на овој проблем.  

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top