Ознака: ми

Сензационален Федерер, Мурињо и луд навивач

Post Views: 2 Вчера вечер беа завршени натпреварите во групата Б на ATP World Tour Final, која ја освои швајцарскиот генијалец Federer. По помалку од еден час игра Federer со 6-0 и 6-1 славеше против домаќинот Andy Murray кого само победа можеше да го однесе во полуфиналето. Швајцарецот, посетителите на О2 арената ги остави без здив со генијалните потези, но по средбата признал дека не му e мило што толку лесно дошол до победата. “Не беше толку добро чувството да водиш со 6-0 и 5-0. Среќен сум што брзо го одработив мечот и ја сочував силата, но истовремено ми е мило што не го освоив...

Continue reading

„Брат ми брка диносауруси“ на кино репертоарот при Центар за култура „Григор Прличев“

Post Views: 7 Кино проекциите се закажани за наредната среда (24.11.2021) и четврток (25.11.2021) почеток 18.00 часот, цена на карта 100 денари. Џакомо отсекогаш сакал да има мал брат за да си игра, а од кога ќе се родил, неговите родители му велат дека неговиот брат е „специјално“ дете. Тогаш помалиот брат Џовани, се претвора во суперхерој со неверојатни моќи во фантазијата на неговиот голем брат, како оние во неговите стрипови. Со текот на времето, Џакомо ја дознава вистината: неговиот брат има Даунов синдром, состојба која одлучува да ја чува во тајност. Кога оди во средно училиште...

Continue reading

Претседателот Иванов по 8 -ми пат одржа прием за дипломатскиот кор во земјава

Post Views: 5 На традиционалниот новогодишен прием претседателот на РМ  Ѓорѓе Иванов пред дипломатскио кор во земјава истакна дека минатата  2016  беше ужасна година со политички и економски превирања во светот. Тоа беше година во која најсилно се почувствуваа последиците на двојните стандарди, непочитувањето на меѓународното право, на пропаднати држави. Иванов во обраќањето изрази очекување од  домашните политички партии во постизборниот процес дека ќе водат грижа за интересите на државата. Зборувајќи за предизвиците во оваа година претседателот  потсети на опасностите од  мигрантската...

Continue reading

pogreb

Погребана „Челичната лејди“

Post Views: 1 Во Лондон е во тек погребот на бившата британска премиерка Маргарет Тачер. На комеморацијата во катедралата Свети Павле, покрај кралицата Елизабета и британскиот премиер Дејвид Камерон, присуствуваат и многубројни странски државници. Семејството Тачер ги замолило присутните да не носат венци, а парите да ги донираат за Кралската болница во Челзи. Маргарет Тачер почина на 8-ми овој месец на 88 години. Дури и ѕвоната на кулата-часовник во Лондон, „Биг Бен“ денеска за миг ќе замолкнат за време на погребната церемонија за поранешната британска премиерка .Одлуката за „замолчувањето“...

Continue reading

Peter Turkson

Кој е во трка за папскиот престол?

Post Views: 0 Шеесет и четиригодишниот кардинал Петер Турксон од Гана, во медиумите во последните денови најчесто се споменува како кандидат за нов папа. Тој нагласува дека кој и да го наследи Бенедикт XVI ќе има мошне тешка задача. “Премногу би ми значело да станам нов папа. Доколку ме изберат тоа за мене ќе значи пред се’ лична промена. Иако како надбискуп имам голема одговорност ова се размери кои тешко може да се замислат“, рекол Турксон, додавајќи дека доколку биде избран ќе се држи цврсто до католичката доктрина, но и во исто време ќе се потруди на луѓето да им покаже како...

Continue reading

Детската градинка 8 ми Март стана енергетски ефикасна

Post Views: 13   Најмладите стружанчиња од предшколска возраст, на 1 ви септември ја започнуваат годината во енергетски ефикасен објект. Финишираат работите околу замената на дограмата во детската градинка „8 ми Март“, клон „Сонце“, проект кој го реализира Центарот за развој на Југозападниот плански регион. Мирјана Лозаноска, задоволна е од динамиката со која се изведувале сите зафати во објектот. Таа нагласува дека целта е создавање на попријатни услови за работа, учење и престој во детската градинка.  „Овде конкретно интервениравме на замена на столаријата, односно ги заменивме...

Continue reading

Честит 7-ми Ноември, Денот на ослободувањето на Охрид

Post Views: 2 Охрид денес го одбележува 7-ми ноември, Денот на ослободувањето на Охрид од фашизмот. Градот Охрид за време на Втората светска војна се наоѓал под бугарска окупација. Партизанските единици го ослободиле градот на 15 октомври 1944 година, но за кратко време, под притисок на германските сили тие се повлекле. После борбите помеѓу партизаните и германските сили, ноќта меѓу 7-ми и 8-ми ноември градот е ослободен. На олтарот на слободата на нашиот град останаа на вечна стража 40-тина храбри борци, а повеќе од шеесеттина борци беа ранети. Кон нивното дело, сите ние треба да...

Continue reading

Емотивен говор на Занети

Post Views: 4 Големиот аргентински фудбалер Хавиер Занети (40) го одигра својот последен натпревар на Сан Сиро. Го разубавија своето простување со капитенот со убедлива победа над Лацио со 4-1 во 37 коло од Серија А, а брилијантен беше хрватскиот фудбалер за врска Матео Ковачиќ со три асистенции. На крајот од натпреварот Интеровите фудбалери го носеа на раце својот капитен, кој за миланскиот клуб во сите натпреварувања одигра 856 натпревари и постигна 21 гол. Во Интер играше непрекинато од 1995 година, кога дошол од Аргентина. “Ви благодарам на сите. Немате претстава колу е ова емоционален...

Continue reading

uhud

За една недела и пораснале машки полови органи

Post Views: 2 Тринаесетгодишната Ухуд од Саудиска Арабија, една недела чувствувала грчеви во пределот на стомакот. Кога болката престанала, и се развиле машки органи.“Не можев да поверувам кога го видов тоа. За само една недела мојата ќерка стана – мој син“, изјавил таткото на девојчето Ахмед Хасан Муса од градот Камис Мушаита во Саудиска Арабија. “И претходно забележавме дека Ухуд можеби нема женски гради, а кога почнаа болките во стомакот докторите ни рекоа дека таа нема матка. Неколку дена подоцна ни кажаа дека кај неа се развиле машки полови органи“, изјавил шокираниот татко. Муса...

Continue reading

Мурињо изненади со изјавата по натпреварот

Post Views: 1 Менаџерот на Челзи, Хозе Мурињо, не го оспорувал пласманот на Атлетико Мадрид и неговиот пласман во финалето на Лига на шампиони. По 0-0 на Висенте Kалдерон пред една недела, Атлетико во Лондон славеше со 3-1 и во Лисабон во финалето на 24 мај ќе се бори за шампион на Европа со градскиот ривал Реал Мадрид. Челзи во возвратниот натпревар поведе со голот на Фернандо Торес, но фудбалерите на Диего Симеоне направија пресврт, а стрелци беа Адриан, Диего Коста од пенал и Арда Туран. „Пеналот со кој Атлетико поведе и за кој ми рекоа дека е чист, се покажа како клучен момент....

Continue reading

Ratko vo Hag

Младиќ: Не сакам да ми се чита обвинението

Post Views: 0 Првото прашање беше дали го разбира јазикот на кој му се обраќа судот, на што Младиќ одговори дека ги разбира само српскиот и македонскиот јазик. Имаше и  недоразбирања околу датумот на неговото раѓање, но сето тоа произлезе од фактот дека Младиќ тешко ги разбира прашањата. На прашањето од судијата Алфонс Ори дали ја разбира процедурата која му е прочитана, Младиќ рече: “ Господине судија, јас сум тешко болен човек. Слушнав што рече госпоѓата. Мене ми треба малку повеќе време да размислам за тоа што таа го прочита. Бидете трпелливи со мене“. Судијата го праша Младиќ...

Continue reading

Червар: За Велигден да им подариме победа на навивачите

Post Views: 2 “Мило ми е што втора година по ред сме четврт-финалисти и што повторно од квалификации стигнавме меѓу осумте најдобри екипи во Европа. Тоа е голем успех за нашиот клуб, за нашите ракометари, за луѓето што го водат клубот на чело со Минчо Јорданов. Горди сме на својата работа во клубот, почнувајки од најмладите, кои гледаме дека од ден на ден прераснуваат во врвни ракометари. Ќе ми се потсмеваа ако пред почетокот на сезоната во Лигата на шампионите кажев дека повторно ќе играме во четврт-финалето. Од денешна перспектива, треба да сме горди на своето постигнување бидејќи...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top