Честит 7-ми Ноември, Денот на ослободувањето на Охрид

Охрид денес го одбележува 7-ми ноември, Денот на ослободувањето на Охрид од фашизмот.

 |   | 

Охрид денес го одбележува 7-ми ноември, Денот на ослободувањето на Охрид од фашизмот.

Градот Охрид за време на Втората светска војна се наоѓал под бугарска окупација. Партизанските единици го ослободиле градот на 15 октомври 1944 година, но за кратко време, под притисок на германските сили тие се повлекле.

После борбите помеѓу партизаните и германските сили, ноќта меѓу 7-ми и 8-ми ноември градот е ослободен. На олтарот на слободата на нашиот град останаа на вечна стража 40-тина храбри борци, а повеќе од шеесеттина борци беа ранети.

Кон нивното дело, сите ние треба да се однесуваме со почит бидејќи нивните животи згаснаа во борбите за ослободување на Охрид што партизанските одреди ги водеа со фашистичкиот окупатор на 7-ми Ноември 1944 година.

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top