Младиќ: Не сакам да ми се чита обвинението

Воениот злосторник, Ратко Младиќ се појави пред хашкиот суд. Почна да одговара на прашањата на судот за својот идентитет. Може да се забележи дека Младиќ тешко зборува и не разбира се’ што го прашуваат.

 |   | 
Ratko vo Hag
Ратко во Хаг

Ratko vo HagПрвото прашање беше дали го разбира јазикот на кој му се обраќа судот, на што Младиќ одговори дека ги разбира само српскиот и македонскиот јазик.

Имаше и  недоразбирања околу датумот на неговото раѓање, но сето тоа произлезе од фактот дека Младиќ тешко ги разбира прашањата.

На прашањето од судијата Алфонс Ори дали ја разбира процедурата која му е прочитана, Младиќ рече: “ Господине судија, јас сум тешко болен човек. Слушнав што рече госпоѓата. Мене ми треба малку повеќе време да размислам за тоа што таа го прочита. Бидете трпелливи со мене“.

Судијата го праша Младиќ дали го примил примерокот од обвинението на јазикот што го разбира и дали го прочитал. Младиќ одговори дека не го прочитал.

“Ги погледнав материјалите, но не читав што пишува во нив. За тоа би ми требале најмалку два месеци“, рекол Младиќ, потврдувајќи дека не го прочитал обвинението.

Кога судијата го праша дали сака да му се прочита обвинението, Младиќ одговори: “Не сакам да ми се чита обвинението, ниедна буква, ниедна реченица“.

Желбата на Младиќ, меѓутоа не е исполнета. Судијата Ори го резимираше обвинението, како што рече “заради интересот на светската јавност, но и на самиот обвинет“.

Младиќ се терети за геноцид, злосторства против човештвото над несрпското население и кршење на законите и обичаите на војување во текот на немирите во Босна и Херцеговина од 1992 до 1995 година.

Во две точки, Младиќ е обвинет за геноцид во Сребреница и во уште осум босански општини, а во останатите девет точки е обвинет за прогон, истребување, убиства, депортација, тероризам, незаконско напаѓање на цивили и земање заложници.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top