Ознака: ми

Majkl Rid

„Кралот на Ламанш“, го преплива Охридското езеро

Post Views: 2 Мајкл Рид кој со своите 33 препливувања на Ламанш, со право го носи прекарот „Кралот на Ламанш“, вчера го преплива Охридското Езеро. Девет часа му беа потребни да ја преплива 30 километарската патека „Климе Савин“ од Св. Наум до градското пристаниште во Охрид. Тој е маратонецот кој каналот Ла Манш само за една година го препливал 6 пати и тоа во далечната1979 година, рекорд кој сеуште никој од мажите не го соборил. Овој искусен маратонец, задоволен од условите и организацијата на самиот настан. „Пливањето беше прекрасно, условите беа апсолутно совршени. Имав неверојатни...

Continue reading

pat

Платил комуналии и бара пристапен пат до домот

Post Views: 0 Барам пристапен пат по кој ќе можам нормално да влезам во мојата семејна куќа вели Драган Стефаноски од Охрид. За изградената куќа на улица Ристо Чадо во 1979 година платив комуналии, а сум  без пат, нагласува Стефаноски. Тој и уште неколку семејства на истата улица сега користат приод до своите домови од еден метар. Проблемот започна пред неколку месеци кога неговиот сосед со судско извршно решение си  врати дел од патот кој беше нелегално асфалтиран од страна на Локалната самоуправа, а ТВМ информираше за случајот во неколку наврати. Сега соседот своето земјиште го...

Continue reading

strajk so glad

Штрајк со глад во потрага по правда

Post Views: 10 Нема крај на тригодишните маки на семејството Спиркоски од Охрид. Откако пред три години им беше одземена куќата поради неподмирен заем, тие се снаоѓаат како знаат и умеат. Јовче Спиркоски е крајно незадоволен од правосудниот систем. Тој вели: „Охридскиот суд три пати проба да ми ја врати куќата, прво ми дадоа една привремена мерка, но кога во Битола истата ми ја поништи судијата Љубомир Бошески, ми дадоа втора времена мерка, која повторно судијата ја поништи. Вака може да оди 100 години.“ Спиркоски се прашува како е можно Охридскиот суд да пресудува во негова корист,...

Continue reading

cveke

„Цветни балкони – Цветен Охрид“

Post Views: 0 Општина Охрид во рамките на одбележувањето на 5-ти Јуни- Светскиот ден на животната средина, втората недела од месец јуни ја прогласи за „Недела на  животната средина“ во која ќе бидат опфатени повеќе активности. И годинава ќе се реализира проектот „Цветни балкони – Цветен Охрид “. Во рамките на овој проект ќе бидат поделени 500 жардиниери со саксиско цвеќе на жителите кои живеат на следните улици: „Даме Груев“ од пресекот со „Туристичка“ до „Питу Гули“, „Јане Сандански“ од пресекот со „Туристичка“ (Маркет Макси Д) до „Сирма Војвода“ (кружен тек кај болницата),...

Continue reading

Еден месец, две премиери

Post Views: 1 За еден месец две театарски премиери. Амбициозен старт на Охридскиот тетар, кој функционира во рамките на Центарот за култура „Григор Прличев“. Директорката на оваа установа, Драгана Боцеска ги најави двете премиери кои во јуни месец, треба да им се случат на Охриѓани. Едната, обработка на класично дело, другата пак тетарска обработка на една доста современа тема. Режисер на претставата „Метаморфози“ е младиот Андреј Цветаноски. Цветаноски информира дека преставата се работи по делото на Овидиј, но како нивна сценска верзија. Сценската драматизација и адаптација е на...

Continue reading

Milanka Noveska

Грст први меѓународни награди за Миланка Новеска

Post Views: 72 Се нижат успесите на најмладиот оперски талент во Македонија – Миланка Новеска од Охрид. За само неколку месеци се закити со три први меѓународни награди. Во моментов е прва година во средното музичко училиште Илија Николовски Луј во Скопје и со сигурност вели дека нејзината идна професија ќе биде оперски пејач. Нови успеси за Миланка Новеска. Охриѓанаката која  сосема лесно, без напрегнување, со чист и отворен глас на грлото уште од девет години пееше арии, сега нижи меѓународни успеси. За само неколку месеци освои три први места на меѓународни натпревари. Најпрво...

Continue reading

doktor

Незадоволни пациенти реагираат

Post Views: 14 Докторите на Одделението за уво, нос и грло при Општа болница Охрид, некултурни. Вака  се обвинети докторите Фетах и Беде од ова оделение, во допис од незадоволна пациентка кој деновиве стигна до нашата редакција. Меѓу другото во дописот стои, цитирам;„Премногу бев револтирана за да го премолчам ова и решив да ви пишам. На 21.01.2011 в0 12 и 30 часот бев во оделението за уво, нос и грло. на смена беа доктор Фетах и Др. Беде. Доктор Фетах во моментот беше зафатен со пациенти, па се упатив во празната ординација. Требаше преглед да ми изврши слободниот доктор, во случајов...

Continue reading

Opshta bolnica Ohrid

Пациeнтка со инфицирана рана жртва на лекарско препукување

Post Views: 20 Во Охридската општа болница три часа траела драмата на пациентката  Ленче Атанасоска, која со инфицирана рана на раката требало да прими инфузија. Атанасоска со уреден упат од матичниот лекар била испратена на хируршкото одделение заради тежината на повредата,  да даде мислење специјалист хирург. Хирургот д-р Никола Симоноски како  што тврди Атанасоска ја прегледал и препишал терапија  која требало да ја прими преку инфузија. По укажување на матичната лекарка терапијата  можела  да ја прими само во дневната амбулната при општа болница. Атансоска вели тука и започнал ...

Continue reading

Dejan Panoski

Бојкот на Свечената академија

Post Views: 0 Охридскиот комитет на ВМРО – ДПМНЕ ќе ја бојкотира свечената академија на 8 ми Декември. Дејан Паноски во име на неговата советничката група, на денешната пресс конференција јавно го изнесе партискиот став. Тој потенцира дека доделувањето на Св. Климентовата награда на Велија Рамковски е невиден скандал. Паноски изрази несогласување и отпор кон ваквиот според него скандалозен чин. „За советничката група на ВМРО-ДПМНЕ овој срамен чин е вознемирувачка политичка инструкција на Градоначалникот на Охрид, на заменик – градоначалникот како гласач во Комисијата  за  одбележување...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top