Ознака: ми

decinja kralica

Портокалово, портокалово и пак портокалово

Post Views: 3 Познато сценарио, познати актери. Насмеани, ведри, облечени во карактеристичната портокалова боја, холандските туристи денес имаа можност далеку од дома да го прослават денот на холандската кралица. Плажата Куба Либре и овој пат беше домаќин и организатор на најважниот празник во холандската култура. На прославата беше присутна и првата дама на холандската дипломатија во Македонија, Мариет Шурман. „Не ми е прв пат тука во Охрид, но точно ова ми е прв пат да сум во Охрид за денот на кралицата. И денес е денот Д, 30 Април па ние го прославуваме нашиот национален празник...

Continue reading

банер

Tеатарската претстава „Ромео и Јулија“ ќе го отвори 52-то издание на „Охридско лето

Post Views: 1 После цели 12 години, фестивалот Охридско лето ќе биде отворен со македонска тетарска претстава. Елизабета Јанкулоска, директорот на фестивалот, најави дека програмата е веќе утврдена и кажа дека ова 52-ро издание на фестивалот, во целост ќе биде посветено на уметниците и уметничките вредности. „Сега дозволете ми со голема чест и задоволство да ве информирам дека отворањето на Фестивалот „Охридско лето 2012 година“, ќе биде со театарскиот оратриум Ромео и Јулија, кој во себе ќе ги обедени музичко сценските уметности, тетатрот, операта, балетот и музиката. Многу се радувам...

Continue reading

svilar

Нема благодарам за мојот хуманизам

Post Views: 4 Интересна живота сторија на Дмитар Свилар. 178 кратниот крводарител кој цели 36 години живее и работи во Охрид, нема државјанство. Трнливиот пат до потребните документи започнува од распадот на Југославија, вели Свилар. И покрај регуларниот 12 годишен брак со македонка, кој завршил со развод и од кој има син, тој досега не успеал да се стекне со право на државјанство. Сите негови обиди да поднесе документи биле неуспешни и задоцнети. Барем така му кажувале претпоставените во надлежните служби. „Па јас ги поднесував документите, па ме одбиваа. Прв пат кога ги поднесов...

Continue reading

zelencuk

Здравиот живот чини многу пари

Post Views: 0 „Живејте здраво“, „хранете се здраво“, „бидете физички активни“, „живејте квалитетно“, ова се само некои од максимите кои се однесуваат на претстојниот светски ден на здравјето. Но се поставува прашањето, КАКО? Здравјето не е само добар здравствен систем. За здрав живот потребна е здрава храна, вода, здрави животни навики, потребен е чист воздух. Но, почитувани, да не се лажеме, се тоа чини пари и тоа многу пари. Доколку би се одлучил здраво да живеам, за почеток како македонец ќе ми треба ориз и многу леб, ама само интегрален, демек тој е здрав. Потоа ќе ми треба доста...

Continue reading

sahta

Жителите на Воска се гушат во прав

Post Views: 1 Дел од Охрид и во 21 век нема улично осветлување. Покрај овој проблем, жителите од улицата Ариф Мустафа се жалат и дека секојдневно се соочуват и со низа други проблеми. „Осветлување нема, асфалт нема, а најлошо е што канализацијава не е како што треба и наместо да оди надолу таа се враќа назад и прави проблеми во куќиве. Исто е и кај мене. Штом заврни дожд, фекалии  извираат во нашиве дворови. Сме се пожалиле во локалната, направив и список и го поднесовме ама сеуште немаме одговор“, вели жител на ул. Ариф Мустафа, Злате Велоски. Велоски уште прашува зошто локалната...

Continue reading

tocak znak

Велосипедска патека за акробати!

Post Views: 7 Имало ден и за велосипедистите. Некој се сети и на нив, па долж „Туристичка“ им нацрта две релативно симетрични жолти ленти. Па сега слободно може да возите меѓу нив и гајле да си немате. Изгор жолтата боја како оса ги боди во очи оние со автомобилите, па од километар можат да ве видат. Безбедни сте, верувајте. Ако досега велосипедистите се вклопуваа во сообраќајниот пејсаж, од сега и со мижење ќе може да се забележат. Секако ако се движите помеѓу жолтите лентички. Да не излезе дека Ве лажам, еве ќе Ви бидам личен водич низ маестралната велосипедска патека, па да се...

Continue reading

semejstvo ibraimovski

Родителите разочарани од проектот „Бејби бум“

Post Views: 8 Без паричен надомест за четвртото дете остана Фатмире Ибраимоска, за малата Мевлана од Охрид. Таа, година и седум месеци тропа од врата на врата по институциите, барајќи ги своите права за користење на надоместок за четврто дете. Но, до ден денес ништо од тоа. Ибраимоска вели дека ги исполнува условите за паричен надомест кој и следува за нејзината ќерка, но таа е крајно разочарана од односот на луѓето од надлежните институции кои треба да и го овозможат тоа право. „Уште од првиот ден одам по институции да го барам правото на моето дете кое му се следува. Одам кај Лилјана...

Continue reading

патронат

О.У. „Григор Прличев“ го слави својот патронен празник

Post Views: 0 Пред бистата на големиот поет и преродбеник во дворот на училиштето, беше положен ловоров венец, а беа прочитани и првонаградените литературни творби од конкурсот на тема „Охрид, моја гордост, моја инспирација“. Ликот и делото на  Прличев, најголема инспирација за младите поетеси. „Моја инспирација беше Григор Прличев, кој е човек што и покрај сите грчки плукања тој успеал да стане втор Хомер и тоа мене ми беше многу голема инспирација за да напишам песна, ми требаа два дена и јас со голема желба ја напишав таа песна“, велат Мартина Целеска и Марија Мисоска. Во чест...

Continue reading

Vida Ognenovic

Вида Огњеновиќ, добитник на овогодинешната Светска награда за хумнизам

Post Views: 6 Вида Огњеновиќ, големата дама на балканската и светската книжевност, добитник на овогодинешната Светска награда за хумнизам. Огњенович, пресреќна што нејзините заслуги ја донесоа во друштвото на Икеда, Солженицин, Де Оливеира и другите лауреати на оваа награда. „Па како прво многу се израдував, мислам дека и големо задоволство ми причинува фактот што претходните добитници на оваа награда се големи имиња во светот на културата во светот. Ми значи многу, прво да размислам дали навистина сум ја заслужила, и да ги пополнам оние места кои мислам дека недостасуваат во тие...

Continue reading

Cvetko Grozdanov

Академик Цветан Грозданов ја отвори душата

Post Views: 5 Традиционалното признание кое го доделува „Лајонс клуб – Охрид“, во рацете на академик Цветан Грозданов. „Кога ќе споменете Горна Порта за мене како историчар на Охрид помеѓу другото оваа порта има свое и историско и уметничко значење. Јас долго го проучувам Охрид, затоа што тоа ми е опсесија. Повеќе од задоволем сум што Лајонси се сетија на мене и со оваа награда ме почестија“, изјави академик Цветан Грозданов по примањето на наградата. „Овдека сретнав една генерација, нова генерација на млади охриѓани, интелегентни, пробивни, продорни, образовани кои ја знаат својата...

Continue reading

sudenje gliserska nesreka

Кристијан Шапкар проговори-„Не се чувствувам виновен“!

Post Views: 10 Нова одбрана, нов пристап. Кристијан Шапкар конечно проговори. Откако ги разделија патиштата со досегашниот адвокат, Емил Балабан, обвинетиот за прв пат се произнесе пред Охридскиот суд. „Не се чувствувам виновен“ рече Шапкар и го започна своето сведочење за критичниот ден. Имено, Кристијан Шапкар се товари за тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот. Во своето сведочење, Шапкар пред Охридскиот суд изнесе повеќе детали околу критичниот ден. „Не знам каков маневар направи тој пловен објект, но наеднаш го забележав како сенка. Јас се обидов да...

Continue reading

biseri

Лажни бисери

Post Views: 23 Изработката на Охридскиот бисер од далечната 1924 година па до денес останува најчувана охридска тајна. Не само вештината во изработување туку и убавината на вистинскиот охридски бисер досега успеал да воодушеви илјадници луѓе од целиот свет. Несомнено квалитетот умее да привлече најмногу внимание, но не само најмногу туку и најдалеку. Дури и далечната Австралија дозна за Охридскиот бисер и стави прекрасен крај на романтичната приказна за двајца вљубени. Среќниот свекор тргна на далечен пат. „Просто не можев да поверувам дека човек кој ќе го жени својот син, кој живее...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top