Кристијан Шапкар проговори-„Не се чувствувам виновен“!

Вака се произнесе пред Охридскиот суд, Кристијан Шапкар, на денешниот главен претрес за глисерската несреќа. На совет на новиот правен застапник, Шапкар се одлучи да ги раскаже деталите од критичниот ден. Пред судот сведочеше и неговата сопруга, Ивана Шапкар.

 |  Мишел Наумоски  | 
sudenje gliserska nesreka
sudenje gliserska nesreka

sudenjeНова одбрана, нов пристап. Кристијан Шапкар конечно проговори. Откако ги разделија патиштата со досегашниот адвокат, Емил Балабан, обвинетиот за прв пат се произнесе пред Охридскиот суд. „Не се чувствувам виновен“ рече Шапкар и го започна своето сведочење за критичниот ден. Имено, Кристијан Шапкар се товари за тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот. Во своето сведочење, Шапкар пред Охридскиот суд изнесе повеќе детали околу критичниот ден.

„Не знам каков маневар направи тој пловен објект, но наеднаш го забележав како сенка. Јас се обидов да го избегнам судирот, мислам дека завртев десно, знам само дека одеднаш се слушна удар и сите се најдовме во вода.“-рече Шапкар. Меѓу другото тој потенцираше дека заедно со сопругот на сега веќе починатата Ирина Муцунска, се обидел да ја реанимира, иако таа не давала знаци на живот. Шапкар додаде дека дури подоцна дознал дека таа не ја преживеала несреќата.

Kristijan ShapkarЗа обвинителството еден од главните докази во постапката се резултатите од анализираната крв и урина. Во тие резултати стои дека обвинетиот, критичниот ден во крвта имал 0.72 промили алкохол во крвта, додека во урината 1,28 промили. Шапкар пред Охридскиот суд изјави дека пред несреќата не консумирал алкохол бидејки неговата тогашна лекарска терапија не му го дозволувала тоа. „Кога дојдов дома сите ми викаа да се смирам, па се напив неколку чашки ракија, бев во шок, ми кажаа дека Ивана е мртва.“ – рече обвинетиот.

tatkoto i soprugata na Kristijan ShapkarСвое сведочење за настанот даде и сопругата на обвинетиот, Ивана Шапкар, која проговори и за обидите да стапи во контакт со сопругот на сега веќе починатата Ирина Муцунска. „Немаше никаков одговор од таму“ – рече таа. Обвинетиот, Кристијан Шапкар, потенцираше дека не само што семејството Муцунски не сакало да комуницира, туку и дека од нивна страна биле упатувани и закани на адреса на обвинетиот и неговото семејство. Во насока на утврдување на причинско-последичната врска за откриениот алкохол во крвта и урина на обвинетиот и несреќата, одбраната побара од судот како сведоци во наредните рочишта да бидат повикани и Владо Маленко, Јован Костовски и Марика Шапкар, кои биле присутни кога обвинетиот ги испил неколкуте чашки ракија. На крај од своето излагање, Шапкар додаде: „Многу ми е жал за загубата на семејството Муцунски, посебно за децата. И јас имам деца и не би сакал никого да разочарам, но јас не се чувствувам виновен, ова се случи и јас не можам да го вратам.“

Инаку, несреќата  се случи на 22.08.2009 година, и во неа настрада Ирина Романова Муцунски, додека Кристијан Шапкар заработи кривична пријава за тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот. Првото рочиште за овој случај беше одржано на 13ти Мај 2010 година. Досега беа закажани 16 рочишта од кои 10 беа откажани по барање на одбраната.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top