Ознака: лицата

slikari

Лицата со телесен инвалидитет и академски сликари заедно творат на ликовна колонија во Охрид.

Post Views: 1 Охрид по седми пат од 17 до 24 април е домаќин на Меѓународна ликовна колонија  во организација  на Националниот  сојуз  на лица со телесен инвалидитет Мобилност Македонија. Софка Прчева, Генерален секретар на Мобилност, информира дека на ликовната  колонија годинава зеле учество 27 сликари од повеќе Балкански земји.  Интересот за учество на колонија е голем и од здруженијата на лицата со телесен инвалидитет, но и од академските сликари, но ние се трудиме постојано да има нови учесници, подвлекува Прчева. „Учествуваат лица со телесен инвалидитет, талентирани за сликање...

Continue reading

Ќе се подобрува пристапот на лицата со хендикеп до музеите во Охрид

Post Views: 7 Ќе се подобруваат пристапните места за лицата со попреченост до музејските збирки во градов. Завод и музеј како и невладините организации имаат можност да аплицираат со проекти за добивање грантови во висина до 4000 евра за оваа намена. Рокот за аплицирање е до 4 мај. Проектите се финансирани од фондацијата Ставрос Ниаркос. Рокот е краток за аплицирање затоа ги повикувам сите заинтересирани невладини организации кои се во можност да изготват ваков проект да го сторат тоа и да го достават до Завод и музеј па ние ќе аплицираме во нивно име, објаснува Горан Патчев-архитект...

Continue reading

Шарени чорапи за светскиот ден на лицата со Даунов синдром

Post Views: 7 Анастазија Жупан е млада девојка која ги сака истите работи како и нејзините врснички. Сака музика, обожува да се капи во езерото, да шета по охридската чаршија, да се дотерува, да се дружи со своите пријателки со кои ги споделува своите тајни. Анастазија секогаш е насмеана и ведра и со неа е задоволство да се разговара. Дури тоа ако знаеш можеш да го направиш и на шпански, бидејќи Анастазија има познавања и од овој јазик. Таа е активна и не  бега од обврски, туку ги исполнува со задоволство. Таа е дел од Лајонс клубот „Деница“ каде учествува во сите активности посебно...

Continue reading

logo

Невработените имаат повеќе од месец да се пререгистрираат во ФЗОМ

Post Views: 27 Фондот за здравствено осигурување повика повторно да се регистрираат невработените лица и лицата кои лани добиле здравствено осигурување на товар на Буџетот за себе и за своето семејство. – Со цел да се обезбеди континуитет во здравственото осигурување за овие лица почнувајќи од 1 февруари 2013 заклучно со 31 март 2013 година, ги повикуваме сите лица кои согласно законот ги исполнуваат условите, да дојдат да се регистрираат. Оваа обврска се однесува и за сите оние кои се регистрираа во 2012 година, да се пререгистрираат во соодветната подрачна служба на Фондот...

Continue reading

Во Охрид нема СОС линија за лицата кои се жртви на семејно насилство

Post Views: 7 Во Охрид нема СОС линија за лицата кои се жртви на семејно насилство. Единствената која функционираше во рамките на Женскиот центар „Бисера“ згасна пред неколку години поради немање финансиска подршка од локалната. Членовите на Комисијата за еднакви можности помеѓу мажите и жените која функционира во рамките на Советот на општина Охрид бараат сериозно да се разгледа овој проблем, нагласувајќи дека се поголем е бројот на жени, но и на мажи кои имаат потреба од стручна помош и совет поради трпење семејно насилство. Советничката Жаклина Лазаревска која е член на оваа комисија...

Continue reading

gluvi lica

Лицата со оштетен слух и вид ќе се обучуваат за водоинсталатери, заварувачи и масери

Post Views: 7 Во Охрид ќе се спроведуваат четиримесечни обуки на лицата со оштетен слух и вид. Обуките ги организира Агенцијата за вработување  и тоа за струката водоинсталатер и заварувач каде можат да се пријават глуви и наглуви лица и масери каде можат да аплицираат лица со оштетен вид. Целта е да им се овозможи на оваа категорија граѓани да имаат поголеми можности за вработување. Ова е убава иницијатива но сметам дека не треба да се застане тука. Најдобро би било овие струки да се воведат во средното специјално училиште за глуви ученици. Кај нас работодавачите сеуште немаат пракса...

Continue reading

На дното на Охридското Езеро поставена подводна елка во знак на поддршка на лицата со ретки болести

Post Views: 11 Новогодишна честитка за поддршка на децата со ретки болести од дното на Охридското Езеро. На еден редок и навистина уникатен начин, нуркачите на Клубот за подводни активности „Охрид” ги упатија своите новогодишни честитки до децата со ретки болести, за кои накитија и им ја посветија нивната ретка подводна новогодишна елка. За оваа категорија на дечиња потребна е поголема достапност на терапијата, која значи живот за нив, но и одобрување на нови терапии – порачаа нуркачите. Тие упатија најубави желби за во новата 2022 година, сите заедно да влеземе со...

Continue reading

gluvi i nagluvi

Се подобруваат условите во градов и во државава за лицата со оштетен слух

Post Views: 9 Полека, но сигурно се подобруваат условите во градов и во државава за лицата со оштетен слух. Во охридското здружение на глуви и наглуви лица има околу 150 членови од кои неколку се малолетни лица.   Двајца од нив се во основно образование, двајца се средношколци едн апсолвент,а има и едно 4 годишно дете кое оди на подготвителна настава во училиштето во Битола за деца со оштетен слух. Според сегашните законски решенија родителите се тие кои одлучуваат каде ќе се школуваат нивните деца, дали ќе посетуваат некое специјализирано училиште или пак ќе следат настава во училиштата...

Continue reading

invalidi rucek

Дружба, разговор и свечен ручек за лицата со посебни потреби од Охрид и Струга

Post Views: 4 Дружба, разговор, смеа и празнична атмосфера. Штитениците од здруженијата на лица со посебни потреби од секаков вид од Охрид и Струга денес на предновогодишен ручек во хотелот Даљан. Одговорните лица од здруженијата велат дека целта им е за своите штитеници да почувствуваат предновогодишна атмосфера и да се почувствуваат како подеднакво значаен дел од општеството. “Ги тргаме од нивната секојдневност, да направиме нешто за нив да се почувствуваат рамноправни граѓани, да почувствуваат дека на нив се обрнува внимание, да почувствуваат дека ни претстои некој голем...

Continue reading

Лицата со телесен инвалидитет од Охрид ги одржаа традиционалните спортски игри

Post Views: 2 Волјата да се успее, силата да не се предадат во најтешките моменти, упорноста и истрајноста го помагаат дури и телесниот инвалидитет. Дури и скептиците денес би можеле да се уверат во ова ако би ја погледнале желбата и ентузијазмот со кој телесните инвалиди од градов се натпреваруваа во традиционалните спортски игри кои тие ги организираат, а по повод меѓународниот ден на лицата со инвалидитет, 3ти декември. Шах, пинг-понг, пикадо, стрелање со воздушна пушка, табла и домино. Ова се дисциплините во кои луѓето од здружението на лица со телесен инвалидитет, но и лицата...

Continue reading

Меѓународниот ден на лицата со попреченост

Post Views: 6 По повод 3 Декември – Меѓународниот ден на лицата со попреченост, Центарот за подобрување на квалитетот на живот на лицата со интелектуална попреченост и нивните фамилии Порака Нова од Струга организира настан за одбележување на денот насловен како Инклузивна Уметност, кој ќе се одржи во четврток, 03/12/2015 во Центарот за култура Григор Прличев во Охрид, со почеток од 18:00 часот. Настанот се организира во соработка со Здружението на слепи од Охрид, Здружението на слепи од Струга, Здружението на глуви и наглуви лица од Охрид, Здружението на глуви и наглуви од Струга,...

Continue reading

majka i dete

Светски ден на аутизмот

Post Views: 3 Денеска се одбележува Светскиот ден на лицата со аутизам. Кај нас се одржува по вторпат, а централната манифестација ќе се одржи на плоштадот Македонија. Аутизмот практично е серија најразлични пореметувања што влијаат на способноста на одредена личност за социјална интеракција или  формирање пријателства. Многу почесто е дијагностициран кај момчињата, отколку кај девојчињата.Научниците не знаат што е причината за појавата, но и покрај генетските предиспозиции, најново е што акцентот  е ставен на еколошките фактори или на комбинација од двете. Д-р Исак Песах од Универзитетот...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top