Ознака: лицата

Започна обука на лични асистенти за лицата со инвалидитет од Охрид

Post Views: 4 8 лица со инвалидитет од Охрид ќе добијат по еден личен асистент. Помошниците ќе им помагаат и ќе им го направат секојдневниот живот полесен. Меѓу овие лица кои ќе користат личен асистент е и охриѓанката Нада Јонеческа. „ Многу сум среќна што можам да добијам ваква услуга. Со оваа асистенција ќе ми биде многу подобро. Очекувам дека животот ќе ми е исполнет и повесел. Нема да бидам сама и тажна“, вели Јонческа. Помошниците на лицата со инвалидитет ќе треба да ги одменат членовите на нивните семејства кои се постојано покрај нив. Асистентите ќе бидат платени од државата,...

Continue reading

Со лична асистенција до полесно и подобро функционирање на лицата со посебни потреби

Post Views: 6 Во светот и дел од земјите членки на Европска Унија позитивни се примерите за практики на лична асистенција на лица со посебни потреби. Во Данска и Италија уште од 1998 година со закон е регулирана и загарантирана персоналната асистенција која ја добиваат лицата со посебни потреби.   Во рамки на проектот „Градење на капацитети на организации за помош на лица со посебни потреби во Македонија” имплементиран од страна на Фондацијата за одржлив економски развој ПРЕДА Плус во соработка со Здружението на студенти и младинци со хендикеп се разгледува и состојбата на оваа тема...

Continue reading

Лицата со посебни потреби ќе бидат вклучени во легалниот пазар на труд

Post Views: 8 Лицата со посебни потреби ќе имаат можност теоретски и практично да стекнуваат вештини за работа, со кои ќе можат да аплицираат на некои работни места на пазарот на трудот во Охрид. Тоа им се нуди со пилот проектот кој е организиран од Министерството за труд и социјална политика и ЕУ. Предвидено е проектот е да трае два месеци, а ќе се состои во професионална рехабилитација на лицата со посебни потреби. Фирмата „Алпојо“ покажала социјална одговорност и понудила лицата кои се вклучени во проектот да ги обучи за две работни места во нивната организација, пренесува Жанета...

Continue reading

logo

Недела на HIV тестирање

Post Views: 1 Се уште, предрасудите кон овие лица се големи, а неретко се случува да бидат одбиени и за здравствени услуги. Неинформираност и непознавање, за жал постои и кај здравствените работници. Луѓето инфицирани од ХИВ се плашат да проговорат, од многу причини. Ние се уште сме општество со предрасуди, па и оттука потекнува стравот од осуда и отфрлање од страна на околината. Стравуваат од губење на работното место. Подигнувањето на нивото на информираност и јавна свест за лицата со ХИВ како и елиминирање на предрасудите и дискриминацијата се главните цели на активностите кои...

Continue reading

seminar

Дефицит на дефектолози во Струга

Post Views: 3 Само еден дефектолог на подрачјето на општина Струга се справува со децата кои имаат посебни потреби. Овој податок навистина е загрижувачки, со оглед на тежината на работата со која се соочуваат ваквите стручни лица. На територијата на општина Струга има голем број на деца со посебни потреби и еден дефектолог невозможно е да се справи со нив, вели Благица Чочороска, дипломиран дефектолог. Потребите на лицата со посебни потреби се големи и комплицирани, вели Мустафа Калиќи, директор на Општинското основно училиште од селото Октиси. Тој додава дека и покрај нивниот максимален...

Continue reading

Одбележан 3-ти декември денот на лицата со инвалидитет

Post Views: 11 Во Охрид одбележан 3 декември денот на лицата со инвалидитет. Повеќе охридски здруженија го одбележаа светскиот ден  со неколку спортски активности. Претседателот на здруженеито со телесен инвалидитет  „Мобилност“ од Охрид , Венко Голабоски кажа дека 10 посто од  населението во Македонија е со некој  инвалидитет. При тоа потенцира дека тие не се лица со посебни потреби туку дека се лица со посебни способности.  Голабоски се осврна и на тоа колку се задоволни од досегашните придобивки на институциите. „Придобивките кои државата и општината ги доделува на лицата со инвалидитет...

Continue reading

Лицата со оштетен вид многу тешко се снаоѓаат во институциите во градов

Post Views: 0 Лицата со оштетен вид или оние кои целосно го изгубиле видот многу тешко се снаоѓаат во институциите во градов како и во здравствените установи. Доколку со нив немаат некое лице да ги придружува тие не можат да ја завршат својата работа. Во решавањето на овие нивни секојдневни проблеми им излегува во пресрет Здружението на слепи лица од Охрид. На младите лица најмногу им помага околу образованието и вработувањето, а на повозрасните им помага околу ориентација во просторот, да ја научат брајовата азбука,  околу остварување на некои бенефиции, да набават некои помагала,...

Continue reading

Зошто во целост не се користат средствата од буџетот наменети за лекување на лицата заболени од ретки болести?

Post Views: 0 Секоја година според измените и дополнувањата за Законот за здравствена заштита, во буџетот на Македонија, влегуваат дел од средствата по основ наплата на акцизи на цигари, средства кои понатака треба да се издвојат за набавка на лекови за ретки болести. Меѓутоа иако од година во година се зголемува фондот на средствата за програмата за лекување на ретки болести, Владата и Министерството за здравство трошат помалку средства од наменетите, велат од Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените ЕСЕ. „Она што е важно да се каже е дека буџетот на програмата...

Continue reading

За лицата со попреченост ќе има приоди на улиците на кои во тек е реконструкција

Post Views: 2 Охриѓани заинтересирани дали лицата со инвалидитет ќе може да се движат без потешкотии на трите градски улици на кои се изведува реконструкција. Прашуваат дали на улиците 15ти Корпус, Абас Емин и Јане Сандански ќе има непречен пристап за лицата со инвалидитет. Општина Охрид внимава на почитување на законските прописи. Нема место за импровизации во проектите за подобрување на патната инфраструктура бидејќи градежните зафати  се изведуваат според највисоките стандарди, вели Томе Џамтоски, општинскиот портпарол.    Тоа подразбира непречено одвивање на сообраќајот за моторни...

Continue reading

дијабет

Лицата со дијабет од Охрид се жалат нема доволно инсулин

Post Views: 0 Охридските дијабетичари нервозни и загрижени се жалат дека немаат доволно иснулински пенкала. Ова не е прв пат дијабетичарите да реагираат на недосток од инсулинска терапија. Сега укажуваат дека ги нема инсулинските пенкала со Левемир, Новомикс, Лантус. За да ги потврдиме овие тврдења се обративме и до претседателот на охридското здруженеи Димче Панџакоски. Тој кратко потврди дека нема доволни количини. За подетални информации не упати кај Благоја Димоски претседател  на Сојузот на здруженијата на дијабетичарите од  Македонија. Димоски неколку дена по ред не одговара...

Continue reading

Поради Google луѓето мислат дека се попаметни

Post Views: 0 Благодарение на интернет пребарувачите како Google, денес во само неколку секунди можеме да дознаеме сѐ што нѐ интересира, додека во минатото за пронаоѓање на некои информации било потребно повеќедневно истражување по летературата и библиотеките. Бројни се предностите на пребарувањето по Google, но како што покажало неодамнешното истражување помеѓу студентите на Yale, поради Google и интернет пребарувањето, границата помеѓу она што знаеме и она што мислиме дека знаеме станува сѐ потенка. Истражувањето на над повеќе од 1.000 студенти покажало дека лицата кои барале информации...

Continue reading

plaa

Од Мобилност бараат плажа во Охрид со адаптиран приод за лицата со инвалидитет

Post Views: 10 Од Националниот сојуз на лицата со телесен инвалидитет Мобилност  бараат пристап до најблиската плажа на охридското крајбрежје. Софка Прчева, генерален секретар на Мобилност, вели дека неколку години наназад бараат неколку плажи на охридското крајбрежје да се пролагодат за лицата со телесен инвалидитет, како и да се прилагодат туш кабини и тоалети. „Имавме поддршка од Министерството за транспорт и врски дека ќе се остари  и реализира тоа што е предвидено во Законот за градба и Правилникот за утврдување на начинот за пристап до објектите и надвор од објектите за лица...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top