Лицата со дијабет од Охрид се жалат нема доволно инсулин

Лицата со дијабет од Охрид се жалат нема доволно инсулин.

 |  Валентина Неловска  | 
дијабет

Охридските дијабетичари нервозни и загрижени се жалат дека немаат доволно иснулински пенкала. Ова не е прв пат дијабетичарите да реагираат на недосток од инсулинска терапија. Сега укажуваат дека ги нема инсулинските пенкала со Левемир, Новомикс, Лантус. За да ги потврдиме овие тврдења се обративме и до претседателот на охридското здруженеи Димче Панџакоски. Тој кратко потврди дека нема доволни количини. За подетални информации не упати кај Благоја Димоски претседател  на Сојузот на здруженијата на дијабетичарите од  Македонија. Димоски неколку дена по ред не одговара на нашитр телефонски повици. Стапивме во контакт со Цвете Серафимоски претседателот на здруженеито Баланс мак детски дијабетес. Серафимоски кажа дека дијабетичарите не го признаваат за легитимен претседател споменатиот Димоски. Ја потврди инсулинската криза во моментов за која кажа дека е резулата на обжалување на тендерската набавка на инсулин во земјава. Посочува дека вомоментов дијабетичарите не добиваат доволно месечна терапија и им се скратуваат пенкалата со инсулин. Таквата ситуација се должи на тоа што министерсвото за здравство реши да штеди на штета на здравјето на дијабетичарите, напоменува Серафимоски.

дијабет

„ Реши да штеди на човечките животи. Во министерството за здравство постојат луѓе на кои побитни им се парите од човечките животи. Ние во министерството за здраватво имаме среброљупци наместо луѓето на кои пред се им е човечкиот живот и хуманоста. Очигледно оние кои се претставуваат како доктори , а членството на националниот комитет за диајбет се доктори, се луѓе кои или никогаш не ја положиле хипократовата заклетва или ги заборавиле зборовите и го имаат целосно заменето хипократ со хипокрит“, истакна Серафимсоки.

Серафимоски резигнирано кажува како во услови на недостаток на инсулин се снаоѓаат дијабетичарите. Како знаат и умеат,  напоменува Серафисмоки. Финансиски помоќните, кои се малку,  инсулин купуваат во странство, а повеќето дијабетичари живеат во страв како ќе го истуркаат месецот.

дијабет

„Си позајмуваат меѓу себе со надеж дека некој ќе е доволно хуман и ќе им излезе во пресрет додек а стигне следната нарачка на инсулин. Хумани се и позајмуваат од својот инсулин и се надеваат дека ќе земат навреме кога тие ќе останат без инсулин.  Ние функционираме полошо од колку лицата за време на Вторатат светска војна“, кажува Серафимоски.

На прашањето каде дијабетичарите гледаат решение за надминување на инсулинската криза, Серафимоски дециден,  решението е во заменување на целата структура и  поставување на луѓе на кои не им се битни парите туку човечките животи.   Серафимоски потврдува дека  со лош квалитет се и иглите и гликомерите.

Во Македонија се евидентирани околу 35.000 дијабетичари, а само во Охрид околу 6000.   

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top