Лицата со посебни потреби ќе бидат вклучени во легалниот пазар на труд

Лицата со посебни потреби ќе бидат вклучени во легалниот пазар на труд. Тоа ќе се прави преку посебни обуки за стекнување на вештини, кои веќе се отпочнати со реализација со првиот пилот проект „Професионална рехабилитација и персоналана асистенција на лицата со инвалидитет“ на Министерството за труд и социјална политика.

 |  Николоска Биљана  | 

Лицата со посебни потреби ќе имаат можност теоретски и практично да стекнуваат вештини за работа, со кои ќе можат да аплицираат на некои работни места на пазарот на трудот во Охрид. Тоа им се нуди со пилот проектот кој е организиран од Министерството за труд и социјална политика и ЕУ. Предвидено е проектот е да трае два месеци, а ќе се состои во професионална рехабилитација на лицата со посебни потреби. Фирмата „Алпојо“ покажала социјална одговорност и понудила лицата кои се вклучени во проектот да ги обучи за две работни места во нивната организација, пренесува Жанета Никовска Стојковска, дипломиран психолог.

„Целта на овој проект е да лицата со посебни потреби ги вклучиме на пазарот за труд. Тоа ќе го направима така што почнуваме со стекнување на вештини и обуки што подразбира комуникациски вештини стекнување на вештини за решавање на конфликти во работната средина, вештини за снаоѓање и групна работа во колективот, односно вештини кои ќе им помогнат да го подобрат или го направат соодветно сопственото однесување во работната средина“ – нагласи Стојковска.

Во рамки на глобалниот проект „Професионална рехабилитација и персоналана асистенција на лицата со инвалидитет“ вклучено е и здружението „Мобилност“, кое е носител на проектот во Охрид

„Некако се обидуваме да им помогнеме на лицата со инвалидиитет, од секаков вид, значи овде не се работи само за лица телесен инвалидитет на сите работосбособни да се вклучат во работен однос односно да се вклучат на пазарот на трудот“ – истакна претседателот Венко Голабоски.

Интерес за овој проект покажале околу 80 лица со посебни потреби, а се пријавуваат во Агенцијата за вработување на РМ. Селекцијата била извршена по пат на интервјуа, разговори со лицата во однос на нивните преостанати работни способности, здравствената состојба и нормално и нивната мотивација да се вклучат во овој проект.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top