Ознака: лицата

parking

Ј.П. „Градски Пазар“ изгради пристапни рампи за лицата со инвалидитет

Post Views: 1 Ј.П. „Градски Пазар“ изгради пристапни рампи за лицата со инвалидитет, а обезбеди и паркинзи за оваа категорија граѓани. Ова е само еден од проектите на новиот директор на Ј.П „Градски Пазар“, Тони Коталески. „Сметам дека беше повеќе од неопходно да се направат пристапни рампи до објектите во сопственост на ЈП Градски пазар – Охрид, за лицата со инвалидност. Овие рампи кои пред се се направени до продажните места за текстил и продажното место за производи од животинско потекло јајца и сирење ќе им овозможат ист пристап на сите граѓани на Охрид“, вели директорот...

Continue reading

Охрид и светот денес го одбележуваат 2 Април – Меѓународниот ден на лицата со аутизам

Post Views: 6 Илјадници културни обележја, згради, домови и заедници ширум светот денес ќе се обојат во сино, испраќајки силна порака за поддршка на лицата со аутизам и нивните семејства. Ќе се одржат настани и едукативни активности со цел да се зголеми разбирањето и прифаќањето на лицата со аутизам, да се поттикне поддршката и да се мотивираат поединци и институции во креирање на пољубезен и поинклузивен свет за сите. Со таа цел, Здружението за поддршка и третман на лица со аутистичен спектар и атипичен развој „Во мојот свет“, Lions клубот Лихнидос и компанијата ‘ПАП’...

Continue reading

zdruzenija

Се надминуваат бариерите за лицата со инвалидитет

Post Views: 6 Институциите почнуваат полека да учат дека ние постоиме во оваа држава, вели Снежана Танеска од Здружението со телесно инвалидизираните лица  Мобилност од Охрид. Требаше да поминат две години по ратификацијата на Конвецијата за правата на лицата со инвалидитет за работите да почнат  да се менуваат. Танеска напоменува дека тие се свесни дека промените нема да се случат преку ноќ. Додава дека тие треба да се изборат за промените во свеста кај останатите граѓани за да  сфатат кои се нивните потреби.„ Досега бевме маргинилизирани, туркани настрана и не не погледнуваа. Сега...

Continue reading

socijalno

Обнова на право на социјална помош со минимална документација

Post Views: 0 Повеќе од триста и седумдесет барања за продолжување на правото на социјална парична помош пристигнати во Центарот за социјални работи во Охрид. На крајот од месецов истекува законскиот рок за годишна обнова на документацијата на корисниците на право на социјална парична помош. Од центарот за социјални работи велат дека со цел да им се излезе во пресрет на корисниците на социјална помош, оваа обнова на документацијата со последните законски измени е доста поедноставена, пред се во обемот на документација која корисниците треба да ја носат со себе. „По новиов систем...

Continue reading

slepi

Музејските артефакти набрзо ќе станат подостапни за слепите лица

Post Views: 9   Слепите лица и лицата со оштетен вид ќе можат да ја почуствуваат културата. Завод и музеј заедно со Здружението за слепи лица од Охрид изработиле проект со наслов „Допри ја културата, почувствувај ја уметноста“. Тој е финансиран од фондацијата Ставрос Ниаркос во партнерство со Шведската организација „Културно наследство без граници“. Со овој проект треба да им се овозможи на слепите лица и лицата со оштетен вид подобар пристап до просториите со музејските збирки и експонати во Охрид. Ќе се изработат и копии на артефакти кои не можат да вообичаено да се допираат .Во...

Continue reading

mtsp

Во Охрид успешно се спроведува проектот „ Се грижиме за топол дом“

Post Views: 7 Троседи и фотелји, фрижидери и машини за перење донирале наши сограѓани за семејствата во социјален ризик. За еден месец охридскиот  Центар за социјална работа учествувал во  посредување и реализиација на 15 донации. Социјалниот работник Мира Врангалоска  која  е дел од тимот за спроведување на проектот, кажува дека примените пријави за донации и потреби се евидентираат во база на податоци. Со нивна помош се прави поврзување на давателите и примачите на донации. „ Во Центарот сме задоволни, соработката е добра меѓу лицата што донираат и бараат донација. Дoнираат добар...

Continue reading

memorandum

Меморандум за соработка со лицата со попреченост

Post Views: 9   СРЦ „Билјанини извори“потпиша меморандум за соработка со лицата со попреченост. На вкупно шест здруженија од Охрид, на располагање ќе им бидат спортските објекти со кои стопанисува претпријатието за да можат да ги изведуваат сите активности што ќе ги организираат самите здруженија, вели првиот човек на СРЦ „Билјанини извори“ Иван Цветкоски. „Градскиот базен за време на летниот период ќе биде достапен за користење на здруженијата, да имаме едно промотивнио возоње со панорамскиот автобус кога ќе го отвараме и секако да им помогнеме во сите домени каде што може да помогне...

Continue reading

primopredavanje

Локалната ја презеде обврската да се грижи за специјалното возило за лица со хендикеп

Post Views: 14 Специјалното возило за лицата со хендикеп кое беше набавено со средства од големата хуманитарна акција „Декември-месец на отворено срце“, конечно предадено во владение на општината. Раководителот на здружението за лица со интелектуална попреченост „Зраци“, Зоран Костадиноски, вели дека првичната идеја била токму таа, ова специјално возило да биде наменето за сите лица со било каков хендикеп од градов. „Полезноста на ова возило е во секој случај многу голема. Не можеме со зборови да ја опишеме. Самите лица, самите семејства знаат колку им е оневозможено нивното излегување,...

Continue reading

opstina dostapna za site

Лицата со посебни потреби во локалната самоуправа добија „Инфо точка“

Post Views: 4 „Инфо Точката“ како услуга градоначалникот Бакрачески им ја вети на лицата со посебни потреби при првата средба откако стана градоначалник. Оваа точка е во координација со она што претставува потреба за подобар сервис на оваа категорија граѓани од страна на администрацијата во општина Охрид.„Овие лица ќе имаат подеднакви права и услови како и секое друго лице кое има потреба од вршење на работи од страна на општинската администрација“, вели првиот човек на општина Охрид градоначалникот Никола Бакрачески. „Ова е инфо точка каде лицата со посебни потреби веднаш по влегувањето...

Continue reading

sigri

Охрид домаќин на 25-те јубилејни спортски игри на лица со телесен инвалидитет

Post Views: 6   За лицата со телесен инвалидитет се одржаа јубилејните 25-ти спортски игри. Стрелаштво, пинг понг, неколку атлетски дисциплини и трка со инвалидски колички се дисциплините во кои лицата со телeсен инвалидитет ги одмерија своите спортски вештини. Учествуваа над 100 натпреварувачи од кои 50- тина со телесен инвалидитет, 22-ца слепи и слабовидни и 8-мина со оштетен слух. На спортските игри учествуваше и Оливера Наковска Бикова,  освојувач  на златна медалја во стрелаштво на параолипмиските игри 2012 во Лондон. Очекувано и на овој натпревар таа беше убедливо најдобра со...

Continue reading

komunikacija lica so hendikep

Нови можности за вработувања на лицата со хендикеп

Post Views: 9 „Ова се врските кои се создаваат во семејството, на работното место, и ова се врските кои ние ги создадовме изминативе три дена“. Со оваа скоро поетска мисла, психологот Шпела Реш на лицата со хендикеп им покажа колку се значајни врските на работното место, комуникацијата, себепретставувањето пред работодавците, а се со цел или нивно полесно вработување или полесна и покоренита интеграција на своето работно место. Овие вештини, тие ги учеа на работилницата која деновиве се одржува во Охрид, како дел од проектот на Европската унија за социјална инклузија на лицата со...

Continue reading

kombe

Децата со посебни потреби веќе имаат сопствен превоз

Post Views: 6 Пристигна возилото за деца со посебни потреби. Станува збор за реализација на акцијата, Декември – Месец на отворено срце која се реализираше минатата година. Сашо Алче директорот на ЈП „Охридски Комуналец“, уште еднаш потсети кој ја иницираше  оваа хумана акција и како истата се реализира. „Како идеја на Охридски Комуналец и Отпад Охрид, во која се приклучија Локалната самоуправа, Лајонс Клубовите Лихнидос, Десарети, Ротари клубот и сите дечиња кои на некој начин учествуваа, го купивме возилото за децата со посебни потреби. За една недела ова возило би требало...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top