Охрид домаќин на 25-те јубилејни спортски игри на лица со телесен инвалидитет

Охрид домаќин на 25-те јубилејни спортски игри на лица со телесен инвалидитет.

 |  Валентина Неловска  | 
sigri
sigri

 

За лицата со телесен инвалидитет се одржаа јубилејните 25-ти спортски игри. Стрелаштво, пинг понг, неколку атлетски дисциплини и трка со инвалидски колички се дисциплините во кои лицата со телeсен инвалидитет ги одмерија своите спортски вештини. Учествуваа над 100 натпреварувачи од кои 50- тина со телесен инвалидитет, 22-ца слепи и слабовидни и 8-мина со оштетен слух. На спортските игри учествуваше и Оливера Наковска Бикова,  освојувач  на златна медалја во стрелаштво на параолипмиските игри 2012 во Лондон. Очекувано и на овој натпревар таа беше убедливо најдобра со освоени 568 кругови. Наковска вели дека редовно учествува на овие спортски натпревари. Тренира постојано, а неодамна се врати од учество на светскиот куп во Турција со освоено прво место. Се подготвува и за европското првенство што ќе се одржи оваа година во месец октомври. Проговори и за условите во кои тренира како најдобар  стрелец во светот.
sigri
„ Услови немам, но веќе 15-20 години тренирам во Центарот за социјални грижи во Битола. Има спортска сала адаптирана за стрелаштво каде што тренирам. Општината по мојот голем успех вети дека ќе направи стрелиште, засега нема ништо, но верувам дека ќе се направи и ќе можам да тренирам и работам“.

Меѓу натпреварувачите на спортските игри од здружението на лицата со телесен инвалидитет  Мобилност, беа и четворица претставници од Охрид.
Снежана и Дејан Танески се натпреваруваа во стрелаштво, Илија Јоноски атлетика и Муштеба Амети во неколку атлетски дисциплини. Амети кажа дека оствариле добри резултати како што се прво и второ место во стрелаштво на брачниот пар Танески, злато во пинг понг и сребро во атлетика.

rekvizit На спортско рекреативниот центар „Билјанини извори“ покрај лицата со телесен инвалидитет се натпреваруваа и претставници од Здруженијата на слепи и лица со оштетен слух.

Претседателот на  „Мобилност“ и македонски првак во стрелаштво Бранко Јованоски, кажа дека на овие натпоревари се следат резулататите и нормите на учесниците од страна на стручна Комисија. Сите спортисти кои ќе постигнат резултати блиски  до светските норми се форсираат и се во состав на репрезентацијата за меѓународните натпреварувања.

„ Во атлетика сме далеку зад олимписките норми  за разлика од спортското  стрелаштво каде што имаме успех. Искрено се надевам дека младите телесни инвалиди ќе почнат со тренинзи и еден ден ќе  изборат резултати за да настапуваат на меѓународната сцена“, кажа Јованоски.

Јованоски кажа дека во текот на тридневните натпревари  имаат колеги од Хрватска. Тие ќе им помогнат да направат медицинска класификација и да ги одредат со точност групите на инвалидитет важни за идните постигнување на врвни спортски резултати.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top