Меморандум за соработка со лицата со попреченост

ЈП СРЦ „Билјанини извори“, ширум ги отвара вратите за лицата со попреченост. Денес беше потпишан и меморандум за соработка меѓу Јавното Претпријатие и здруженијата на лица со попреченост од Охрид на иницијатива на менаџерскито тим.

 |  Николоска Биљана  | 
memorandum
меморандум

 

СРЦ „Билјанини извори“потпиша меморандум за соработка со лицата со попреченост. На вкупно шест здруженија од Охрид, на располагање ќе им бидат спортските објекти со кои стопанисува претпријатието за да можат да ги изведуваат сите активности што ќе ги организираат самите здруженија, вели првиот човек на СРЦ „Билјанини извори“ Иван Цветкоски.

memorandum„Градскиот базен за време на летниот период ќе биде достапен за користење на здруженијата, да имаме едно промотивнио возоње со панорамскиот автобус кога ќе го отвараме и секако да им помогнеме во сите домени каде што може да помогне ЈП“.

Цветкоски го најави и отварањето на првата спортска академија, на 11 септември годинава. Тука посебно бил планиран сектор за вклучување на лицата со попреченост, секако по предлог на здруженијата.

„Во тој сектор здруженијата ќе предложат едно лице кое што лице ќе биде одговорно за спортската академија кое што ние хонорарно ќе го вработиме и ќе можи заедно со нас да ги организира сите активности кои што мислиме треба да ги има во СРЦ, се со цел ЈП како јавен сервис да ги отвори вратите на сите групи граѓани кои што живеат во Охрид.

Претставниците на здруженијата на лицата со попреченост изразија голема благодарност кон менаџерскиот тим на СРЦ „Билјанини извори“, за тоа што изразиле иницијатива за соработка со членовите на нивните здруженија.

memorandum „Не сме многу задоволни и се надеваме дека во иднина можеме да очекуваме полдна соработка, имаме многу идеи кои што сигурна сум дека ќе се реализираат.

Можам да кажам дека оваа иницијатива е пионер во Р. Македонија за склучување соработка меѓу здруженијата кои што ги претаствуваат лицата со инвалидитет.

 „Јас мислам дека оваа иницијатива е за поздравување бидејќи отсега и ние ќе знаеме каде да спортуваме.

„Во нашето 60 годишно постоење досега парцијално сме ги решавале тие проблеми околу користењето на спортските терени ова е прв пат што ги решаваме и формално.

Цветкоски за брзо време очекува резултати од денешното потпишување на меморандумот, како и плодна соработка со охридските здруженија на лицата со попреченост.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top