• Почетна
  • Archive
  • Вести
  • Охрид
  • Лицата со телесен инвалидитет и академски сликари заедно творат на ликовна колонија во Охрид.

Лицата со телесен инвалидитет и академски сликари заедно творат на ликовна колонија во Охрид.

Лицата со телесен инвалидитет и академски сликари заедно творат на ликовна колонија  во Охрид.

 |  Валентина Неловска  | 
slikari

Охрид по седми пат од 17 до 24 април е домаќин на Меѓународна ликовна колонија  во организација  на Националниот  сојуз  на лица со телесен инвалидитет Мобилност Македонија. Софка Прчева, Генерален секретар на Мобилност, информира дека на ликовната  колонија годинава зеле учество 27 сликари од повеќе Балкански земји.  Интересот за учество на колонија е голем и од здруженијата на лицата со телесен инвалидитет, но и од академските сликари, но ние се трудиме постојано да има нови учесници, подвлекува Прчева.

slikari„Учествуваат лица со телесен инвалидитет, талентирани за сликање и  ументост и  сликари од земјата и странство кои творат едни покрај други. Така може да се разменат знаења, а стручните лица да ги видат творечките способности на лицата со инавлидитет. Моментално има двајца учесници  на колонијата кои цртаат со уста“, информира Прчева.

Една од нив е сликарката аматер Розе Мојсоска која е член на светското здружение на лица кои цртаат со уста и нозе. Таа е задоволна од учеството на колонијата и од она што го насликала во изминативе денови.  

„ Оваа година ми беше инспирација лебедот заради Охридското езеро. Нацртав и девојка во ливада. Јас многу ги сакам ливадите  и цвеќињата. Господ ми дал дарба за цртање и тоа го пренесувам на платно“, вели Мојсоска.

На колонијата е и сликарот Иван Мијовиќ Мија од Пирот, Србија. Тој се труди да наслика што повеќе и што поквалитетни пејзажи од Охрид.

 сликари„Пред  повеќе од 3 децении  дојдов во Охрид. Сега најдов само 2 згради кои беа од тогаш, една е кај Водоводот и ја насликав. Друго  се е ново,  изменето. Сега собирам нови впечатоци, а на сликите ги прикажав моите чувства“, открива Мија.

Од Ријека, Хрватска  на колонијата учетсвува  и сликарот Жљем Павиќ. Тој вели дека е за прв пат во Охрид, а често е учесник на хуманитарни колонии. Чест ми е што сум во Охрид  кој е инспирација за секој уметник.

„ Сликам секој ден. Се обидувам што подобро и  што повеќе слики да оставам  во нивна сопственост,“кажува Павиќ.

Сликите кои се создаваат  на ова колонија се изложуваат на 3 декември по повод Светскиот ден на лицата со инвалидитет и преку нивна продажба се финансира секоја наредна ликовна колонија , информира Софка Прчева, генералниот секретар, на Мобилност Македонија.  Годинава покрај сликари аматери и професионалци од Македонија на ликовната колонија учествува и сликари од Србија, Хрватска,Словенија,  Бугарија и  Чешка.  
 

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top