Ознака: кои

braniteli heroi na Makedonija

„Херои на Македонија 2001“ во посета на општина Охрид

Post Views: 4 Децата и дел од потесните семејства на погинатите бранители  деновиве се во Охрид, во одморалиштето на МВР. Многу емоции, сеќавање на кобната 2001 год. И заседата на нашите бранители на Карпалак, Вејце, Љубојнски бачила имаше на средбата на     Претставници на здружението „Херои на Македонија“ и претседавачот на советот Душко Јаковчески. Покрај за загинатите македонски херои на средбата стана збор и за активностите на здружението, но и за се она што може локалната да им помогне.  „ Здружението има обврска да се залага за семејствата на загинатите бранители и да ги штити...

Continue reading

zname

Канцелариите на охридските парламентарции за комуникација со граѓаните, функционираат

Post Views: 1 „Пред две години комшијата ми ја сруши оградата тврдејќи дека се наоѓа на негово место. Откога се направи вештачење се утврди дека сум оштетен и дека треба да ми плати 10 до 12 000ден. Но во 2011год. пресудата беше изменета во корист на комшијата и сега јас сум тој што треба да плаќа. Правдата ќе ја барам преку канцеларијата на Парламентарната мрежа за комуникација со граѓаните“,  вели Ташко Згалоски граѓанин на Охрид. Канцелариите на Парламентарната мрежа за комуникација со граѓаните функционираат веќе 6год. Тие се отворени за да обезбедат врска и директна комуникација...

Continue reading

МТЦ

Реакција од МТЦ на пресот на градоначалникот Петрески

Post Views: 3 Реакција од Министерството за транспорт и врски на дел од она што беше изнесено на денешната прес конференција на градоначалникот Петрески пред Охридската Капетанија. Во реакцијата стои: Во однос на информациите кои денес ги пласираше градоначалникот на општина Охрид, Алексадар Петрески, сакаме да потенцираме дека во езерскиот сообраќај беше наследена состојба која претставуваше хаварија како за бродарите така и за туристите, патниците и граѓаните на општината. Имено, заради регулирање на ова наследена ситуација која траела со години, направени беа неколкукратни промени...

Continue reading

crven krst ohrid

Заедно за подобро здравје

Post Views: 5  “Заедно за подобро здравје” е караван кој и оваа година ја продолжува традиција, поточно соработката помеѓу Црвениот крст и специјалната болница за хируршки болети, Филип Втори. „Посебно сме горди што сме домаќини на тим од специјалната болнца Филип Втори и што заедно ја реализираме заедничката хумана мисија за унапредување на Човековото здравје“, велат од ОО на Црвениот крст. „Ова е исклучителна можност да се слушне нешто повеќе за кардиоваскуларните заболувања, дијабетот итн. Нетреба да се пропушти вакво интересно предавање од специјалисти, лекари кои доаѓаат чисто...

Continue reading

Aleksandar petreski

Петрески:„Владата им нанесува штета на граѓаните на Охрид и на туризмот“

Post Views: 1 „Изминува јуни, а охридската капетанија се уште  чека новиот бран да исфрли директор. Во меѓувреме, граѓаните не можат да ги регистрираат пловните објекти, а обезглавената капетанија не може да се грижи за безбедноста во езерскиот сообраќај“, обвини денеска градоначалникот Александар Петрески. „Ова е последниот во долгата низа удари кои власта им ги нанесува на граѓаните на Охрид и врз туризмот во целина. Патиштата кои водат до Охрид се во лоша состојба. Градот предолго време е без болница. Владата одбива да плати комуналии за објектите кои планира да ги гради и со тоа...

Continue reading

ohridsko

Не чека ли уште едно незаборавно културно доживување

Post Views: 0   Обелоденета програмата на 52то издание на Фестивалот „Охридско лето„. „Сите подготовки за неговото започнување се при крај и многу сме задоволни што за кратко време успеавме да го реализираме она што го ветивме“, истакна директорката на оваа реномирана културна манифестација, Елизабета Јанкулоска. Таа додаде дека тоа не ќе било можно доколку не им помогнело Министерството за култура и нивните пријатели-спонзорите. Директорката изрази благодарност и до Локалната самоуправа која помогнала во изработката на сцените и во реализацијата на трехничките работи. Претседателот...

Continue reading

parkinzi

ЈП Билјанини извори ги издава под закуп паркинзите

Post Views: 0 ЈП Билјанини извори објави оглас со кој издава под закуп над 200  паркинг места на атрактивни локации во центарот на Охрид. Оваа одлука која Управниот одбор на ЈП ја донел пред една недела ја разбранува јавноста, затоа што пред само неколку месеци на седница на Совет се кршеа копја по завршувањето на договорот со екс концесионерот, паркинзите да ги добие ЈП Билјанини Извори. Изненадува фактот што, кога на 27-ми април годинава општина Охрид со предлог одлука на Советот конечно му ги отстапи на користење паркинг просторите на Билјанини извори,  ЈП наместо да ги работи,...

Continue reading

ох

Ќе се поставуваат мобилни тоалети, а од цврста градба до година

Post Views: 2 Стариот проблем со недостаток на јавни тоалети, градот и оваа сезона  ќе го  решава со поставуавње на мобилни тоалети, како и минатата. Тоалети од цврста градба, можно е да има дури за идната сезона, наговестува Симон Илиески, портапролот на Локалната самоуправа. „Локациите се утврдени, но се наоѓаат на државно земјиште и се дел од програмата која ја имаме  поднесено до Министерството за транспорт и врски. Од таму сеуште нема одговор не само за јавните тоалети туку и за објектите кои влегуваат во поголемите локации  како што се катните гаражи или автобуската станица“,...

Continue reading

brodovi

Сезоната почна, капетанија сеуште без капетан

Post Views: 1 Повеќе од четиристотини чамци и само три бродови, добија важечки дозволи за пловидба по водите на Охридското Езеро, информираат од Министерството за транспорт и врски. Па така, според уписникот за чамци  кој се води при Капетанијата на пристаништа, заклучно со минатиот месец впишани се вкупно 1.113 пловни објекти. Од нив, потврдена е способноста за пловидба, односно важечка дозвола за пловидба имаат 436 чамци, 50 скутери, 171 глисер и 215 останати пловила од категоријата чамец. Од пловните објекти од категорија брод, потврдена е способноста за пловидба за 3 пловни објекти...

Continue reading

ala turka

Изложбата на облека „Ала Турка“ не врати во минатото

Post Views: 1 Македонија е земја во која се вкрстувале безброј цивилизации, безброј религии и народи. Нема поголем доказ за тоа од секојдневниот говор, полн со примеси од некое друго време, од модата која пред многу години охриѓани ја терале, а која на Охрид му дала еден ориентален шмек.  Вчеравечер имавме можност да се запознаеме баш со ова одамна минато време, преку изложбата на градска облека „Ала Турка“ во реставрираниот Воска Амам. Воедно Воска амамот за прв пат ги отвори своите врати за посетителите откако беше извршена неговата реставрација. Црвената лента ја пресекоа министерката...

Continue reading

trpejca

Трпечјани револтирани и од локалната и од државната власт

Post Views: 0 И покрај ветувањата кои Трпејчани ги добиле и од државните и од локлните органи, проблемот со дивоградбата ИВИРЕ сеуште не е решен. Тие се категоричени дека не се откажуваат и дека правдата ќе ја бараат до крај. „Сакаме да ја информираме јвноста дека сеуште не се превземени активности во насока на решавање на проблемот кој ни беше ветен од локаланата самоуправа дека во одреден рок ќе се реши, рокот помина, а нашите барања тапкаат во место. Бараме институциите на локалната самоуправа да ги превземеат своите надлежности и да го спроведат решението за рушење од 14. 07...

Continue reading

paraglajder

Европско првенство во параглајдинг

Post Views: 10 Јато параглајдери ќе го преплават небото над  Охрид од 1 до 8 јули. НП „Галичица“, подготвен за Европското првенство во прецизно слетување. Организатор е прилепскиот параглајдинг клуб „Делта“, во соработка со НП „Галичица“. Пет годишната соработка со прилепскиот клуб резултира со создавање на идеални услови за развој на параглајдингот вели Зоран Ангелоски, првиот човек на паркот. Веќе се одредени двете стартни места на падините на Галичица и тие локалитети уредени се согласно стандардите кои се потребни за овој спорт, додава тој. „Во текот на изминатите неколку денови...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top