Петрески:„Владата им нанесува штета на граѓаните на Охрид и на туризмот“

Градоначалникот обвинува дека владата им нанесува штета на охриѓани.

 |  Маленкова Татјана  | 
Aleksandar petreski
Алексанадар Петрески

„Изминува јуни, а охридската капетанија се уште  чека новиот бран да исфрли директор. Во меѓувреме, граѓаните не можат да ги регистрираат пловните објекти, а обезглавената капетанија не може да се грижи за безбедноста во езерскиот сообраќај“, обвини денеска градоначалникот Александар Петрески.

„Ова е последниот во долгата низа удари кои власта им ги нанесува на граѓаните на Охрид и врз туризмот во Aleksandar Petreskiцелина. Патиштата кои водат до Охрид се во лоша состојба. Градот предолго време е без болница. Владата одбива да плати комуналии за објектите кои планира да ги гради и со тоа ги крши принципите на децентрализација. Како што гледаме, дури ни трагедијата со бродот Илинден не беше доволна да ја освести власта и да ја направи поодговорна“, истакна градоначалникот Александар Петрески.

Петрески истакна дека Охрид од владата не добил ништо друго освен навреди и омаловажувања преку рекламите со кои ги навредува охридските угостители и домаќините со сместувачки капацитети. Градоначалникот додаде дека најверотно средствата за оваа рекламна кампања се  собрани и се плаќаат од казните кои УЈП кампањски и линеарно им ги изрекува на охридските фирми и за банални причини, и тоа како што кажа селективно.
Првиот човек на Охрид тврди дека неосновани се тврдењата на вицепремиерот Пешевски дека туризмот бележи раст, кога основната институција за безбеден и организиран туризам нема директор, додаде првиот човек на Охрид.

„Апелираме до власта да престане со негативните и штетни политики поврзани со Охрид и да му овозможи press pred kapetanija вистински поттик за развој. Градот не е само на охриѓани, градот е дел од светското културно богатство и никој нема право, а особено не од партиски причини, да го држи во заложништво  и под стеги како што тоа подмолно го прави ВМРО ДПМНЕ во изминативе шест години. Ако не се инвестира во Охрид и туризмот и туристите ќе станат ендемски вид“, додава првиот човек на Охрид.

Градоначалникот на пресс конференцијата се осврна и на други теми за кои изминативе денови беше обвинувана локалната самоуправа. „Си ги намалија комуналиите за изградба на хотели на минимална ставка.Ова не му е од корист на Охрид, затоа што ние имаме хотели. Со ова ние ќе ги ставиме во нееднаква положба оние кои веќе имаат изградено хотели и кои нема да можат да работат поради конкуренцијата која би се создала.  Оваа мерка на владата е тотално неразбирлива, освен ако си ја прават за себе со цел да си градат приватни хотели“, оистакна градоначалникот Александар Петрески. Тој причината што во Охрид не се изградени брендирани хотели и покрај најавата ја гледа во лошата инфраструктура, во тоа што Охрид е поставен како слепо црево и  во светската економска криза.
Градоначалникот проговори за градежните работи на Плаошни, истакнувајќи дека долго време го обвинувале дека токму тој ги кочи зафатите таму, а всушност проблемот е сосема друг.

„Еве излезе деновиве дека општината не била проблем, туку дека имеле друг проблем, а ова јас го знаев и ви го најавив. А за се сакаат да ја обвинат локалната дека прави опструкции, а состојбата е обратна. Секоја владина програма за развој на Охрид ние максимално ја подржувеме“, вели првиот човек на Охрид, градоначалникот Петрески.

Градоначалникот на денешната пресс конференцијата застана во одбрана и на ЈП Билјанини извори поточно на одлуката која ја донесе УО а се однесува на давање под концесија 208 атрактивни паркинг места. Тој смета дека оваа одлука е добра, затоа што ЈП неможе самостојно да ги купи паркинг часовниците, но и да ја купи останатата опрема потребна за нормално работење на паркинзите. Петрески признава дека ЈП и изминативе месеци не работеше не работело како што треба, за што смета дека претпријатието ќе има многу поголема добивка од кирија на паркинзите, отколку да ги работи самостојно.   

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top