Реакција од МТЦ на пресот на градоначалникот Петрески

Реакција од Министерството за транспорт и врски на дел од она што беше изнесено на денешната прес конференција на градоначалникот Петрески пред Охридската Капетанија.

 |   | 
МТЦ
МТЦ

Реакција од Министерството за транспорт и врски на дел од она што беше изнесено на денешната прес конференција на градоначалникот Петрески пред Охридската Капетанија. Во реакцијата стои:

Во однос на информациите кои денес ги пласираше градоначалникот на општина Охрид, Алексадар Петрески, сакаме да потенцираме дека во езерскиот сообраќај беше наследена состојба која претставуваше хаварија како за бродарите така и за туристите, патниците и граѓаните на општината.

Имено, заради регулирање на ова наследена ситуација која траела со години, направени беа неколкукратни промени во Законот за внатрешна пловидба во кој беа вградени и ЕУ директиви со кои беше регулирани безбеденото пловење во езерскиот сообракај.

Во 2007 година за прв пат беше признато здуржение за класификација за вршење технички преглед на бродови заради утврдување на способност на бродовите за пловидба и издавање на сертификати по утврдената способност за половидба, со која се потврдува дека бродот ги исполнува барањата со технички правила.

Во насока на безбедност во езерскиот сообраќај, воведена беше одлука за ограничување на пловидбата на скутерите која стапува во сила од 20. јули за пловните објекти на Охридското, Преспанското и Дојранското езеро. Забраната се однесува на пловните објекти “скутери” кои се со јачина поголема од 45 КW кои можат да пренесуваат максимум 3 лица. Ограничувањето важи за периодот од 11.00 до 18.00 часот секој ден и важи за целата водена површина на Охридското, Дојранското и Преспанското Езеро, а е со времетраење до 20 август, а истата е донесена за заштита на граѓаните и сите домашни и странски посетители на езерата, односно поголема безбедност на капачите и заштита на животната средина на природните езера и истата не се однесува само на скутерите кои се наменети за службени потреби за вршење на инспекциски, царински и полициски надзор.

Исто така, сакаме да истакнеме дека воопшто не е точно дека е одолговлечен процесот за избор на капетан на Капетанија на пристаништа. Веќе е завршен процесот на интервјуирање на кандидатите кои се јавиле по јавниот оглас и по извршената евалуација ќе биде извршен избор.

Без оглед на тоа, во меѓувреме Капетанијата на пристаништа во Охрид во функционира со полниот капацитет и ги извршува сите активности согласно Законот за внатресна пловидба, при сто континуирано врши надзор над имплементацијата на одредбите од истиот и во соработка со Министерството за внатрешни работи – Езерска полиција врши редовни контроли во однос на почитувањето на законските прописи.

Оттука, воопшто не ни е јасно зошто градоначалникот Петрески покажува грижа за работата на Капетанијата, кога има безброј отворени прашања во самата општина за кои треба да се погрижи.
{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top