Не чека ли уште едно незаборавно културно доживување

Речиси се е подготвено за започнувањето на новото издание на  Фестивалот „Охридско лето“. Најавите за програмата оптимистички. На Петровден стартува 52то фестивалско лето

 |  Јаковлева Лионела  | 
ohridsko
охридско

 

Обелоденета програмата на 52то издание на Фестивалот „Охридско лето„. „Сите подготовки за неговото започнување се при крај и многу сме задоволни што за кратко време успеавме да го реализираме она што го ветивме“, истакна директорката на оваа реномирана културна манифестација, Елизабета Јанкулоска. Таа додаде дека тоа не ќе било можно доколку не им помогнело Министерството за култура и нивните пријатели-спонзорите.cetvorka

Директорката изрази благодарност и до Локалната самоуправа која помогнала во изработката на сцените и во реализацијата на трехничките работи. Претседателот на управниот одбор на фестивалот, Зоран Велјаноски Летра вели дека по којзнае кој пат се потврдила големината на фестивалот.  И покрај проблемите со кои се соочивме само пред неколку месеци со заеднички сили и ентузијазам направивме уште едно успешно издание на Охридско лето. Велјаноски се надева дека фестивалската програма ќе допре до луѓето и културните настани ќе бидат масовно посетувани.

Драмскиот селектор пак, Ѓорѓи Јолевски еуфорично кажува дека 52то фестивалско издание ќе биде театарска експлозија на премиери, праизведби и театарски бравури. Како никогаш досега на „Охридско лето“ ќе се прикажат пет премиери од кои две праизведби. Особено ни е чест, вели

celisti

Јолески што после дванаесет години овој фестивал повторно ќе се отвори со театарско остварување. Како што јавноста веќе знае тоа е театарскиот ораториум Ромео и Јулија од Вилијам Шекспир во кој се ангажирани 200 учесници и тоа од најразлични бранши. Ќе има глумци, балетани, оперски пеачи и уште многу дриги уметници кои ќе направат еден невиден перформанс.

На 52то издание ќе видиме и многу врвни светски уметници и ансамбли кои досега не настапувале на фестивалот, а кои на светската сцена претставуваат вистинска атракција и за кои секогаш се бара место повеќе во концертните сали, вели музичкиот селектор, Гордана Јосифоска Неделковска.

Како шлаг на тортата Јосифоска Неделковска го најави концертот на големата светска атракција 2 CELLOS од Хрватска кои доживеаа метеорски успех. Овие млади музичари досега имаат настапувано на најпознатите популарни музички шоуа во светот, како и на светската турнеја на Елтон Џон. Овој единствен музички настан ќе се одржи на 2ри Август на Античкиот театар.

Вакви се најавите и програмата за 52то издание на Фестивалот Охридско лето. Останува да видиме, а публиката да оцени, дали фестивалот ќе го задржи и оправда она реноме кое го гради веќе половина век.

{loadposition content9}

 

 

 

 

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top