• Почетна
  • Archive
  • Вести
  • Охрид
  • Канцелариите на охридските парламентарции за комуникација со граѓаните, функционираат

Канцелариите на охридските парламентарции за комуникација со граѓаните, функционираат

Охриѓани најмногу се жалат на социјалната состојба, неажурноста на администрацијата на Општина Охрид, невработеноста, а многу често бараат и правна помош за предмети заглавени во судските фиоки

 |  Јаковлева Лионела  | 
zname
знаме

„Пред две години комшијата ми ја сруши оградата тврдејќи дека се наоѓа на негово место. Откога се направи вештачење се утврди дека сум оштетен и дека треба да ми плати 10 до 12 000ден. Но во 2011год. пресудата беше изменета во корист на комшијата и сега јас сум тој што треба да плаќа. Правдата ќе ја барам преку канцеларијата на Парламентарната мрежа за комуникација со граѓаните“,  вели Ташко Згалоски граѓанин на Охрид.

Канцелариите на Парламентарната мрежа за комуникација со граѓаните функционираат веќе 6год. Тие се отворени за да обезбедат врска и директна комуникација помеѓу граѓаните и нивните избрани претставници во Собранието на РМ. Во канцеларијата на пратениците Александар Николовски и Харалампие Шокаровски од ВМРО ДПМНЕ работат две асистентки кои се линкот помеѓу граѓаните и пратениците. александар николовски

 

Проблемите на кои најчесто се жалат охриѓани се социјалната состојба, неажурноста на администрацијата на Општина Охрид, невработеноста, а многу често бараат и правна помош за предмети заглавени во судските фиоки, вели Мартона Јанковска,асистент во канцеларија на ВМРО ДПМНЕ.

Повеќе од 50 проценти од случаите и проблемите на кои се жалат граѓаните се решаваат, велат од канцеларијата на пратениците на ВМРО ДПМНЕ. Многу често граѓаните бараат и совет во овие канцеларии., кажува Билјана Богданова-Смилевска, асистент во канцеларија на ВМРО ДПМНЕ.

mitre veljanoskiСекој ден од понеделник до петок од 10 до 15 часот е отворена и пратеничката канцеларија на Митре Велјаноски. И тука граѓаните можат да побараат совет, но и директна средба со пратеникот. Петок е денот кога граѓаните можат и лично да се видат со нивните избраници., вели Ирена Смилеска, асистент во канцеларија на СДСМ. Токму од ова канцеларија произлегле и дел од пратеничките прашање кои Велјаноски ги поставил во Собранието на РМ.

Инаку, овие канцеларии се отворени во партнерство  помеѓу Собранието на РМ, Институтотз а парламентарна демократија и ЗЕЛС, а финансиската подршка е на Швајцарската агенција за развој и соработка и Собранието на РМ. Предвидено е отварање на 75 канцеларии во 44 општини низ државава.

 

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top