Сезоната почна, капетанија сеуште без капетан

Од дваесетти јули стратува забраната на Министерството за транспорт и врски која се однесува за пловните објекти скутери, а само три брода добија дозвола да пловат низ водите на Охридското Езеро оваа сезона.

 |  Голабовски Крсте  | 
brodovi
бродови

Повеќе од четиристотини чамци и само три бродови, добија важечки дозволи за пловидба по водите на Охридското Езеро, информираат од Министерството за транспорт и врски. Па така, според уписникот за чамци  кој се води при Капетанијата на пристаништа, заклучно со минатиот месец впишани се вкупно 1.113 пловни објекти. Од нив, потврдена е способноста за пловидба, односно важечка дозвола за пловидба имаат 436 чамци, 50 скутери, 171 глисер и 215 останати пловила од категоријата чамец.

kapetanijaОд пловните објекти од категорија брод, потврдена е способноста за пловидба за 3 пловни објекти во Охридско Езеро, од кои 2 се со носивост од 150 патнички места, а еден пловен објект од категоријата брод е со капацитет од 80 патнички места.

Од ресорното министерство најавуваат дека во соработка со Министерството за внатрешни работи – Езерска полиција ќе врши редовни контроли во однос на почитувањето на законските прописи. Согласно Законот за внатрешна пловидба, предвидени се санкции за сите кои ќе вршат пловидба со пловен објект без  поседување на потребните дозволи.Исто така, од Министерството за транспорт и врски информираат дека од 20. јули стапува на сила ограничувањето на пловидбата на пловните објекти на Охридското, Преспанското и Дојранското Езеро. Забраната се однесува на пловните објекти „скутери“ кои се со јачина поголема од 45 kW кои можат да пренесуваат максимум 3 лица. Ограничувањето важи за периодот од 11.00 до 18.00 часот секој ден и важи за целата водена површина на Охридското, Дојранското и Преспанското Езеро, а е со времетраење до 20 август.
 
Ова ограничување на пловидбата на скутерите е согласно Одлука на Владата на Република Македонија, која важи и за скутерите кои се наменети за службени потреби, односно  за вршење инспекциски, царински и полициски надзор.

Што се однесува пак за прв човек на охридската капетанија, од министерството информираат дeka веќе е извршено интервјуирање на кандидатите кои се јавиле на јавниот оглас, а по евалуацијата која следи, треба да биде извршен избор на нов капетан. Охридската капетанија повеќе од еден месец е без капетан, откако со „Новиот бран“, на владеачката ВМРО-ДПМНЕ од функцијата беше разрешен капетанот Љупчо Настоски.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top