Ознака: кои

gradinka

Четкањето на заби се учи од мала возраст

Post Views: 12   Едукација за правилно четкање на заби денес се одржа во детската градинка Јасна Ристеска. Познати стоматолози од ординациите Денторија и Сашо Стоев на дечињата им предочија што треба да јадат за забите помалку да им се расипуваат, како правилно да ги четкаат запчињата и на крај им поделија пакет подароци. Проектот е поддржан од Лајонс клубот Охрид, а планираме да продолжи и во наредните години, истакна др Ертан Омеров од стоматолошката ординација Денторија. Тој додаде дека децата одлично соработувале со нив, а тие запишале колку има млечни, расипани и трајни заби...

Continue reading

Нова услуга од Skypе

Post Views: 4 Новата услуга која ја нуди Skype е наменета за брзо и едноставно разменување на видео материјал, а поддржана е од преку 140 модели на паметни телефони. Qik иницијално е покренат како startup во 2007 година, кога Rama Sunkar, Bhaskar Roy и Nikolay Abkairov ја осмислиле платформата која Skype ја купи во 2011 година за 150 милиони долари. Подоцна Skype заврши под контрола на Microsoft, а сега е родена нова можност за размена на кратки, динамични и брзи видео содржини со своите пријатели кои ги имате на Skype. Qik Skype е достапен за Android, iOS и Windows мобилните оперативни...

Continue reading

александар петрески

Екс градоначалникот и неговите соработници правеле малверзации околу јавните набавки

Post Views: 3 Поранешниот градоначалник на Охрид, Александар Петрески и уште 13 други лица меѓу кои поранешни раководители на сектори во локалната самоуправа, соработници и сопственици и управители на фирми, уапсени денеска во акцијата Јагула на МВР. Едно лице е надвор од државата, а за едно се преземаат активности за негово лишување од слобода. Вкупно 16 лица се товарат за повеќе кривични дела меѓу кои злосторничко здружување, злоупотреба на службената положба, перење пари, фалсификување или оштетување деловни книги, оштетување или повластување на доверители, примање поткуп и помагање....

Continue reading

facebook

Внимавајте што постирате на Facebook

Post Views: 1 МВР побара од Facebook да се избришат групите за црквата на Кале каде се споделува агресивна содржина, се шири говор на омраза и каде се повикува етничко чистење. Групите станаа место за препопукување и верска и етничка нетрпеливост по неодамнешниот инцидент на скопското Кале каде две етнички групи се степаа меѓу себе. Единицата за борба на компјутерски криминал побара од Facebook отстранување на групите, но и IP адресите на администраторите и корисници кои постираат одвратна содржина. Знаејќи ја полисата на Facebook, се очекува страните да бидат тргнати. „Одделот за...

Continue reading

potrosuvaci

Потрошувачките спорови можат да се решат со помош на медијатор

Post Views: 0 Потрошувачите кои не се задоволни од квалитетот на купената стока и кои започнале потрошувачки спор истиот можат да го решат со помош на медијатор. Уште во декември минатата година е донесен закон за медијација, но досега многу мал број граѓани ги искористиле услугите на медијаторите. Граѓаните се многу малку запознаени со оваа можност за решавање на потрошувачките спорови па целта ни е да ги информираме да си го користата ова право, вели Вангел Спироски, претседател на советот на потрошувачи на Општина Охрид. Спироски објаснува дека медијаторите се луѓе овластени од...

Continue reading

jagula

Во акцијата “Јагула” приведени повеќе поранешни фукционери вработени во Општина Охрид

Post Views: 1 Одделот за сузбивање организиран и сериозен криминал при МВР спроведе координирана акцијата со цел сузбивање на организирана криминална група, составена од 16 лица за кои постои сомневање дека во континуитет, во периодот од 2007 до 2013 година, биле инволвирани во криминални активности поврзани со злоупотреби при спроведување на постапки за јавни набавки спротивно на законските прописи со привилегирање и во корист на повеќе правни и физички лица блиски до членовите на криминалната група.  Случајот е реализиран во координација со ОЈО за гонење на организиран криминал...

Continue reading

По Бетмен и Мојсеј оскаровецот во улога на уште една икона

Post Views: 11 Во новиот филм, кој се снима спрема книгата кој ja напиша Walter Isaacson, оскаровецот Christian Bale ќе го глуми Steve Jobs. Изворите потврдиле дека Bale е во преговори за глумење во филмот “Jobs”, издание на Sony за соосновачот на Apple. Се работи за филм снимен спрема вистински настан кој го режира Danny Boyle, а чие сценарио го напишал Aaron Sorkin. Sorkin истакнал дека филмот се одвива во три долги дела од кои секој има дејствие во бекстејџот пред лансирањето на не многу популарните производи на Apple. “Првиот е Mac, вториот е NeXt, откако го напушти Apple и третиот...

Continue reading

благодарница

Пензионерите им се заблагодарија на докторите од охридската болница

Post Views: 3 Денеска здружението на пензионери, по повод денот на стари лица, ја посети општата болница во Охрид за да му се заблагодари на лекарскиот персонал за помошта и грижата која ја покажуваат кон постарите лица. Специјални благодарници и признанија им беа лично врачени на докторите и директорот на општата болница д-р Љубен Арнаудов. „Ние како пензионерска асоцијација од девет и пол илјади членови сме задоволни од активностите што ги превзема медицинската болница во Охрид и затоа денеска најдовме начин за голема благодарност до директорот којшто овозможи да направиме едно...

Continue reading

Охрид

Општина Охрид најмногу финансирала проекти од културата

Post Views: 1 Локалната самоуправа од својот буџет за 2014 година издвоила 2 милиони 622 илјади денари наменети за проекти со кои аплицирале граѓани и здруженија по различни осноци. Финансиска поддршка е барана за 64 проекти  проекти од културата, спортот, социјалата, здравството, екологијата, образованието. Од  извештајот на Локалната самоуправа  се гледа дека доминираат проекти од областа на културата. Здруженија и граѓани барале финансиска поддршка за одржување на најразлични изложби, концерти, издавање на книги, меѓу кои се  Фолк фестивалот Спасовден,  Песна на летото, Парче душа...

Continue reading

photoshop

На децата да им се објасни зошто славните изгледаат совршено

Post Views: 2 На основците во Британија ќе им се држат лекции дека славните личности во списанијата изгледаат совршено заради фотошоп, за да не си набијат комплекси од мали нозе.Програмата ќе опфати дечиња на возраст од 10 и 11 години и има за цел да им даде до знаење дека моделите и актерите кои се нивни идоли, најчесто не се со така прекрасна става, какви што се прикажани во медиумите. Како потврда за тоа на основците ќе им се прикажуваат фотографии “пред“ и “после“ фотошоп, од пејачки, модели и други познати лица. “Децата секојдневно се среќаваат со фотошопирани слики со кои им...

Continue reading

emo

Регионалниот сојуз на синдикати со предлог решенија за ситуацијата со вработените во ЕМО

Post Views: 2 Претставници од регионалниот сојуз на синдикатите на Македонија денес во непосредна средба со градоначалникот Никола Бакрачески со конкретни предлози за конечно решавање на судбината на вработените во АД ЕМО од Охрид. Драган Цветкоски, претседател на регионалниот огранок на ССМ во Охрид изрази благодарност за разбирањето на градоначалникот Бакрачески за тежината на нивните проблеми иако неговите ингеренции не му дозволуваат директна помош на вработените. „Ако е можно да се изнајде определено решение за изготвување на определен пакет и исплата на плати и придонеси за...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top