Општина Охрид најмногу финансирала проекти од културата

Општина Охрид најмногу финансирала проекти од културата.

 |  Валентина Неловска  | 
Охрид
Охрид

Локалната самоуправа од својот буџет за 2014 година издвоила 2 милиони 622 илјади денари наменети за проекти со кои аплицирале граѓани и здруженија по различни осноци. Финансиска поддршка е барана за 64 проекти  проекти од културата, спортот, социјалата, здравството, екологијата, образованието. Од  извештајот на Локалната самоуправа  се гледа дека доминираат проекти од областа на културата. Здруженија и граѓани барале финансиска поддршка за одржување на најразлични изложби, концерти, издавање на книги, меѓу кои се  Фолк фестивалот Спасовден,  Песна на летото, Парче душа на Саришче, или На зајдисонце. Проектите од областа на културата тежат околу 1.350.000,оо денари  или половина од суматат наменета за кофинасирање на  проектите.

ОхридВеднаш зад проектите од областа на културата  следува  сумата намнета за спортските области во износ од 772.000 денари. Додека за образование се издвоени 100.000 денари , за здравство 115.000 денари, социјала 175.000 денари.  Со 95.000 денари екологијата го зазема последното место. Портпаролот на Локалната самоуправа Томе Џамтоски, кажа дека општината подржува проекти по распишан оглас за најразлични идеи, но и ќе го следи трошење на буџетските пари.

„ Општината ги кофинансира и ги контролира на начин што сите апликанти се обврзани да изготват извештаи и да ги достават до општина Охрид на проверка за да се види како се потрошени парите и до каде е развојот на проектот“ , Џамтоски.     

ОхридДосега од предвидената сума од 2.622.000 денари, Локалната самоуправа  исплатила само половина од сумата.

„ До овој момент повеќе од половина од овие проекти се исплатени средства во висина од 50 проценти. Очекуваме до крај на годинатат до 2-то финалзирање и конечниот извештај до изготвување на проектите да се исплатат и другите средства. Потоа  се прави проеверка и до колку се  е во ред ќе ги добијат парите и ќе се заврши постапката“, Џамтоски.

Претставници на здруженијата кои аплицирале со проекти сметаат дека локалната самоуправа при распределбата водела сметка да се доделат финасии на поголем број апликанти со што се расцепкуваат средствата и истите стануваат повеќе симболични и недовни за да се реализираат покрупни проекти. Има реакции од апликанти кои не сакаат јавно да зборуваат, дека добиле многу мали суми за реалзирање на важни проекти за заедницата.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top