Четкањето на заби се учи од мала возраст

Децата од мали нозе треба правилно да ги четкаат забите бидејќи тоа е најважна превентива за добро орално здравје. Денес тоа го учеа децата од градинката Јасна Ристеска, а во тоа со стручни совети им помагаа стоматолози од Денторија и ординација Сашо Стоев, се тоа во рамки на реализација на проект, поддржан од Лајонс Клубот од Охрид.

 |  Николоска Биљана  | 
gradinka
градинка

 

gradinkaЕдукација за правилно четкање на заби денес се одржа во детската градинка Јасна Ристеска. Познати стоматолози од ординациите Денторија и Сашо Стоев на дечињата им предочија што треба да јадат за забите помалку да им се расипуваат, како правилно да ги четкаат запчињата и на крај им поделија пакет подароци. Проектот е поддржан од Лајонс клубот Охрид, а планираме да продолжи и во наредните години, истакна др Ертан Омеров од стоматолошката ординација Денторија. Тој додаде дека децата одлично соработувале со нив, а тие запишале колку има млечни, расипани и трајни заби за да може во иднина да подготват статистика бидејќи во Охрид засега нема такви податоци.

„Во оваа едукација се опфатени најмалата возраст од 4-6 годишна возраст и голема благодарност до Лакалут кои ни  излегоа во пресрет за овој проект ни дадоа четки и пасти за заби и кои се единствени што имаат пасти за оваа возраст. 03:38+04:49 Да го намалиме кариесот во оваа група бидејќи оваа група од сега ги учи навиките за цел живот. ако ги научиме на правилно четкање заби дека тоа трае 2 минути, колкава количина на паста треба да се стави. Правилото четкање е најбитната работа“ – нагласува доктор Омеров.

gradinkaДиректоркта на градинката Розе Костеска истакна дека помошта која им ја дале докторите од Денторија и ординација Сашо Стоев е од големо значење, бидејќи денеска децата практично се запознале како треба правилно да се четкаат забите.

„Сето тоа предизвика голем интерс кај дечињата, исто така спроведувајќи ги останатите проекти кај нас за здравата храна ова е шлагот на тортата така да дечињата знаат како тоа треба да го прават. Повторно им благодариме на ординациите бидејќи ова не е само денес туку ќе биде следено и понатака. Ја користам оваа прилика да ги замолам родителите во овој период од месец и половина да ги однесат децата на било кој стоматолог да ги прегледат и следат за да видиме дали има напредок“ – потенцира Костеска.

Ние сме хуманитарна организација и постоиме за да помагаме на младите, немоќните а посебно за слепите изјави претседателот на Лајонс Клубот Охрид Климе Шешоски

gradinka„Секогаш ќе помагаме, едуцираме и ќе донираме. Покажавме и докажавме дека сме тоа за што постоиме“.

Го поддржавме денешниот настан во соработка со стоматолошките ординации и Лајонс Клубот Охрид и секогаш стоиме позади вакви едукативни настани, вели д-р Блгој Попоски  претставник на брендот Лакалут.

„Ние во текот на изминатата година имавме доста активности секако тука сме на одзив на секоја граѓанска организација која што има за цел вакви едукативни настани кои ќе им помогнат на младите. мислам во Македонија недоволно се прават вакви настани“ – вели Попоски.

А децата од градинката очигледно беа добро запознати што треба да прават за здрави заби.

„Забите треба редовно да се четкаат. Јас ги четкам 2 пати на ден. Денес од чичко стоматолог многу научив. Денес учевме да ги четкаме забите ако не ги четкаме ќе бидат црни. Среќна сум што добив подарок. Ќе кажам на сите мои другарки како правилно да ги четкаат забите“ – велат децата

На Теодора и беше избројано едно расипано запче, на нејзината имењачка кариес, а кај Дамјан и Стефан сите заби беа бели. Но сите дечиња денес на забавен начин научија дека за убави насмевки треба редовна дружба со четката и  пастата и посета на чичко стоматолог.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top