Пензионерите им се заблагодарија на докторите од охридската болница

Денеска здружението на пензионери, по повод денот на стари лица, ја посети општата болница во Охрид за да му се заблагодари на лекарскиот персонал за помошта и грижата која ја покажуваат кон постарите лица. Специјални благодарници и признанија им беа лично врачени на докторите и директорот на општата болница д-р Љубен Арнаудов.

 |  Елена Пирузе  | 
благодарница
blagodarnica

благодарницаДенеска здружението на пензионери, по повод денот на стари лица, ја посети општата болница во Охрид за да му се заблагодари на лекарскиот персонал за помошта и грижата која ја покажуваат кон постарите лица. Специјални благодарници и признанија им беа лично врачени на докторите и директорот на општата болница д-р Љубен Арнаудов.

„Ние како пензионерска асоцијација од девет и пол илјади членови сме задоволни од активностите што ги превзема медицинската болница во Охрид и затоа денеска најдовме начин за голема благодарност до директорот којшто овозможи да направиме едно вакво видување и да им укажеме и подадеме едно признание коешто тие навистина го заслужуваат.“ изјави претседателот на Здружение на пензионери од Охрид и Дебрца Ѓорѓи Трпчески

благодарницаДиректорот на општата болница д-р Арнаудов беше пријатно изненаден од признанието коешто му беше дадено од пензионерското друштво за долгогодишната соработка. Директорот вели дека негова цел е старите лица да бидат максимално згрижени и да им се обезбеди потребната здравствена заштита. Значаен дел од тоа е и оформувањето на ново гериатриско одделение веднаш до постоечката зграда.

„Имено се работи за геријатриско одделение во склопот на општата болница, значи нашите сознанија и анализи кои ги правиме зборуваат дека на општината, а посебно на регионот, ваков вид на здравствен отдел нема и тоа што го имаме е со многу мал капацитет, а побарувањата се големи, значи се работи за стари лица кои се болни, озбилно болни, така да не можат да ја добијат онаа адекватна здравствена заштита која во тие ситуации им е потребна. Иницијативата е сега да направиме еден павиљон одприлика од 80 до 100 легла којшто ќе биде со здравствени стандарди од 21 век достојни за едно човечко живеење.„ рече директорот на општа болница Охрид, д-р Љубен Арнаудов.

благодарницаПроектното решавање веќе е во завршна фаза и кога ќе се добие дозвола за градба од општината, ќе се собираат парични средства за нејзината изградба. Изградбата на новото одделение се наметнува како потреба поради долгите листи на чекање со имињата на постарите сограѓани на кои им е потребна помош и згрижување. ТВМ Телевизија во неколку наврати информираше за проблемот со сместувачките капацитети во геријатриското одделение. Тогаш, како можно решение споменуваше изградба на нов кат над постоечката зграда во која се сместени штитениците од геријатрија.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top