Ознака: Климент

Танеска: Државниот просветен инспекторат не најде никакви нерегуларности во моето работење

Post Views: 8 Директорка на ООУ „Св. Климент Охридски“-Охрид, Наташа Танеска, денеска на прес конференција кажа дека просветните инспектори не утврдиле неправилности во нејзиното работење. Танеска која воедно е и Претседателката на форум на жени на ОО СДСМ Охри  обвини дека новата локална власт врши притисок врз директорите на основните и средните училишта.  По направен вонреден инспекциски надзор од Државен просветен инспекторат во ООУ „Св Климент Охридски “ Охрид, не се најдени никакви нерегуларности во работењето на раководниот орган односно директорот – кажа Танеска. Таа потенцира...

Continue reading

На денешен ден во 916-та се упокоил Св. Климент Охридски

Post Views: 0 На денешен ден во 916 година, во Охрид се упокоил Свети Климент Охридски, средновековен писател и педагог, патрон на градот Охрид и на Македонската православна црква (МПЦ-ОА). Тој бил средновековен писател и педагог, ученик на светите Кирил и Методиј, основоположник на Охридската книжевна школа, прв словенски епископ во Македонија и втемелувач на националната самобитност на македонскиот народ. Голема етичка сила за нас во Македонија треба да имаат пораките на свети Климент Охридски. Етичките норми што тој ги искажа треба се база за нашата етика, тие не учат на најдоброто...

Continue reading

Не е избрано идејно решение за преуредување на плоштадот „Св.Климент Охридски“ и плоштадот кај Чинарот

Post Views: 1 Ниту едно идејно решение кое пристигна на Јавниот конкурс што беше објавен во декември 2014 година не ги задоволи критериумите на комисијата за избор за преуредување на централниот плоштад „Св.Климент Охридски“ и плоштадот кај Чинарот, „Крушевска Република“. Право на учество на двата конкурси имаа домашни и странски правни лица регистрирани за вршење на дејноста-предмет на конкурсот и домашни и странски физички лица, дипломирани архитекти или студенти по архитектура. Секој од учесниците имаше право да учествува со по еден труд. На јавниот конкурс за централниот плоштад...

Continue reading

Во училиштето „Св.Климент Охридски“ се подготвува специјална училница за децата со посебни потреби

Post Views: 12   Во основното училиште „Св.Климент Охридски“ се подготвува специјална училница за децата со посебни потреби. Таа ќе биде направена по сите стандарди за да ги задоволи нивните барања и да им го олесни процесот на учење. Училницата се прави во соработка со Црвен крст од Охрид и треба да биде комплетирана во текот на наредните месеци. Покрај оваа училница планирано е да се направи и тоалет за децата со хендикеп кој ќе им овозможи самостално да ги извршуваат своите физиолошки потреби. Ова училиште е единствената образовна институција во градов каде учат деца кои имаат...

Continue reading

ana

ФИЛМОТ „АНА ФРАНК“ НА УЧЕНИЦИТЕ ОД ОУ „СВ. КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ“ ПРИКАЖАН НА „ВЕЧЕР НА ФИЛМСКИ АМАТЕРИ“

Post Views: 11 Филмот „Ана Франк“ на учениците од ОУ „Св. Климент Охридски“ – Охрид влезе во селекција на поголем број аматерски филмови од Македонија и беше прикажан на „Вечер на филмски аматери“ во Скопје, што се одржа во организација на Кинотека на Македонија. Филмот беше проследен со внимание од страна на публиката, а авторот на филмот, Никица Мишева, за  учеството прими пригодна награда.    Инаку, играно-документарниот филм „Ана Франк“ за првпат беше прикажан минатата година во рамките на проектот „Холокаустот низ призмата на детските очи“ во организација на Меморијалниот центар...

Continue reading

Охрид му оддаде почит на заштитникот на градот, Св. Климент Охридски

Post Views: 7   Охрид му оддаде почит на заштитникот на градот, Св. Климент Охридски. Со свечена академија што синоќа се одржа во ЦК „Григор Прличев“ завршија овогодинешните чествувања посветени на патронот на градов. Со изведбата на химната за Свети Климент од Димитар Масески  од страна на хорот при ОСУ Св. „Климент Охридски„ беше поздравена бројната публика, претставници од јавниот и политичкиот живот и гости од земјава и странство кои беа присутни на академијата. Свое обраќање имаше градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески кој рече дека тука сме за да го чествуваме светителот,...

Continue reading

Охрид го чествува Св. Климент

Post Views: 4 Големиот светец Св Климент Охридски со своето дело оставил завет за сите нас, да се стремиме кон доброто, убавото, она што значи етика, морал, солидарност и трајна вредност за еден народ. Оваа порака доаѓа од првиот човек на градот Никола Бакрачески кој утринава се поклони пред моштите на Св. Климент Охридски на Плаошник. Со тоа продолжија активностите по повод чествувањето на патронот на градот. „Токму на ова место каде што денес се наоѓаме живеел и творел Св Климент Охридски и заедно со  Св Наум Охридски и создал трајни вредности за градот Охрид уште пред 10 векови...

Continue reading

Општинското средно училиште „Св. Климент Охридски“ и основното училиште „ Св. Климент Охридски“го одбележаа патрониот празник

Post Views: 6   Општинското средно училиште „Св. Климент Охридски“ го одбележа патрониот празник. Оваа најстара образовна институција во градов која веќе 100тина години продуцира квалитетни кадри, синоќа со посебна програма му оддаде почит на светецот чие име го носи. Директорот на Гимназијата Ѕвонко Трпески рече дека името и делото на Св. Климент е вонвременско и дека голема чест, но и одговорност преставува залагањето да се оправда истото. Ние ја градиме иднината врз темелите на минатото, а при тоа го зачувуваме највредното и најскапоценото во овие времиња кои не ставаат на оваа...

Continue reading

sv.kliment

Св.Климент Охридски – Чудотворец

Post Views: 4 Македонската православна црква денеска го празнува споменот на својот патрон свети Климент Охридски – Чудотворец, најпознатиот меѓу повеќето ученици на светите браќа Кирил и Методиј. Свети Климент Охридски – Чудотворец е еден од најистакнатите ученици на светите браќа Кирил и Методиј и првиот македонски архиепископ. Творец е на познатата Охридска книжевна школа е најзначајниот македонски средновековен писател и педагог. Со својата активност и со своето дело на повеќе полиња, (црковно, просветно, книжевно ) тој стана заслужен не само за македонскиот народ...

Continue reading

nagradi

Охридската организација на Црвен крст добитник на највисоката општинска награда Св. Климент Охридски

Post Views: 1 ОО на Црвен крст  е годинешниот добитник на највисокото општинско признание наградата Св.Климент Охридски. Ова највисоко признание оди во рацете на организацијата која 7 децении  ја сочинува тим на ангажирани лица и волонтери како и нивните претходници за несебичното работење,  активности и проекти со кои континуирано го подобруваат животот на многу наши сограѓани, кажа градоначлникот Никола Бакрачески за доделувањето на  наградата Св. Климент Охридски – Патрон на градот. „Акцентот на нивното делување кое во овие турбулентни времиња е раритет свртен кон ублажување...

Continue reading

biblioteka

Поетскo читање во чест на Св.Климент Охридски

Post Views: 6 Преку стихови на познати македонски автори денес во библиотеката „Григор Прличев“ му се оддаде почит на патронот на градот, Св.Климент Охридски. По повод 1100 годишнината од смртта на големиот светец и патрон на Охрид, Св.Климент Охридски, денес во НУ  Библиотеката „Григор Прличев“ се организира поетско читање на песни од македонски автори. Изборот на песните  и изведбата беа на актерот во охридскиот театар, Ивица Цонев, „Свети Климент со своето дело  не само што го заслужил своето место во македонскиот јазик туку и во целиот православен свет. Тој е патрон на градов...

Continue reading

crtanje

Се разубавува дворот на Основното училиште „Св.Климент Охридски“

Post Views: 3 Учениците кои се дел од ликовната секција од ова основно училиште деновиве пристапија кон акција за разубавување на средината во која минуваат добар дел од денот. Тие под менторство на наставникот Димитрије Ристески започнаа цртање на дел од дворот со цел истиот да добие попријатен амбиент и стане повесело катче заучениците.

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top