Ознака: Климент

Расфрлано ѓубре на детското игралиште кај „Климент Колески“

Post Views: 5 Кристина Узелац испрати слики за рубриката „Ти си твојот град“ на кои се гледа расфрлано ѓубре од несовесни лица на новото детско игралиште кај Спортскиот центар „Климент Колески“ кое се наоѓа веднаш до ОУ „Григор Прличев“. Ова е нејзиниот коментар: Дали е ова општа некултура или само недостаток на канти за ѓубре? – напиша нашата сограѓанка.

Continue reading

OU Sv Kliment Ohridski Drslajca

Два тони нафта исчезна преку ноќ

Post Views: 12 Два тони нафта исчезна преку ноќ. Во понеделникот 23 јануари годинава во О.У. „Св. Климент Охридски“, Драслајца, за потребите за греење на учениците пристигнале 4 тони нафта. Оваа количина за нецели 24 часа била преполовена од засега непознати сторители. И не само тоа, од училиштето фали апарат за заварување, бормашина, гарнитура клучеви и др, за ТВМ во телефонски разговор кажа директорката, Жана Димоска. Таа рече дека настанот се случил ноќта помеѓу вторник и среда, за што е известена и полицијата. До сега од таму немале никаква повратна информација кој би можел да...

Continue reading

Одбележан патронот на градот и 1 100 год од упокојувањето на Св Климент Охридски

Post Views: 3   Охрид со свечена академија одбележа 1.100 години од упокојувањето на заштитникот на градот, Свети Климент Охридски. Синоќа во Центарот за култура „Григор Прличев“, во преполнетата сала пред присутните гости, се обрати градоначалникот Никола Бакрачески. Тој истакна дека одбележувајќи 11 века под закрилата на патронот Св Климент Охридски, неговите зборови „тргај се од злото и прави добро“ се поука дека од морална одговорност нема спасение. „Создателот на Охридската книжевна школа, Првиот словенски универзитет и јазичното ни писмо ги довика своите ученици и од „добар...

Continue reading

Свети Климент Охридски – Милоста и милосрдието во Библијата и во Црквата

Post Views: 0 11 столетија се напојуваат продолжувачите и почитувачите на делото на Св.Климент, а сите ние сме наследници на чудесно и бесценето духовно богатство коешто не познава граници и кое колку повеќе се користи, толку повеќе се зголемува. На конференцијата која деновиве се одржува во Охрид,насловена како „Свети Климент Охридски – Милоста и милосрдието во Библијата и во Црквата“, обраќање пред учесниците имаше и поглаварот на МПЦ, Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан. Тој истакна дека Свети Климент е меѓу најзначајните за началото на црковното организирање...

Continue reading

Охрид ги чествува Св. Климент и Св. Пантелејмон

Post Views: 9 Православните христијани денес го празнуваат споменот на Св. Климент Охридски, кој е упокоен на овој ден во 916 година, споменот на светите Седмочисленици, а Светата православна црква го чествува и големиот исцелител Свети Пантелејмон. Големиот македонски и сесловенски просветител Свети Климент Охридски Чудотворец починал на денешен ден 916 година. Но бидејќи тој и за време на својот живот именденот го празнувал на 8-ми декември (25-ти ноември с.с.) на празникот на Св. свештеномаченик Климент епископ Римски, подоцна неговиот главен празник бил поместен на овој датум,...

Continue reading

Охрид и Македонија достојно му одадоа почит на Св. Климент Охридски

Post Views: 3   Охрид и Македонија достојно му одадоа почит на Св. Климент Охридски  Патронот на градот. 1 100 годинишнината од упокојувањето на Св. Климент беше одбележана со низа свечености и културни настани. Кулминација беше синоќешната свечена Академија што се одржа во ЦК „Григор Прличев“ . На академијата присуствауваа претседателот на државата д-р Ѓорѓе Иванов, претседателот на Македонската Академија на Науките и Уметностите, Таки Фити, градоначалникот Никола Бакрачески, и многу други претставници на институции и гости.  Градоначалникот во своето обраќање рече дека одбележуваме...

Continue reading

ФТУ и Универзитетот ги одбележуваат 1100 години од упокојувањето на Св. Климент Охридски

Post Views: 7   Во одбележување на 1100-те години од упокојувањето на Св Климент Охридски се приклучува и битолскиот Универзитет кој го носи името на големиот просветител. Во таа чест во рамките на ФТУ во Охрид се одржува работолница за изработка на мозаици.   Под менторство на академик  Газанфер Бајрам учествуваат асистенти од прилепскиот Институт за старослаовенска култура и студенти од Техничкиот факултет од  графичкиот оддел, посочува Сашо Коруноски  ректор на Универзитетот Св. Климент Охридски. „ Со изработката на логото во мозична техника ќе научат и ќе бидат поттикнати да се...

Continue reading

Традиционална крводарителска акција за празникот Св.Климент

Post Views: 0 Традиционалната крводарителска акција која во организација на Црвен крст Охрид секоја година се одржува за празникот Св.Климент и оваа година ќе се реализира во спортската сала на ОУ „Св.Климент Охридски“ во Охрид и тоа на 8 август (недела) во периодот од 19-24 ч. и на  9 август (понеделник) во периодот од 9-13 ч. Зголемената потреба од крв и крвни продукти во овој период нека биде мотив за сите хумани наши сограѓани и гости да ја искажат својата хуманост дарувајќи крв на оваа традиционална крводарителска акција.Дарувањето крв на оваа крводарителската акција ќе се одвива...

Continue reading

Вилата мал Св. Климент направи своја винарија

Post Views: 6 Нова туристичка понуда во градов. Вилата мал Св. Климент направи своја винарија во која ќе се прави вино од автохтони сорти на грозје кои се карактеристични за охридскиот регион. Идејата за ваква винарија произлегла од интересот на гостите  за охридските вина кои имаат свои карактеристики кои ги немаат останатите вина во светот. Сопственикот на винаријата Будимир Соколовиќ вели дека тоа можеби не се некои врвни вина по својот квалитет, но се единствени бидејќи се произведуваат од ретки сорти. Многу интересен и единствен е и начинот на производството на виното во новоотворениот...

Continue reading

Првата генерација матуранти од Охридската гимназија, „Св. Климент Охридски“, денес одбележуваат 60 години од матурата

Post Views: 0 Со многу емоции и денес се сеќаваат на времињата кога авторитетот на професорот најмногу значел, времиња во кои и без нагледни средсва, без учебници жедта за наука успеала да победи. Тие се и првите матуранти кои образованието го започнале и завршиле на македонски јазик. Од оваа генерација излегле, голем број доктори, правници, просветни работници, а голем број од нив својата кариера ја реализирале и во странство. Мира Кепеска, денес веќе професорка во пензија, се сеќава на времињата кога авторитетот на професорот најмногу значел, времиња во кои и без нагледни средсва,...

Continue reading

Спортското игралиште на ОУ „Св. Климент Охридски”, ќе добие трибини

Post Views: 9 По налог на Локалната самоуправа градежната оператива на ЈП „Градски Гробишта” -Охрид започна со реализација на проектот за изведба на трибини на повеќенаменското спортско игралиштe во ОУ „Св. Климент Охридски”. Трибините ќе бидат направени од армиран бетон, а финансиската конструкција на овој градежен зафат изнесува околу 660.000 денари. Се очекува изведбата да заврши за околу две недели.

Continue reading

Изложба на фрески и икони со Св Климент ќе бидат претставени во Рим

Post Views: 2 Македонија во чест на Св Кирил. И годинава традиционално по 48 пат во Рим, Италија ќе се одржи оваа значајна манифестација посеветена на големиот светец. Годинава во рамки на оваа манифестација Националната установа „Завод и Музеј“ од Охрид, ќе има своја изложба на оргинални икони, фреско копии и тематски фотографии. Милчо Георгиески советник-кустос на Галеријата на икони, појаснува дека минатата година на оваа манифестација била традиционалната охридска резба и нејзините поддржувачи, додека пак годинава тоа е во знакот на одбележување на двете значајни годишнини, 1130...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top