Ознака: Климент

ООУ „Св. Климент Охридски“ дел од проектот „Македонија 2025“

Post Views: 29 ООУ „Св. Климент Охридски” врз основ на поднесена апликација стана едно од десетте училишта во Македонија кое е избрано и ќе биде дел од проектот „Македонија 2025“, чија цел е мотивирање и поддршка на млади девојки за избор на образование и кариера во некоја од областитет на STEM (Science, Technology, Engineering and Mathematics). Во заедничката соработка е планирано да има мотивациски предавања од врвни македонски жени ( од земјава и дијаспората) стручни од областите на СТЕМ, спроведување на истражувања, стручни обуки за 1- 2 наставници – информира Јордан...

Continue reading

Тепачка на улицата „Св. Климент Охридски“

Post Views: 8 На 18.12.2021 година во 01 часот во СВР Охрид приведен е Љ.С.(46) затоа што во угостителски објект лоциран на улицата „Св. Климент Охридски” во Охрид, го нарушил јавниот ред и мир со физички напад врз Н.К.(28) и С.П.(43), сите од Охрид. По целосно документирање на настанот ќе биде поднесена соодветна пријава – информираат од СВР Охрид.

Continue reading

Тепачка пред казино на улицата „Св. Климент Охридски“ во Охрид

Post Views: 2 На 5-ти февруари 2022 година во 22:05  часот, пред казино лоцирано на улицата „Св. Климент Охридски” во Охрид, нарушен е јавниот ред и мир со физички напад извршен од С.Д. (23) и А.Ј. (18) врз Д.М. (19), сите од Охрид. Против напаѓачите ќе биде поднесена соодветна пријава – информираат од СВР Охрид.

Continue reading

Литургии по повод „св. Петка“ и „св. Климент Охридски и св.вмч. Пантелејмон“

Post Views: 8 Дебарско – кичевската епархија ги известува своите православни верници дека на 08. август 2019 година (четврток), во 08:45 часот ќе се служи света архиерејска литургија во параклисот „св. Петка“, во манастирот „св. Наум Охридски“ – Охрид, по повод празникот „Преп.мч-чка Параскева (Петка)“. На литургијата ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство митрополитот Дебарско – кичевски и администратор Австралиско – сиднејски г. Тимотеј. Истиот ден вечерта во 19:00 часот ќе се служи празнична вечерна богослужба во манастирот „Свети Климент и Пантелејмон“ – Плаошник...

Continue reading

Јордан Пуроски ВД директор на ООУ „Климент Охридски“ Охрид

Post Views: 3 Со одлука на градоначалникот Кирил Пецаков за ВД директор на ООУ „ Климент Охридски“ е именуван Јордан Пуроски кој доаѓа на местото на Наташа Танеска. Пуроски е магистер по информатички технологии и професор по предметот информатика. Новоименуваниот директор упати благодарност до градоначалникот Пецаков за дадената доверба. Пуроски беше директор на гореспоменатата образовна институција во периодот од 2013 до 2017 година.

Continue reading

Се оддаде почит пред споменикот и моштите на Св. Климент Охридски

Post Views: 5 Во рамките на одбележување на големиот празник Св. Климент Охридски се одржаа бројни активности. На Градскиот плоштад, пред неговото спомен обележје се оддаде почест на Св Климент Охридски светителот и заштитник на Охрид. Пред споменикот се поколонија и положија свежо цвеќе охридскиот градоначалник Кирил Пецаков придружуван од советници од Градскиот совет, а исто така и делегации од политички партии и институции кои го носат неговото име. Во чест на патронот градоначалникот врачи награди за стимулација на творештвото на учениците од прво одделение до четврта година...

Continue reading

Охридската гимназија го одбележа патрониот празник Св. Климент Охридски

Post Views: 3 Охридската гимназија го одбележа својот патронен празник Св. Климент Охридски. Од оваа образовна установа порачаа дека ќе чекорат по неговиот пат и доследно ќе продолжат да ги пренесуваат неговите вистински вредности оставени во завет. Oваа година патронатот, денот на светиот учител го посветуваме на 30 години од независноста на македонската држава, истакна Весна Цветкоска, директорка на ОСУ „Св Климент Охридски“, а истовремено им упати и порака на гимназијалците.  Можеби сме млада држава 30 години независност, но благодарение на нашиот учител Св Климент Охридски ги...

Continue reading

Градоначалникот на Дебрца Зоран Ногачески упати честитка по повод “Св. Климент Охридски”

Post Views: 3 Градоначалникот на Општина Дебрца, Зоран Ногачески по повод празнувањето на Св. Климент Охридски, упати честитка до сите православни христијани. Со зборови си ги упатил народите кон верата Божја, со делата си се издигнал, преблажен, кон божествен и блажен живот. Со чудеса си ги просветил оние што пристапуваат со вера кон Тебе, преславно осветлувајќи ја темнината со знаменија. Заради тоа го славиме твојот божествен спомен Клименте. Слава Тебе Клименте ! Честит празник ! – се вели во честитката на Ногачески.

Continue reading

СВЕЧЕНА АКАДЕМИЈА ВО ЧЕСТ НА „СВ. КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ – ПАТРОН НА ГРАДОТ ОХРИД“

Post Views: 1 Централното случување во чест на „Св. Климент Охридски – Патрон на градот Охрид“ беше свечената академија што синоќа се одржа во големата сала при Општина Охрид. Пред присутните пригодно обраќање имаше охридскиот градоначалник Кирил Пецаков.  – Охрид, Македонија и Македонската Православна Црква празнуваат и го чествуваат името и делото на заштитникот свој, Св. Климент Охридски, светител, просветител, етичар и  прв македонски епископ. Огромна е честа, но уште поголема е одговорноста да се најдат соодветни изрази кои ќе бидат на нивото што го заслужил нашиот духовен татко,...

Continue reading

ФОТО ИЗЛОЖБА И МУЗИЧКИ КОНЦЕРТ ВО ЧЕСТ НА ПАТРОНОТ СВЕТИ КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ

Post Views: 7 Во чест на големиот празник посветен на Свети Климент Охридски- Патронот на Охрид, вчеравечер, во изложбениот салон на НУ Центар за култура „Григор Прличев“ беше отворена традиционалната 23-та изложба на Фото клуб – Охрид. На изложбата беа презентирани околу 50 фотографии со најразлична тематика и мотиви, кои се дело на 12 автори. Покрај многубројните љубители на уметничката фотографија, изложбата ја разгледа и градоначалникот на Општина Охрид, Кирил Пецаков. Тој упати честитки до организаторите на изложбата со надеж дека истата ќе продолжи да се одржува и во иднина. Во...

Continue reading

Охрид го слави денот на Св. Климент Охридски

Post Views: 10 Името на Свети Климент чудотворец Охридски е и името на првиот македонски книжевник, духовник и учител. Освен корекција на македонска азбука, глаголицата, која ја нерекол кирилица, основањето на првиот универзитет во Европа, Св. Климетовиот универзитет, значењето на овој светец за просветата и културата во Македонија е и повеќе од возвишено. Припадниците на православната вероисповед денес го прославуваат верскиот празник Св. Климент Охридски, кој е и патрон празник на градот Охрид. Без мисионерската и просветителска дејност на браќата Св Климент и Наум, делото на Светите...

Continue reading

ИЗБРАНИ НАЈДОБРИТЕ ПОЕТСКИ ТВОРБИ ВО ЧЕСТ НА СВЕТИ КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ

Post Views: 0 Избрани се најдобрите поетски творби на Конкурсoт за најдобра поетска творба што го распишува градоначалникот на општина Охрид по повод Св. Климент Охридски–Патронот на Охрид, за стимулирање на творештвото на учениците од прво одделение до четврта година од средните училишта. Oд вкупно 72 пристигнати поетски творби посветени на животот и делото на Св.Климент Охридски, жири комисијата во состав: Славе Ѓорѓо Димоски (претседател), Светлана Огненова (член) и Перчо Божиновски (член) донесе одлука за избор на најдобрите творби: Наградата во I категорија (за ученици од одделенска...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top