• Почетна
  • Archive
  • Вести
  • Охрид
  • Танеска: Државниот просветен инспекторат не најде никакви нерегуларности во моето работење

Танеска: Државниот просветен инспекторат не најде никакви нерегуларности во моето работење

Директорката на ООУ „Св. Климент Охридски“ бара од секретарот на Општина Охрид, Александар Китески, јавно да и се извини.

 |   | 

Директорка на ООУ „Св. Климент Охридски“-Охрид, Наташа Танеска, денеска на прес конференција кажа дека просветните инспектори не утврдиле неправилности во нејзиното работење. Танеска која воедно е и Претседателката на форум на жени на ОО СДСМ Охри  обвини дека новата локална власт врши притисок врз директорите на основните и средните училишта. 

По направен вонреден инспекциски надзор од Државен просветен инспекторат во ООУ „Св Климент Охридски “ Охрид, не се најдени никакви нерегуларности во работењето на раководниот орган односно директорот – кажа Танеска.

Таа потенцира дека наводите изнесени од Секретарот на Општина Охрид, Александар Китески изнесени на прес конференција на 22.12.2021 г. се  лаги.

Ваквите паушални изјави, со цел манипулирање на јавноста претставуваат своевиден мобинг врз директорите на основните и средните училишта и политичка хајка за која ќе се побара одговорност од надлежните институции. Наместо да си ги научи ингеренциите кои следат со неговото работење како секретар во Општина Охрид, Александар Китески навлегува во работењето на училиштата кои подлежат на законите и законските акти пропишани од Министерството за образование и наука – кажа Танеска.

Танеска побара секретарот на Општина Охрид, Александар Китески јавно да и се извини за, како што рече, сите невистини кои ги искажаал за нејзиното работење како директор на ОУ „Св. Климент Охридски “ Охрид, а најави и поднесување тужби.

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top