• Почетна
  • Archive
  • Вести
  • Охрид
  • Не е избрано идејно решение за преуредување на плоштадот „Св.Климент Охридски“ и плоштадот кај Чинарот

Не е избрано идејно решение за преуредување на плоштадот „Св.Климент Охридски“ и плоштадот кај Чинарот

Не е избрано идејно решение за преуредување на централниот плоштад „Св.Климент Охридски“ и плоштадот кај Чинарот, „Крушевска Република“ бидејќи не ги задоволија критериумите на комисијата за избор. Се уште не е одлучено дали и кога ќе бидат објавени нови јавни конкурси за избор на идејни решенија за двата плоштади.

 |  Јаковлева Лионела  | 

Ниту едно идејно решение кое пристигна на Јавниот конкурс што беше објавен во декември 2014 година не ги задоволи критериумите на комисијата за избор за преуредување на централниот плоштад „Св.Климент Охридски“ и плоштадот кај Чинарот, „Крушевска Република“. Право на учество на двата конкурси имаа домашни и странски правни лица регистрирани за вршење на дејноста-предмет на конкурсот и домашни и странски физички лица, дипломирани архитекти или студенти по архитектура. Секој од учесниците имаше право да учествува со по еден труд. На јавниот конкурс за централниот плоштад пристигнале 4 идејни решенија, а за плоштадот кај Чинарот пристигнале 3 идејни решенија, информираат од локалната.
Со реконструкцијата централниот плоштад и просторот околу него треба да станат урбано катче во кое охриѓани и гостите ќе уживаат во секој период од годината. Во моментов недостасуваат квалитетни содржини и усогласено, интегрално партерно решение на градски плоштад.
И со новото идејно решение за партерно и хортикултурно уредување на плоштадот „Крушевска Република” требаше да се создаде модерно урбано катче привлечно за граѓаните и туристите, кое ќе придонесе за развој на култрата, туризмот и урбаното живеење во Охрид. Треба да се направи плоштад со амбиентален стил, кој ќе овозможи поефикасна организација на манифестации и ќе биде пријатно место за прошетка. Се уште не е одлучено дали и кога ќе бидат објавени нови јавни конкурси за избор на идејни решенија за двата плоштади.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top