Ознака: и

opsta bolnica

Се вжештува незадоволството кај пациентите

Post Views: 0 Студот започна да го подјадува трпението на пациентите  во Охридската болница. Лошите болнички услови доаѓаат се повеќе до израз во овие студени зимски денови. Единствено што се загрева е нетрпението на пациентите. Тие се жалат на ладните простории во Општата охридска  болница. Реагираат дека на некои одделенија нема доволно греење или тоа  е ограничено на неколку часа во текот на денот. Пациените кои се задржуваат на лекување не смеат да употребат грејни тела од своите домови. Така некои се принудени да се откажат од лекување во болнички услови и продолжуваат на домашно...

Continue reading

gradinka

Детската градинка „Јасна Ристеска“ ќе се проширува

Post Views: 0 Завршена е тендерската постапка за доградба на објектот на централната детска градинка „Јасна Ристеска“. Избран е и  изведувачот, па проширувањето на објектот ќе стартутва годинава со подобрување на временските услови. За оваа намена Локалната самоуправа има издвоено 9 милиони денари. Со овие средства, а според потребите на градинката, од просторни услови  ќе бидат изградени три нови занимални во источното и западното крило на градинката, три санитарни јазли и трпезарија. Серафим Наумоски од Локалната самоуправа информира дека се планирани и  промени на дограмата, како...

Continue reading

kviz

Успешно реализирано прво издание на квизот „И јас сум Црвен крст“

Post Views: 5 Црвениот крст успешно го реализира квизот  „И јас сум Црвен крст“ . Од 2012  се надеваат дека истиот ќе прерасне во традиционален. Подготовките и реализацијата на квизот се спроведе во изминатиов месец. Во квизот беа вклучени 260 основци кои најпрво ги добија матријалите од кои требаше да  научат за работата и делувањето на Црвениот крст. „ Идејата е да се прошират знаењата за Црвениот Крст кај најмладите да се потикне хуманоста нивниот волонтерски дух да се вклучи во активностите од Црвениот Крст. Во Квизот беа опфатени сите училиште од Охрид и општина Дебрца. Најпрво...

Continue reading

Paloska

Охрид два пати ослободуван од фашистичкиот окупатор

Post Views: 0 Спроти Митровден, пред 67 години во едно многу студено  ноемвриско утро, послано со слана и сињак, партизаните од Охридската бригада предводени од комесарот Спасе, преку планина од Дебрца слегуваат во градот за да учествуваат во  ослободувањето на Охрид. На овој историски настан се присетува некогашниот  партизан, 90 годишниот  Милан Палоски еден од учесниците во нападот.  Неговата бригада броела  250 партизани, слабо вооружени и оскудно облечени.  Цел на нивниот напад била германската окупаторска војска  која од Охрид се повлекувала кон Драч, Албанија, раскажува Палоски.По...

Continue reading

topoli

Тополи „паѓаат“ ноќе

Post Views: 5 Во атарот на селото Љубаништа досега не биле забележани вакви слични појави. Како некогаш биле засадени  тополите раскажува и Живко Наумоски оснивач на некогашниот фудбалски клуб Граничар од Љубаништа. „Тополите се засадени ударнички од тогашната управа на клубот и фудбалерите. Засадиле 4 реда дрвја, меѓу кои и  сега исечените тополи. Дрвјата што ги гаеле се на самата плажа која во лето  е полна со капачи. Сега тие треба да носат лежалки и  чадори за на сонце, вели Наумоски. Од Локалната самоуправа за ТВМ изјавија дека нивната Комисија за сечење на дрвја не  издала ...

Continue reading

kucinja

Жителите бараат хуман третман кон животните скитници

Post Views: 3 Мирјана Зеко и нејзините соседи се  длабоко потресени од вчерашната старвична  глетка на куче кое умирало во агонија од затруена храна на улицата Гоце Делчев во Воска. Кучето скитник беше миленик на сите во малата, го хранеле и не било агресивно. Очевидци на настанот биле и 20 -тина деца кои биле во непосредна близина и го чекале училишниот автобус. Зеко прашува каква порака со тоа им се упатува на децата. Реагира  на нехуманиот однос на луѓето кои ги трујат кучињата  скитници. Мирјана  Зеко непријатно искуство имала пред неколку години  со нејзиниот домашен миленик...

Continue reading

Svetiklimentovo ucilishte

Започна дотерувањето на некогашното Светиклиментово училиште

Post Views: 8 Некогашната зграда на Свети Климентовото  училиште започна да се дотерува. По враќањето на објектот како црквен имот со процесот на денационализација сега забрзано  се реновира неговата надворешност и внатрешност.    Од Дебарско- кичевската епархија кратко информираат дека во објектот ќе биде сместена нивната  администрација. Реновирањето на зградата се прави според проект одобрен од Завод и  Музеј. Работите треба да завршат до крајот на годината.  Зградата во текот на минатото  имала  неколку  намени почнувајќи од основно училиште, Музеј на Словенската  писменост, простор...

Continue reading

zaobikolnica

Заборавената заобиколница

Post Views: 12 За само 900 метри пат се чека државата да одобри пари за да се асфалтира Источната трансверзала. По три изминати години сеуште не  дозавршена и пуштена  во сообраќај  заобиколницата или Источната трансверзала која води од патниот правец Битола – Св Наум. Каде се закочени работите одговор побаравме од  преставниците на Фондот за комунален развој при Локалната самоуправа и од Агенцијата за државни патишта. Зоран Шикалоски од Фонд за комунален развој  при Локалната самоуправа вели дека уште пред три години добиле ветувањa дека ќе биде завршена трансверзалата, но...

Continue reading

banani

Охридски мали зелени банани

Post Views: 44 Три метарско стебло на банана во цветниот двор на охриѓанецот Нијази Махмуд. Покрај украсните цветни билки, лозницата, кивите и  палмата тој одгледува и банана. Годинава, егзотичното дрво родило и мали зелени плодови. Пред шест години Махмуд дрвото го донесол во саксија од соседна Грција и го засадил во својот двор. Објаснува дека за одгледување на дрвото банана претходно немал познавања. Во зима го покривал со сламa а стеблото през  годината го прихранувал со природно ѓубриво. За одгледување на стеблото банана учел од свое искуство, но и споделувал знаења со охриѓани...

Continue reading

jagula

Охридското Езеро да се порибува со женска јагула

Post Views: 7 Последното порибување со 30.000 единки подмладок на јагула ме поттикна да реагирам и да препорачам до  раководоството на  Елем  во иднина езерото да се порибува само со женски јагули, вели независниот екологист и дипломиран инжинер агроном Лазо Наумоски. „При порибувањето мора  да  се има дефинирано со какви јагули полово го порибуваме Езерото, дали се тие машки или женски. Ако се вратиме во минатото при природното мрестење назад се враќа само женската јагула  и таа традиција мора да се повторува секоја година“, нагласува Наумоски. Во езерските води од вкупната застапеност...

Continue reading

Центарот „Доброто љубие“ нема да згасне

Post Views: 3 Станува збор за  проект инициран од Католичката, а прифатен  од Православната црква. Центарот е заеднички организиран и поддржан од двете цркви. Со заминувањето во пензија на отец Димитрије и  преместувањето на католичкиот отец Стефан, од Охрид во Сараево, па родителите стравуваат за опстанокот на центарот. За родителите на штитениците во овој дневен центар неговото функционирање е од голема помош. Сега тие се загрижени со ново настаната состојба, па  психологот Марија Кочоска, која се грижи за штитениците  на дневниот центар, смирува.„Нема потреба да стравуваат, ние...

Continue reading

pesacka pateka

Рекреативците бараат асфалт во Горица

Post Views: 1 Асфалтираниот пат што поминува низ комплексот Горица е узурпиран од градежни работи. Патот кој поминува покрај градежниот комплекс, долго време беше прекриен со шут и градежен отпад. Од пред неколку дена, луѓето кои патот го користат како нивна единствена пешачка зона, останаа непријатно издадени од заштитната ограда поставен на патот, со што педесетина метри од него станаа дел од просторот на кој се гради. За волја на вистината, инвеститорот направил мало премостување, кое не е асвалтирано и  истото повторно го користи нивната градежна маханизација. Граѓаните се прашуваат...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top