Ознака: и

ansambl Biljana Junior

„И ние сме деца на Македонија“-прв студиски албум на „Билјана Јуниор“

Post Views: 2 Шестчлениот ансамбл „Билјана Јуниор“ го издаде своето прво цд. Нивното првенче е работено во три охридски студија, а екипата на неговото снимање работела во изминативе 6 месеци. По примерот на нивните ментори од ансамблот „Билјана“, младите музичари направиле избор од некои од најубавите охридски староградски песни. „ЦД-то е составено од 14 песни. Една турска, една влашка и едно оро има. Другите се македонски староградски песни од охридскиот крај. Исто така насловот на ЦД-то е „И ние сме деца на Македонија“ од песната „Налеј, налеј.“-рече Петар Паскали од ансамблот „Билјана...

Continue reading

sovet

Формиран Советот на градски татковци

Post Views: 3 Формиран охридскиот Совет на градски татковци. Избрани се најдобрите поединци и компании кои ќе пронаоѓаат најдобри решенија за стимулирање на претпримништвото и привлекување на домашни и странски инвестиции, истакна градоначалникот Никола Бакрачески  кој  е на чело на овој Совет. Деветнаесетмина  охриѓани од различни дејности од денес се  дел од локалниот економски совет, кој треба да придонесе за  економски просперитет на градот.   „За да и се помогне на локалната економија треба да се направи поврзување на сите субјекти во сферата на економијата, почнувајќи од телата...

Continue reading

bakrac

Чесни избори очекува кардиологот Никола Бакрачески

Post Views: 2 Субвенционирање на охридските станоиздавчи, изградба на трговски центар, модерно пристаниште, катни гаражи, затворен зелен пазар и  индустриска зона, се само мал дел од развојните проекти за Охрид, кој ги најави кандидатот за градоначалник од редовите на Вмро Дпмне, кардиологот Никола Бакрачески. Охрид мора да биде симбол на прогрес на иднината и сиот мој капацитет и знаење ќе ги ставам во функција на својот град и граѓаните, рече д-р Бакрачески.  Како кандидат за градоначалничката функција на престојните локални избори очекува максимална  коректност. „ Сакам да ја споделам...

Continue reading

sosedi

Секнаа средствата од ЕУ за партнерство со соседна Албанија

Post Views: 0 За невладините организации, јавните претпријатија, факултетите и  општините секнаа парите за партнерство со соседна Албанија. Одлуката да се пренаменат средствата од ИПА програмата за прекугранична соработка на Македонија и Албанија ќе има сериозен финансиски удар врз институциите за кои беа наменети. Неискористените средства од програмата за 2012 и 2013 година  ќе бидат пренаменети  за уредување на граничните премини во Дебар и Табановце, информира Гоце Симоноски, раководител на Тлер и  член на Мониторинг Комитетот. „ Реагиравме по однос на ова прашње до заедничкиот...

Continue reading

odzak

Запален оџак опожари семејна куќа во Радојца Новичиќ

Post Views: 1 Во населбата Радојца Новичиќ, на улицата 130 бр. 16 утрово се запали семејна куќа. Соседите  во 8 .40 минути во охридкста пожарна пријавиле пожар на оџак во соседството.  Пожарот го зафатил кровот и горниот кат од семејна куќа и направил огромна материјална штета. По дојавата веднаш било испратено навално противпожарно  возило кое пристигнало  на местото на пожарот, а со оглед на големината на стихијата  во гаснењето биле вклучени  и останатите 4 противпожарни возила, информира командирот на противпожарната единица Спасе Прентоски. „По првичната дојава на пожарот целокупното...

Continue reading

Споменик за писателот Ванчо Николески

Post Views: 1 Охрид  да му се одолжи на писателот Ванчо Николески со подигање на  споменик, предлагаат од Здруженито на акцијаши „Брег на младоста“. Ванчо Николески е автор на 30 романи, поеми и раскази со кои во национални рамки и пошироко се издигна и  себе си, но и градот Охрид како непресушна културна ризница, напоменува Зоран Стевоски, претседател на Здруженито. Иницијативата  ја поткрепува со фактот што годинава се  навршуваат 100 години од раѓањето на писателот и 50 години од објавувањето на романот „Волшебното самарче“. Споменикот  ќе биде едно признание за неговиот книжевен...

Continue reading

agencija

Невработените ќе се пререгистраат

Post Views: 8  Околу  30-тина  лица, годинава, отпочнале сопствен бизнис како молери, козметичари, занаетчии, трговци и  земјоделци, со финансиска поддршка од Центарот за вработување. Вработувањата биле реализирани  преку активни мерки за самовработување со кредитирање и грант со неповратни средства за набавка на опрема. До 1 декември  во Центарот за вработување може да аплицираат  невработени лица за поддршка при  вработување како почетници практиканти,  обука за дефицитарни занимања за познати работодавачи и финасиска поддршка за мали и микро претпријатија кои ќе вработуваат невработени...

Continue reading

odbojkarki

Српски одбојкарки задоволни од спортските услови што ги нуди Охрид

Post Views: 0 Женскиот „Одбојкарски клуб 98“ од Лесковац своите спортски подготовки ги привршува во Охрид. Оваа млада, надежна екипа се натпреварува во Втората одбојкарска лига во Србија, а нивните амбиции се влез во првата лига.  Одбојкарките се за прв пат тука и како што велат не зажалиле што за подготовките го избрале  Охрид.  Александра  Јовановиќ и  Нина Стојановиќ се дел од екипата на „Одбојкарски Клуб 98“ Лесковац и се воодушевени од хотелската услуга и  од одличните услови за тренирање.  Максимално ги користат спортските терени околу хотелот Метропол, теретаната и езерото. Подготовките...

Continue reading

balkanski

Со „Танец“ започнува Балкански фестивал

Post Views: 1 По 51-ви пат, на сцената на Долни Сарај, ќе започне традиционалното издание на Балканскиот фестивал на народни песни и игри. На шестте  фестивалски вечери ќе биде промовиран светскиот и нашиот фолклор. По свеченото дефиле низ охридската чаршија, во 21 часот со целовечерен концерт фестивалот ќе го отпочне ансамблот Танец. На фестивалот покрај македонски ансамбли ќе земат учество и фолклорни ансамбли од Австрија, Полска, Хрватска, Србија, Албанија, Турција и  Бугарија.„ Ревијално ќе се престават  анасамблите од Полска, Австрија и Србија. Тоа е еден новитет  на затворањето...

Continue reading

Ohridsko ezero

Пријави за загадувачите на езерото

Post Views: 10 Фрчат пријави против  загадувачите на езерото. Со несовесните  загадувачи се справуваат и Општинскиот инспекторат и  Државниот инспектор за животна средина. Државниот инпектор од лани овој период до денес, на охридско струшката ривиера  имал полни раце работа. Напишал 38 записници и  издал осумнаесет решенија со предупредувања за да се елиминираат загадувањата. Државниот инспектор укажува дека и правни лица и поединци се прекршители на законот за животна средина.  Тие  најчесто се огрешиле во законот со истурање боја со која ги бојадисувале чамците и со  прегорено масло...

Continue reading

trpejca protesti

Трпејчани излегоа на мирни протести

Post Views: 3 Со протестите на патот Охрид – Св. наум, Трпечани го искажаа незадоволството за како што велат, игнорантскиот однос на институциите на локално и централно ниво во спорот што го имаат со сопствениците на приватно- сместувачкиот капацитет изграден на крајбрежјето во ова село. Тие се едногласни – бараат од општината и од Државата да му наложат на градежниот инспекторат да ги спроведе решението и заклучокот за рушење на дивите градби на ИВИРЕ во село Трпејца, донесени во јули 2011 год. од страна на општина Охрид. Од државата пак бараат да овозможи почитување...

Continue reading

sednica

Интерпелација, урбана опрема и паркинзи

Post Views: 2 Интерпелација на претседателот на Советот, новата програма за поставување урбана опрема, како и продолжување на работното време на угостителските објекти за време на претстојната туристичка сезона, се само некои од точките на кои ќе се расправа на наредната седница на Советот на општината, закажана за овој четврток. Неодамна советничката група на ВМРО-ДПМНЕ на прес конференција информираа дека ќе поднесат иницијатива за интерпелација за работата на Претседателот на Советот на Општина Охрид  Душко Јаковчески, како чин за демократска оценка за вистината за раководењето...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top